вработување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Jan 2023 13:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вработување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МКЦ повторно на мета на партиски мегдан: Директорот сменет зашто одбил да потпише вработување за Бени Шаќири? https://arhiva.vistina.com.mk/mkts-povtorno-na-meta-na-partiski-megdan-direktorot-smenet-zashto-odbil-da-potpishe-vrabotuvane-za-beni-shakiri/ Wed, 18 Jan 2023 12:19:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284832

„Почитувани, Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста. Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири. Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција. И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ. Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата“. Ова се вели во соопштението кое во вид на јавна објава од Програмскиот колегиум на МКЦ, денес осамна на нивната официјална Фејсбук страница. Дали и колку има вистина во целата приказна, дали е во прашање меѓупартиска пресметка или поточно одмазда, или има други мотиви за чинот на смената, на ред е да се изјасни  градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на чија иницијатива се сменети и уште неколку други директори на јавни претпријатија во Скопје. Патем, против рокерот Бени Шаќири кога имаше најави за негово евентуално назначување за директор на МКЦ во 2019 година, имаше петиција во вид  на отворено писмо до тогашниот премиер Зоран Заев, наводно покрената од поединци од МКЦ за која се велеше дека е поддржана од дури 251  граѓани од културно-уметничката сфера. „Да не бидеме сфатени погрешно, ова не е е негативна пропаганда кон господинот Арбен Шаќири, кој деновиве веќе отворено ја прославува новата функција (директорско место во МКЦ Скопје). За него имаме максимална почит како музичар кој повеќе децении работи и опстојува во земја како Македонија. Но повеќе од очигледно е дека господинот Шаќири го нема ни оддалеку потребното искуство да раководи со институција која се занимава со комплексните потреби на независната сцена, чиј дел тој не е, ниту пак кога било имал интерес да биде“ - беше меѓудругото тогаш наведено во отвореното писмо.    ]]>

Softeligence почна со вработување ИТ експерти https://arhiva.vistina.com.mk/softeligence-pochna-so-vrabotuvanje-it-eksperti/ Mon, 31 Jan 2022 13:08:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236947

Технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Softelligence почна со вработување на ИТ експерти од разни области. Огромниот број работни позиции може да се погледнат и сите заинтересирани лица може да ги следат активните огласи за работа на интернет страницата https://www.softelligence.net/job-openings/ или на официјалната Facebook страна https://www.facebook.com/softelligence.mk/ на компанијата. Во моментов, компанијата бара Аналитичар за интеграција на податоци (Data Integration Analyst), Консултант за Power BI (Business Intelligence), Инженер за контрола на квалитет (Quality assurance), Експерт за Scrum (Scrum е програма за менаџирање на процесите и работењето при работа со софтвери), Инженер за .Net софтвер (.Net Software Engineer), потоа Salesforce програмер (Salesforce е еден од најпознатите CRM софтвери), Инженер за автоматизација за контрола на квалитет (QA Automation Engineer ) и други отворени работни позиции. Нејзиниот основач Адриан Блидарус наведува дека се потребни програмери, развивачи на софтвер, инженери за софтвер и податоци, архитекти за решенија, научници за податоци, лидери на тимови, проект менаџери и многу повеќе. Според него, компанијата се фокусира на .NET и технологијата поврзана со податоци (Data Science), класичната (SQL) и најсовремената (Big Data, NoSQL, data lakes). „Најчесто бараме луѓе кои имаат цврста основа во софтверското инженерство и работно искуство поврзано со „cloud“ (облак) технологиите. Ќе ги поддржиме и обучуваме да стекнат повеќе знаења и да се сертифицираат. Ова е нешто од кое сите имаат корист: нашите нови колеги, нашиот постоечки тим, компанијата и македонската ИТ индустрија, бидејќи знаењето останува кај луѓето“, објаснува Блидарус. Softelligence основаше фирма во Северна Македонија и најави дека ќе инвестира милион евра и ќе отвори сто работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Според престижниот Financial Times FT1000, компанијата е еден од лидерите за раст на регионот во Централна и Источна Европа во областа на информатичката технологија. Предвидените милион евра, компанијата ќе ги вложи во обезбедување одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обуки и специјализирани курсеви за македонските колеги, кои ќе припаѓаат на голема група технолошки мајстори и ќе решаваат витални проблеми за глобални клиенти. Исто така, компанијата нуди решенија и на секоја банка, заемодавач, закупувач, осигурител, MGA или брокер ширум светот, но тоа значи дека секоја таква компанија во Северна Македонија ќе може да има корист од нашите решенија. Softelligence има седиште во Лондон, Обединетото Кралство и има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times. Softelligence има долготрајни партнерства со Microsoft, Instanda, FintechOS, Databricks и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Erste Group, Vienna Insurance Group, TBI Bank, како осигурителните гиганти Beazley и Howden Group.]]>

Џонсон Мети останува партнер во професионалниот развој на студентите https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-ostanuva-partner-vo-profesionalniot-razvoj-na-studentite/ Thu, 20 Jan 2022 10:04:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235520

Четириесетина студенти од технички факултети неодамна ја посетија фабриката Џонсон Мети во Македонија. Студентите се запознаа со процесот на производство и со опремата со која располага компанијата во слободната индустриска зона Бунарџик.
„Преку посетата се стекнав со ново практично искуство кое ми оди во прилог на моите студии на Машинскиот факултет, посебно од областа на роботиката што е широко применета во производниот погон и има простор за дополнително подобрување. Се запознав и со начините на кои една компанија може да го подобри своето производство со примена на почисти технологии или со третман на отпадните материи пред нивно испуштање во околината, што за мене како студент по енергетика и екологија е од особено значење. Вработените воспоставија коректен однос со нас кој не приближи до материјата од интерес и овозможи внатрешен поглед на производствените процеси и пример за секојдневните практики на компанијата. Од голема едукациска значајност претставува ваквата можност за соработка помеѓу една вистинска компанија и студентите, кои се стремиме еден ден да станеме дел од едно вакво опкружување и работа“, вели Бисера Мишевска, студент од четврта година на Машинскиот факултет во Скопје.
За нејзината колешка од прва година, Паола Укајдари, најголем впечаток при посетата на компанијата и оставил фактот што целта на производството во Џонсон Мети е подобрување на животната средина.
„Досега не сум имала прилика да влезам во фабрика која користи најмодерна технологија. Моето присуство ги потврди очекувањата кои ги имав и навистина сум воодушевена што постои ваков објект во мојата земја. Секако тоа и ме мотивираше да ги совладам моите студии што побргу за да можам да бидам дел од тимот во Џонсон Мети. Најголем впечаток ми остави целта на производството - подобрување на животната средина. Огромна благодарност до Џонсон Мети“, вели Укајдари.
Во обиколката на фабриката, студентите од Машинскиот факултет, од Факултетот за електротехника и информациски технологии и од Факултетот за информациски науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа придружувани од менаџмент тимот и од инженери, кои детали ги објаснија стручните аспекти на производството и одговараа на различни прашања на студентите.
„Се радуваме на големиот број студенти кои ја посетија фабриката. Како општествено одговорна компанија, остануваме посветени на студентите, партнер во нивниот професионален развој, пред се во стекнувањето практични вештини и знаења“, објаснува Александра Симоновска, партнер за пронаоѓање таленти во Џонсон Мети.

* * *

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.]]>

Меѓународна ИТ компанија ќе вработи повеќе од 300 инженери https://arhiva.vistina.com.mk/megjunarodna-it-kompanija-kje-vraboti-povekje-od-300-inzeneri/ Tue, 20 Apr 2021 10:41:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199750

Меѓународната компанија за софтверско инженерство Scalefocus ќе вработи 300 инженери во следните 5 години кои ќе работат на иновативни проекти за дел од најголемите светски компании. Компанијата вработува ИТ професионалци и програмери од земјава и верува во високиот инженерски потенцијал и капацитетот на локалниот ИТ еко-систем. Scalefocus ја комбинира експертизата на своите професионалци со специфично доменско знаење и обезбедува врвни услуги од областа на ИТ технологиите. Од своето основање во 2012 година, компанијата има изработено повеќе од 500 успешно завршени проекти во 26 земји, кои континуирано се користат од страна на нивните партнери. Денес, Scalefocus вработува повеќе од 730 ИТ професионалци распределени на 6 различни локации. Компанијата е присутна на пазарот во Македонија веќе неколку години, а од крајот на 2019 година е присутна и со сопствена канцеларија во Скопје. Одговорното техничко лице на Scalefocus во Македонија e Горан Стојановски, д-р на науки по електротехника.
„Како земја отсекогаш сме имале многу квалитетни инженери, кои работат на светски проекти. Нашите инженери и ИТ професионалци придонесуваат со креативни решенија за подобрување на процесите на нашите клиенти. За нас, иако формалното образование е исклучително важно, не е пресудно во процесот на вработување, бидејќи главните карактеристики кои ги цениме се компетентноста во програмирање и системот на вредности, без разлика каде се стекнати,“ вели Стојановски.
Она што е карактеристично за Scalefocus е способноста да ги привлече, да ги задржи, и да помогне во развојот на најдобрите ИТ професионалци. Ова во комбинација со културата на работа, иновативноста и посветеноста кон клиентите ја промовираат компанијата како лидер и сериозен технолошки партнер во областа на дигиталните трансформации.
„Нашите планови за развој во земјава се многу големи. Свесни сме дека за да ги оствариме, не е доволно само да ги ангажираме најдобрите ИТ професионалци, туку потребно е да им ги обезбедиме најдобрите услови за работа. Тука спаѓаат атрактивните канцеларии, програмата за флексибилни придобивки, можноста за работа од секаде, како и планирањето на нивниот професионален развој. Во културата на нашата компанија, овозможуваме секој да го развие својот потенцијал како ИТ професионалец или како менаџер“, додава Стојановски.
]]>

Pitch Please 2018 – Како идната работа и пракса во странство стануваат реалност? https://arhiva.vistina.com.mk/pitch-please-2018-kako-idnata-rabota-i-praksa-vo-stranstvo-stanuvaat-realnost/ Wed, 18 Apr 2018 09:22:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21707

На 11-ти мај во 9:30 наутро на Економскиот Факултет во Скопје (УКИМ), ќе се одржи-„Pitch Please“, проект за млади амбициозни луѓе преку кој добиваат можност да се запознаат со предизвиците кои им следат во нивниот понатамошен професионален развој. Организатори на овој настан се АИЕСЕК Скопје во соработка со Економскиот Факултет. Целта на настанот е да се создаде место каде ќе настане синергија помеѓу очекувањата на студентите и барањата на работодавците.

ЗОШТО ГО ПРАВИМЕ ОВА?

– Големата стапка на невработеност помеѓу младите во Македонија, неможноста да се продадат себеси и своите таленти пред работодавците е клучната причина поради која се роди идејата за овој настан. Базиран на Агендата за Одржлив Развој на Обединети Нации, АИЕСЕК активно се вклучува превземајќи иницијатива за стимулирање економски раст и стабилни работни места преку подобар “pitch” пред компаниите.

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА?

– Сесиите опфаќаат претставување на самите компании и нивната дејност, интеракција помеѓу студентите и компаниите во неформален амбиент. Споделување искуства од студенти, членови на АИЕСЕК, универзитетски професори како и стории за патот до успехот од врвни бизнис менаџери.

ЛОКАЦИЈА, ИНТЕРАКЦИЈА И АПЛИКАЦИЈА?

– Настанот ќе се одржува на 11-ти Мај, во 9:30 часот на Економски Факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Размена на знаења, вмрежување на младите таленти со претставниците на бизнис секторот, како и добра дружба придружена со закуски и освежителни пијалоци.  Цена на котизацијата ќе изнесува 290 денари во кои освен незаборавното искуство, е вклучено и ваучер со 20% попуст за АИЕСЕК пракси низ цел свет. Се гледаме! Аплицирајте на: https://goo.gl/dcCfcA]]>

Клучни квалитети кои секој работодавач сака да ги види на интервју за работа https://arhiva.vistina.com.mk/kluchni-kvaliteti-koi-sekoj-rabotodavach-saka-da-gi-vidi-na-intervju-za-rabota/ Tue, 27 Mar 2018 12:26:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17202

За многу менаџери, личните квалитети имаат огромна тежина при изборот на вистинскиот кандидат за одредено работно место. Покрај совршеното CV, на многу работодавачи им е важно каква личност е кандидатот и што сè има да понуди ако застане на конкретната работна позиција.
Па, за да оставите силен прв впечаток, обидете се да ги покажете следниве квалитети:
  1. Точност. Во деловниот свет времето е пари. Доцнењето и одложувањето можат само да ѝ донесат загуба на компанијата, па тие се непосакувани. Никогаш не доцнете на интервју за работа. Точноста е првиот знак дека умеете навремено да се справувате со задачите. Секој работодавач сака покрај себе да има дисциплинирана и совесна личност.
  2. Самодоверба. Не е тешко да се препознае личноста која верува во себе. Исправете се и смирете го своето тело. Зборувајте убедливо за своите квалификации и вештини. На работодавачите им е многу полесно да веруваат во некого кој верува во себе. Сепак, внимавајте да не ја поминете тенката линија меѓу самоувереноста и арогантноста/препотентноста. Секој работодавач сака самоуверен вработен, но никој не сака вработен кој лета в облаци и мисли дека е над сите останати.
  3. Самоиницијативност и самомотивираност. Многу е важно да ја убедите личноста која ве интервјуира дека умеете да работите самостојно и да ги извршувате задачите, без некој постојано да ви дише во вратот. Во динамичната средина во која оперираат менаџерите, нема време за држење за раце и постојано делење на инструкции. Истакнете ги случаите кога сте работеле самостојно на проект или кога сте презеле иницијатива за реализирање на ваша идеја. Покажете не само дека имате идеи, туку и дека не се плашите да преземате чекори за да ги реализирате.
  4. Љубопитност. Важно е да покажете дека сте во тек со најновите настани и трендови во сферата во која функционира компанијата во која аплицирате, дека сте љубопитни и заинтересирани да учите. Поставувајте прашања.
  5. Флексибилност. Во динамичната ера во која живееме, флексибилноста е квалитет кој мора да го истакнете на интервју за работа. Зборувајте за ситуации од минатото кога успешно сте се адаптирале на промените.
  6. Претставителен изглед. Некои личности навистина ѝ судат на книгата по нејзината корица. Колку и да повторуваме дека изгледот не е сè, факт е дека тој може да го подобри или уништи првиот впечаток. Со помош на облеката можете да изгледате повозрасно или помладо, позрело и помудро. Сè е ментална игра со перцепцијата, па пред да одите на интервју, направете свое истражување како најдобро да играте.
  7. Енергичност. Високата енергија е јасен доказ дека можете да работите долго и напорно. Не, ова не значи дека треба да бидете хиперактивни за да го добиете работното место, но потребно е да покажете дека сте енергична личност која ќе направи сè за да успее. Енергијата е заразна и стимулирачка, па тоа е причината поради која енергичните личности се попривлечни кандидати.
  8. Амбициозност. Успешните луѓе сакаат покрај себе да имаат вработени кои ја делат нивната жед за успех. Со неколку реченици раскажете за вашите досегашни успеси и потенцирајте дека секогаш целите повисоко и повисоко.
  9. Ентузијазам. Колку и да сте изморени од одење на интервјуа, во моментот кога ќе се упатите на интервју, „наоружајте“ се со ентузијазам. Ентузијазмот кажува дека сте личност која ужива во она што го прави. Зборувајте со страст за својата професија и за потенцијалното работно место. Многу е важно личноста која ве интервјуира да добие впечаток дека верувате во мисијата на компанијата, бидејќи луѓето се склони да работат понапорно кога се чувствуваат поврзани со своето работно место.