вратија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Sep 2021 12:25:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вратија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 АББА по речиси четири децении се вратија на сцена: Слушнете како звучат новите песни (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/abba-po-rechisi-chetiri-decenii-se-vratija-na-scena-slushnete-kako-zvuchat-novite-pesni-video/ Fri, 03 Sep 2021 12:24:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217921

Иако се заколнаа дека никогаш нема повторно да се соберат, речиси четири децении подоцна од разидувањето, легендарната шведска група ABBA  го најави своето „сензационално“ музичко враќање. Славниот бенд составен од две поранешни брачни двојки продаде повеќе од 400 милиони примероци од албумите и влијаеше врз генерации поп-музичари. По победата на Евровизија во 1974 година со нумерата „Waterloo“, станаа глобнални суперѕвезди благодарејќи на бројните хитови во седумдесеттите и рените осумдесеттите години од минатиот век. Од разидувањето во 1982 година, упорно ги одбиваа сите понуди повтоно да се состанат. Но се очекува во четвртокот да ги израдуваат обожавателите со вести за нивна нова соработка. Сега седумдесетгодишите автори на поп-класиците како „Dancing Queen“, „The Winner Takes It All“ и „Take a Chance on Me“, вчера, 02-ри септември 2021 најавија „историска“ објава во 18.45 часот по средноевропско време. https://www.youtube.com/watch?v=hWGWFa3jznI&t=120s „Ви благодариме што чекавте, патувањето наскоро почнува“, објави минатата седмица на Twitter славната четворка: 75-годишната Ани-Фрид Лингстад, Агнета Фалтског (71), Бјорн Улваеус (76) и Бени Андерсон на 74 години. Британскиот таблоид “The Sun” пишува дека бендот снимил осум нови песни. Новиот албум со 10 песни официјално ќе излезе на 5 ноември. Шведскиот бенд беше активен од 1972 до 1982 година. Покрај Улвеус и Андерсон, групата ја сочинуваа и Ани-Фрид Лингштад (75) и Агнета Фалтског (71). Поп групата, исто така, најави турнеја, но виртуелна со холограми на членовите. Бјорн и Бени открија дека концертот ќе трае околу час и половина и ќе бидат изведени 22 песни. https://www.youtube.com/watch?v=pAzEY1MfXrQ&t=306s ]]>

Организиран дочек во Србија, нема да има: Музичките ѕвезди ги откажаа своите настапи за новогодишната ноќ https://arhiva.vistina.com.mk/organiziran-dochek-vo-srbija-nema-da-ima-muzichkite-dzvezdi-gi-otkazaa-svoite-nastapi-za-novogodishnata-nokj/ Wed, 30 Dec 2020 09:36:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183274

Во соседна Србија организирани дочеци на Новата Година дефинитивно нема да има.  По ставот на Кризниот штаб дека не треба да има организиран дочек на Новата година, откажани се најавените гостувања на музичките ѕвезди во ноќните клубови, хотелите, кафуклињата, рестораните, на сплавовите... и останатите локали и угостителски објекти . И покрај тоа што настапите на многу од нив веќе биле распродадени и покрај пандемијата, а ѕвездите или земале капар или целиот хонорар однапред, пејачите и музичарите без негодување ја прифатиле одлуката, со цел сепак да се зачува јавното здравје, како врвен приоритет на нацијата. Хонорарите сега ќе мораат сепак да ги вратат, како што им стои во договорите, доколку нема настап за Нова Година. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vo-srbija-kako-da-nema-korona-pejachite-zemale-ogromni-pari-za-nova-godina-narodot-nagolemo-se-podgotvuva-za-dochek/   Рада Манојловиќ, Катарина Грујиќ, Слоба Радановиќ, Пеѓа Меденица, Дејан и Саша Матиќ, Слаѓа -Алегро, Ѓани, Александра Пријовиќ, Наташа Беквалац... и многу други пејачи чии гостувања беа договорени и рекламирани уште од пред еден месец, за тамошните медиуми изјавија дека ќе има време за забави, и како сега е период кога треба да се почитуваат мерките, за побргу да се надмине лошата состојба со вирусот. „Како за сите, така и за нас. Жал ми е, но штом се мора, ќе ги почитуваме мерките. Ќе има време за забави“ – изјавил Саша Матиќ. Голем број на српски музички ѕвезди изминатиот период јавно изјавуваа дека поради пандемијата се пред банкрот. Во центарот на вниманието се најде тврдењето на Мирослав Илиќ, дека месечно му се потребни најмалку 3.000 евра, за да може да преживее, кое наиде на осуда и обвинувања од страна на јавноста, поради неговата нескромност, кога многу семејства преживуваат со минимални примања. Естрадата и кај нас разочарано реагираше поради забраната за организиран дочек на новогодишната ноќ, надевајќи се дека можеби сепак тој ќе одобрен според утврдени протоколи, а тие и угостителите ќе можат да остварат каква-таква заработка. Но, остана ставот на Комисијата за здравство и одлуката на Владата дека и на 31 декември угостителските локали ќе бидат затворени во 18 часот.]]>