враќање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Dec 2022 13:00:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png враќање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Music Awards Ceremony (MAC) – најголемата регионална музичка манифестација најави големо „враќање“ https://arhiva.vistina.com.mk/music-awards-ceremony-mac-najgolemata-regionalna-muzichka-manifestacija-najavi-golemo-vrakjanje/ Thu, 01 Dec 2022 13:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278270

Music Awards Ceremony (MAC), единствената манифестација за доделувањемузички признанија, која во првите две изданија собра повеќе од 450 познати од целиот регион и беше емитувана дури на седум ТВ-станици со национална фреквенција во шест држави, се враќа на голема врата, и тоа со нов концепт кој, со најсовремена продукција и комплексни аудио-визуелни елементи, носи два дена незаборавни настапи на омилените изведувачи од овие простори. Манифестацијата која со нетрпение ја очекувавме, Music Awards Ceremony (MAC) во организација на Skymusic, ќе го собере creme de la creme-от на регионалната музичка сцена, најеминентните имиња на регионалната сцена, и тоа 25 и 26 јануари во Штарк Арената во Белград – настапите на претставниците на музичката елита на поп, алтернативниот поп, рок, рап, светска и народна музика се резервирани за првиот ден од манифестацијата, додека најголемите музички икони на треп, дрил и урбаната поп музика ќе настапат на вториот ден од церемонијата. Новиот концепт на церемонијата, која, обединувајќи ги сите музички жанрови го обедини и целиот регион, е претставен во ЛАЈВ вклучувањето на Инстаграм-профилот на MAC, каде изведувачите кои во претходните изданија освоија некои од наградите ги номинираа своите фаворити, изведувачи и нумери кои, според нивното мислење, во последната година оставиле неизбршлива трага и најмногу придонесоа за развојот на музичката индустрија на овие простори. Така, на едно место се најдоа дури 20 музички ѕвезди од овие простори меѓу кои се и Нина Бадриќ, Анџелина, Газда Паја, Каролина Гочева, Лена Ковачевиќ, Александра Радовиќ, Раста, Бресквица, Воајаж, Тропико бенд, Магла бенд и Невена Божовиќ, кои следбениците ги наградија со подарок влезници за најголемиот настан во регионот. Најголемо изненадување беа ненајавените вклучувања на директно номинираните изведувачи – Констракта, Хиљсон Мандела, Секси од Црни Церак, Лацку, Сара Јо, Едита и Нучи заради што ЛАЈВОТ место предвидениот час траеше двојно повеќе. Каролина Гочева, која беше дел од првата MAC церемонија, кога беше наградена за етно светска музика изведувач, меѓу првите се вклучи во ЛАЈВОТ и го најави завршувањето на работата на новиот албум. „Од периодот кога го добив признанието на MAC, влегов во еден многу убав проект, кој почнавме да го работиме уште во 2019, но заради короната моравме да направиме пауза. Кон крајот на месецот ќе излезе новиот албум, на кој работев со двајца исклучителни уметници – Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. Паралелно подготвувам и еден поп албум за кој издадов една песна пред неколку месеци“, нагласи таа. Каролина потоа ги номинираше своите колеги за MAC наградата – ДНК со темата „Ако утре ме нема“, Дина Јашари и Дуке Бојаџиев со „Убав ден“ и Сара Јо со „Зар не“.

Лозано, македонскиот изведувач кој со својот раскошен вокал со години го покорува регионот, исто така, учествуваше во номинациите, предлагајќи ги Дубиоза колектив со „Може ли“, Бресквица и темата „Лептир“ и ДНК со „Ако утре ме нема“ за престижните музички награди. Групата ДНК, исто така, ги предложи своите фаворити, па меѓу номинираните за MAC Awards 2023 се најдоа Каролина со „Од небо до дно“, Влатко Лозаноски со „Ме нервираш“ и Сара Јо со „Зар не“. Изведувачот кој направи бум на музичката сцена не само во регионот, туку и пошироко, српската уметничка Констракта се вклучи во ЛАЈВОТ додека го шеташе своето куче, видно расположена. Таа меѓу своите фаворити ги смести Џипси со „Понекад“, Зои Кидах со „Бејбе“ и Мими Мерцедес со „Dajivé Komì“. Специјално за оваа прилика Констракта откри дека евровизиската тема со која ја покори Европа добива и своја верзија на летонски јазик. Повеќе од 400 илјади фанови од целиот регион имаа можност во живо да ги следат номинациите, а дека за овој настан владее огромен интерес зборува и податокот дека за време на ЛАЈВОТ се оставени повеќе од 20 000 коментари. Со оглед на тоа дека првиот круг за гласање би требало да почне набрзо, организаторите ги повикаа фановите и во иднина да ги следат официјалните канали на манифестацијата, оставајќи простор за уште еден голем исчекор во однос на претходните две изданија – можност и ним да им се даде шанса да ги предложат своите фаворити за MAC наградите за 2023!

]]>

Каролина и се врати на старата музичка љубов повторно со – „Од небо до дно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-i-se-vrati-na-starata-muzichka-ljubov-povtorno-so-od-nebo-do-dno-video/ Wed, 24 Aug 2022 09:57:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263932

По пауза од речиси 12 години „македонскотодевојче“ сними нова поп песна. Каролина Гочева откако реши да се „прквалификува“ и своите песни да ги ги пренасочи во еден сосема поинаков музички правец, близок на новосоздадената македонска сртароградска песна, конечно реши да им се врати на сопстевните музички корени, на својот вокален израз кој ја прослави уште како млада тинејџерка. Дали пејачката како „птица малечка“ среде амбар со жито се презасити од правецот кој го преферираше последнава деценија, па летово по концертот на стадионот на АРМ во Скопје сфати дека враќањето на стариот извор може да и донесе повеќе од „две лири“, или едноставно поучена од старата изрека: „Кротко јагне од две мајки цица“, македонската музичка уметница реши одново да проба да седи на две столици... Музички, секако! Оттаму враќањето во ар ен би и поп водите можеби и е очекувано од „скопската битолчанка“ која со новата тема насловена „Од небо до дно“ ќе се обиде да ја врати старата публика која можеби никогаш и не ја напуштила нејзе и нејзината некогашна музика, туку само ја позаборавила... Токму затоа новата песна на Каролина, инаку авторско дело на проверениот музичко-продуценстки лисец  Роберт Билбилов, наликува на старите добри поп хитови од најдобрите денови на пејачката.  Се разбира, само со помодерен аранжман, испеглана продукција и избор на актуелни и современи бои и звуци кои денес се во мода во музичката индустрија. Песната е визуелизирана и со едноставно, нискобуџетно, но сепак функционално студиско видео, во издание какво и досега Каролина веќе сме ја виделе, иако несомнено имала и многу поуметнички или погламузрозни и поскапи спотови за своите песни. Видеото го потпишува Пирка АВХ,  продуценти се Давид Николовски и Дамјан Миновски, а  режисер на истото е Влатко Владимиров, додека зад камерата бил Борис Ралев. Вокално Каролина стандардно добра и беспрекорно сигурна, па песната како и видеото се доволно квалитетни и функционални за да си ја завршат работатата чија мисија е да ја вратат Каролина како поп пејачка на сцената, иако таа всушност тоа никогаш и не престанала да биде. Слушнете како звучи и како изгледа кога Каролина пее и танцува, доволно за да ве размрда... „Од небо до дно“.   ]]>

Камерон Дијаз се враќа од пензија: „Виновник“ за тоа е Џејми Фокс (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kameron-dijaz-se-vrakja-od-penzija-vinovnik-za-toa-e-dzejmi-foks-foto/ Fri, 01 Jul 2022 09:56:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256673

Камерон Дијаз ќе се врати од пензија и ќе глуми во претстојната акциона комедија на Нетфликс „Back In Action“ заедно со Џејми Фокс. Камерон реши да се врати на актерството а „Виновник“ за се е Џејми Фокс, кој и се јавил на актерката на телефон, а во целата акција го вклучил и Том Брејди. Камерон Дијаз се повлече од актерството пред осум години. Но, еве го нејзиното враќање. „ Здраво, Камерон“ - рече Том  Брејди. - О Боже. Дали е тоа Том Брејди? - праша Камерон Дијаз. „Разговарав со Џејми (Фокс) и тој ми рече дека ти треба совет како да се вратиш од пензија“- рече Том Брејди. - Хахаха - се насмеа Камерон Дијаз. Релативно сум успешен кога станува збор за излегување од пензија“- рече Брејди. - Искрено... Тоа ми треба - изјави Камерон Дијаз. Целиот разговор го објави Џејми Фокс на својот Твитер профил. - Камерон, се надевам дека не си лутa што го снимив ова, но сега нема враќање назад. Морав да го повикам најдобриот на сите времиња (Том Брејди) за да го вратам најдоброто на сите времиња (Камерон Дијаз). „Враќање во акција“, нашиот нов филм на Нетфликс -  напиша Џејми Фокс.   Фото:Принтскрин/Шутерсток]]>

АББА се враќаат, најавија изненадување за втори септември https://arhiva.vistina.com.mk/abba-se-vrakjaat-najavija-iznenaduvanje-za-2-septemvri/ Fri, 27 Aug 2021 09:10:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217034

Поп групата АББА најави големо враќање по 39 години, а за 2 септември и први важни новости за вљубениците во хитовите “Mamma mia”, “Dancing queen” “Fernando”, “The Winner takes it all”. Шведскиот бенд отвори нова веб страница „ABBA Voyage“ барајќи од обожавателите да го искажат својот интерес за новиот проект со напомена дека ќе добијат известување за се што следува. Се очекува тоа да биде долга „холограмска турнеја“ која АББА првично ја најави во 2016 година. Бендот снимил пет нови песни чие објавување е одложено поради коронавирус пандемијата, но блиски луѓе до нив добиле ветување дека тоа ќе биде направено за време на 2021 година. -Веќе не станува збор дали тоа ќе се случи, ќе се случи, изјавил претходно членот на групата Бјорн Улвеус додавајќи дека меѓу нив се уште постои силна врска поради која ќе звучат како „АББА која сите ја сакаа и познаваа“. Од новите пет песни, потврдени се две “I Still Have Faith In You” и “Don’t Shut Me Down”. -Една од нив е поп мелодија со која лесно се игра, додека другата е вонвременска повеќе за размислување, изјави Бјорн во 2018 година. Од 1983 година и распадот на групата, обожавателите ширум светот сонуваат за повторно собирање, нови песни и концерти. За нивната популарност, но и за желбата на обожавателите говори и фактот дека пред 45 години во Велика Британија 3,5 милиони луѓе се пријавија за влезници за нивниот концерт, а достапни беа нешто повеќе од 11.000 билети. Популарниот бенд, како што вели Улвеус нема желба да оди на настапи, бидејќи сите веќе се во осмата деценија од животот. Последниот албум групата го објави во 1981 година. Глобално познати станаа по победата на Евровизија во 1974 година со песната „Waterloo“. АББА е една од најуспешните групи на сите времиња и прва група вон англиското говорно подрачје која ги покори Велика Британија, Ирска, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка и САД. Составот сочинет од два брачни пара Агнета Фалцког и Бјорн Улвеус и Ани-Фрид Лингштад и Бени Андерсон името го доби по нивните иницијали.]]>

Дали враќањето на поранешниот е добра идеја? Еве што велат експертите https://arhiva.vistina.com.mk/dali-vrakjanjeto-na-poraneshniot-e-dobra-ideja-eve-shto-velat-ekspertite/ Thu, 08 Jul 2021 13:30:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210321

Колку и да е болно, раскинувањето понекогаш е единственото решение кога еден од партнерите не е задоволен од квалитетот на врската. Сепак, ова не мора да значи дека емоциите се смириле, а одлуката честопати се преиспитува Можеби и вам ви се случила ваква ситуација, а ја започнавме оваа тема заради неодамнешното помирување на Џенифер Лопез и Бен Афлек, 16 години по раскинувањето на поранешната романса. Дали љубовта ќе победи овој пат, останува да видиме, а во редовите што следат ќе се обидеме да дадеме одговор на прашањето од насловот. Мислење на експертите Ако размислувате за помирување со вашиот поранешен партнер, важно е да погледнете што довело до раскинување, бидејќи нешто сигурно не функционирало како што треба. Романтизирање на идејата за уште една шанса и како може да биде во ред овој пат, не е на место. Не е во интерес на никого да ги повторуваме истите грешки, а проблемите што некогаш постоеја нема да исчезнат само, дури и ако се надеваме на најдоброто. Факт е дека понекогаш е подобро да се сака и да се изгуби, отколку да се помине низ сè повторно. Да или не? Британците ја користат поговорката: Better the devil you know, што испраќа порака дека понекогаш е полесно да останеме во врска што не ни се допаѓа, но се знае, отколку да ризикуваме или да заминеме во непознатото. Постојат луѓе кои се придржуваат до ова, верувајќи дека тоа е толку поедноставно. Експертите сметаат дека зад помирувањето честопати недостасуваат шанси за запознавање на нов партнер, но и осаменост и досада. Факт е дека ништо од ова не дава основа за долгорочна врска. Затоа, ако го забележите ваквото однесување кај вашето поранешно момче или девојка, не влегувајте во нова фаза, затоа што ќе следи уште едно разочарување. Од друга страна, ако обете страни работат на себе и на своите чувства, со искрена желба за помирување, тоа може да успее. Може ли да успее? Нема правила, успехот на помирувањето варира од пар до пар и подготвеноста да се решат претходните предизвици со партнерот или поединечно. Периодот на вриење на страстите се смирува по некое време, па затоа е добро да бидете подготвени за она што следува. извор: Попара.мк ]]>

По враќањето на сцената во корона годината, македонската пејачка Јова со секси фотосесија ги сумираше впечатоците за 2020-та: „Биди сама своја среќа!“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-vrakjanjeto-na-scenata-vo-korona-godinata-makedonskata-pejachka-jova-so-seksi-fotosesija-gi-sumirashe-vpechatocite-za-2020-ta-bidi-sama-svoja-srekja-foto-video/ Thu, 24 Dec 2020 08:08:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182358

Некогаш Јованка Житарова, сега во естрадниот свет позната само како Јова. По паузата од повеќе од една деценија и разводот, во годината на коронапандемијата пејачката се врати... И во  Македонија и на естрадната сцена. Овој пат кариерата реши да ја продолжи во малку поинаков стил. И самата тотално видоизменета кога се работи за физичкиот изглед, но и кога е нејзината музика во прашање. Јованка сега стана Јова,  чии песни  повеќе не се  „чист фолк“, туку повеќе поп со етно елементи.  По сите трансформации, пејачката денес оправдано го носи епитетот една од најубавите жени на домашната јавна сцена, која плени со убавина искомбинирана со елеганција и софистицирност. Јова годината на своето враќање и покрај сите недаќи низ кои светот минува, ја сумираше со секси фотосесијата која таа предновогодишно ја подготви за своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи. Пејачката истакнувајќи ја сета своја софистицираност и еротска елеганција позираше пред фотообјективот на Бојан Стоилковски, додека а задолжен за целокупниот стајлинг на сесијата беше Зоран Шурбевски. На крајот од  позирање пејачката застана и пред камера на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, каде откри по што ќе ја памети годината која што полека изминува. „Никогаш не е предоцна да почнете од почеток. Да стиснете пауза. Да вдишете и издишете. Потоа, да почнете одново. Не морате да се губите себеси во хаосот, да ги прифаќате работите такви какви што се, мислејќи дека тоа е тоа што го заслужувате. Не морате да ги чувате своите тага и бес во себе, мислејќи дека никогаш нема да побегнете од нив. Вие сте повеќе од тоа. Вие имате сила во себе за поголеми и поубави нешта, само треба да бидете храбри. Нова 2021 за нови почетоци“! - напиша Јова на својот Инстаграм во пресрет на новата 2021 година. А,  2020-та, годината која го запре светот и на сите животот им го преврте наопаку,  неа и го почна на некој начин од почеток. И оној приватниот, како жена и мајка на две прекрасни дечиња, ќеркичката Зои и синчето Картер, но и оној професионалниот, како естраден уметник, музичка ѕвезда која продолжува да блеска онаму каде што „привремено исчезна“ од естрадното небо пред  десеттина години. Затоа, 2020 Јова ќе ја заокружи со пораката која таа ја пренесе и преку повратничката песна, насловена: „Биди сама своја среќа!“ Дали и самата тоа е, дознајте од разговорот со Јова во „магазинот од зад сцената“: https://www.youtube.com/watch?v=p4BTqVnDblc&fbclid=IwAR0Yc1sVcU9BLbwavj5g-H5ZwYXEx-AznwJlpLXjLyMHzCfU9Lp2UitHLMA]]>

Елена Миленковска неколку месеци по породувањето направи драстична промена https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-nekolku-meseci-po-poroduvanjeto-napravi-drastichna-promena/ Mon, 26 Oct 2020 08:49:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172806

Македонската пејачка Елена Миленковска на публика и стана уште повеќе позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Меѓутоа, шоуто не само што и донесоа успех на професионално поле туку Елена ја сретна и љубовта на својот живот, па така на почетокот на годината заплива во брачните води со нејзиниот колега Гуте Маринковиќ. А во јуни оваа година, Елена и Гуте станаа родители на своето прво дете, синот Максим. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-ist-den-kako-i-snaata-na-ceca-se-porodi-i-elena-milenkovska-dobredoje-maksim/ Елена поради својата бременост доброволно ја напушти претходната сезона на музичкото шоу кое за жал беше паузирано поради пандемијата со коронавирусот. Меѓутоа, неодамна поточно пред повеќе од месец, продолжија снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, а овој пат една сезона ќе трае како да се две. Она што е ново кога станува збор за ова музичко шоу е тоа што ќе има нови 120 кандидати кои ќе се натпреваруваат против 120 кандидати. Елена со нејзиното учество остави белег во музичкото шоу, но откако се породи таа потполно се посвети на мајчинството и ужива во нејзината нова улога која и донесе радост и нова енергија во нејзиниот дом. Неколку месеци по породувањето, пејачката направи драстична нова промена, односно ја скрати својата долга коса, па сега има потполно нов изглед. „Ние жените сме некој посебен вид, еве признавам. Кога ќе се сетам само колку „кукав“ за долга коса. Потоа, останав бремена и косата почна да ми расте со брзината на светлината и беше убава и квалитетна.  За брзо време, се тоа се промени драги мои дами. Кога се породив, помина таа магија. Тогаш, преку ноќ добив идеја да ја скратам. И еве ме новата јас. Како ви се допаѓа новата фризура? Јас сум воодушевена“, напиша Миленковска во описот на фотографија, а нејзините следбеници прокоментираа дека им се допаѓа новиот имиџ. Инаку, Елена неодамна објави фотографија пред студиото на „Ѕвездите на Гранд“ и им се заблагодари на тимот, меѓу кои и Александар Милиќ Мили кој е дел од продукциското жири, па очигледно е дека пејачката на повик на Поповиќ, одлучи да се врати во шоуто во полн сјај.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 𝐄𝐋𝐄𝐍𝐀 Milenkovska 🅂🄸🄽🄶🄴🅁 (@elenamilenkovskaa) on

Како ќе се претстави и како ќе помине оваа сезона, останува наскоро да видиме, зашто првата следна емисија во која Елена учествува е веќе снимена.]]>

После 2-месечната пауза, еве како да го зајакнете имунитетот пред да се вратите на работа https://arhiva.vistina.com.mk/posle-2-mesechnata-pauza-eve-kako-da-go-zajaknete-imunitetot-pred-da-se-vratite-na-rabota/ Tue, 19 May 2020 13:00:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150425

Иако сè уште не се отворени фитнес центрите, би требало да знаете дека и вежбите кои ги правите дома поттикнуваат циркулација на крвта. Луѓето кои вежбаат пет или повеќе денови во неделата, имаат за 46 отсто помали шанси да заболат од одреден вирус, во споредба со оние кои вежбаат само еднаш неделно или не вежбаат. Поради сето ова, возрасните би требало да бидат физички активни секојдневно, односно најмалку 150 минути неделно. Исто така, покрај редовната физичка активност, за зајакнување на имунитетот важни се и следниве фактори:

Хидратација

Внесувањето на доволна количина на вода ја поддржува способноста вашето тело да ги елиминира токсините и отпадните материи, што е од исклучителна важност за јак имунитет. Треба да избегнувате премногу кофеински пијалоци, бидејќи тие може да доведат до зачестено мокрење и потенцијална дехидрација. Се препорачува консумирање на 1,5 до 2 литри вода дневно, а ако сакате да се напиете нешто друго, изберете чаеви како што се чајот од лимон или ѓумбир.

Повеќе овошје и зеленчук

Една од причините поради која нутриционистите толку препорачуваат овошје и зеленчук е тоа што се преполни со витамини и минерали кои се неопходни за делотворен имунолошки систем.

Додатоци во исхраната

Витаминот Д допринесува зајакнување на имунолошкиот систем и секогаш е добар избор, но пред да почнете да го земате како додаток во исхраната, консултирајте се со вашиот лекар.

Доволно спиење

Доказите покажуваат дека недостатокот на сон може да влијае на пад на имунитетот, со што ќе се намали отпорноста на организмот кон вируси и бактерии, па обезбедете си доволно сон, тоа е клучно за зајакнување на имунитетот. извор: точка.мк]]>

Саша Поповиќ има нов бизнис: Еве од што ќе живее сега шефот на „Ѕвездите на Гранд“ https://arhiva.vistina.com.mk/sasha-popovikj-ima-nov-biznis-eve-od-shto-kje-zivee-sega-shefot-na-dzvezdite-na-grand/ Thu, 14 May 2020 09:56:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149577

Саша Поповиќ  не случајно ја носи титулата еден од највлијателните луѓе во регионалниот шоубизнис. Да потсетиме, тој ја започна својата кариера во групата „Лира шоу“, која го смени името во „Слатка грев“, а со доаѓањето на Лепа Брена, тие станаа една од најголемите атракции на просторот на поранешна Југославија. По распадот на бендот, Саша ја основа издавачката куќа „ЗАМ“ со менаџерот Рака Ѓокиќ, а потоа во 1998 година и „Гранд продукција“ со Брена. Да потсетиме, Поповиќ неодамна се пензионираше, но тој продолжи да биде дел од програмата на регионалното шоу за музички таленти „Ѕвездите на Гранд“, дури и по продажбата на својот дел од продуцентската куќа. Сепак, тој минатата година реши да покрене нов бизнис, па купи една фабрика за хармоники во Италија. Овој бизнис во моментов е на принудна пауза поради пандемијата на коронавирусот, но Саша планира да ја посети фабриката со сопругата Сузана Јовановиќ веднаш штом ќе се отворат границите. Многумина ова го прокемнтираа како „враќање на корените“ од страна на некогашниот хармоникаш Саша Поповиќ, ако се земе во предвид дека кариерата и популарноста му ги донесе токму хармониката! ]]>

Хороскопски знаци кои не знаат што значи враќање на бившите https://arhiva.vistina.com.mk/horoskopski-znaci-koi-ne-znaat-shto-znachi-vrakjanje-na-bivshite/ Thu, 27 Feb 2020 14:15:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136556

Ако сакате да ја обновите врската со поранешен партнер или партнерка, убаво размислете ако е роден/а во еден од овие хороскопски знаци. Дел од нив можеби ќе ве пофалат за храброста да си ја голтнете гордоста и да ги побарате назад, ама тие нема да го направат истото. Цврстиот карактер, челичната волја, но и огромната гордост им помагаат на припадниците на овие хороскопски знаци да не се вртат назад и да не обновуваат врски за кои решиле дека се завршени. Тука голема улога игра и фактот дека тие ретко раскинуваат пред да ги пробаат сите начини да ја одржат врската, така што ваквите одлуки не ги носат избрзано и импулсивно.

ЛАВ

По раскинувањето, Лавовите обично се однесуваат како ништо да не се случило. Ќе бидат силни и одлучни, но исто така галантно и фино ќе ве откачат ако соберете храброст да ги побарате. Лавовите речиси никогаш не ги преиначуваат своите одлуки – делумно од гордост, но главно бидејќи темелно размислувале пред да ги донесат.

СКОРПИЈА

Ако еднаш повредите Скорпија, таа ќе ве повреди два пати повеќе. Затоа, не се обидувајте да ѝ се доближите или да ги обновувате контактите после раскинување. Искрено, нема да успеете и да сакате – целосно ќе ве игнорира.

СТРЕЛЕЦ

Раскинувањата за Стрелците значат нов почеток. Важат за личности кои никогаш не се навраќаат на минатото и со елан го живеат животот. Ако раскинете со Стрелец не очекувајте дека ќе ја обновите врската и не бидете изненадени ако за кратко време го видите во нова врска.

ЈАРЕЦ

Иако по раскинувањето патат повеќе од другите, тоа нема да го покажат. Јарецот никогаш нема да прости неверство, ниту некоја друга ситуација во која сте го повредиле. Јарците одлуките ги носат трезвено и по многу размислување, така што речиси и нема простор за помирување по раскинувањето. Ако случајно ви се врати, Јарецот го направил тоа исклучиво за да ви се одмазди. извор: kajgana]]>