вработи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 Aug 2023 06:40:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вработи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Анџелина Џоли мета на критики: Актерката ја вработила својата ќерка Вивиен која има само 15 години (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/andhelina-dholi-meta-na-kritiki-akterkata-ja-vrabotila-svojata-kerka-vivien-koja-ima-samo-15-godini-foto/ Wed, 16 Aug 2023 06:40:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313876

Актерката Анџелина Џоли беше критикувана затоа што ја „најмила“ својата малолетна ќерка Вивиен како своја асистентка на нов проект. Анџелина Џоли и Бред Пит имаат шест деца, три посвоени и три биолошки, а сѐ уште има драма околу старателството над малолетните деца, вклучувајќи ја и Вивиен. Самата Анџелина ги посвои Медокс (22), па Пакс (19) и Захара (18), а Пита ги роди Шајло (17) и близнаците Нокс и Вивиен кои имаат 15 години.ж Бред Пит легално ги посвоил првите три деца и тие го носат и неговото презиме. Во моментов Бред и Анџелина „трчаат“ низ судот поради наводниот физички напад и винаријата што ја купиле заедно. Нивната најмлада ќерка Вивиен Маршелин Џоли-Пит е во центарот на новите гласини за Анџелина Џоли. Оскаровката е извршен продуцент на новиот бродвејски мјузикл „The Outsiders“. Анџелина прв пат работи на Бродвеј, но и за прв пат ја вработи ќерка си како асистент. „Таа ме потсетува на мајка ми Вивиен, бидејќи не сака да биде во центарот на вниманието, туку да поддржува други креативни луѓе. Таа е сериозна и внимателна кога е театарот во прашање и разбира како може да придонесе за проектот. “, накратко изјавила Анџелина. Вивиен ќе биде ангажирана како нејзина асистентка. Мјузиклот е базиран на романот на С. Е. Хинтон и на истоимениот филм од 1983 година на Френсис Форд Копола. Тогаш „половина“ од младиот Холивуд глумеа во приказната за полнолетство - Том Круз, Роб Лоу, Патрик Свејзи, Ралф Макио, Мет Дилон и Дајан Лејн се само некои од имињата. Приказната следи две ривалски тинејџерски банди во рурална Оклахома. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Гоца Божиновска проговори за тешкиот период од нејзиниот живот: Татко и не дозволувал да пее (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/goca-bozinovska-progovori-za-teshkiot-period-od-nejziniot-zivot-tatko-i-ne-dozvoluval-da-pee-foto/ Fri, 18 Nov 2022 12:56:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276544

Гоца Божиновска уште од мала знаеше дека еден ден ќе биде пејачка и тој сон се оствари, но не и беше лесно. На самиот почеток не било се така едноставно, па пејачката со години морала да го убедува татко и да ја пушти да пее, иако тој тоа не и го дозволувал. Таткото на пејачката имал сосема други амбиции за неа, сакал Гоца да заврши училиште и да се занимава со некоја друга работа, но тоа сепак не се случи. Во една емисија раскажала сцени од семејниот дом, а кажала дека дури и плачела кога првпат се вработила. - Кога завршив средно училиште, татко ми очекуваше да влезам на факултет, за чудо, сакаше да ме вработи. Ја добив таа работа и почнав да работам. По некое време почнав да плачам, бидејќи не сакав да ја работам таа работа, сакав само да пеам. Помина многу време додека не ја прифати одлуката што јас ја одбрав - изјавила пејачката. Фото: Принтскрин/Фејзбук/Г.Божиновска/Снежана Крстиќ]]>

Стефанија Гаштарска е првата македонска балерина која се вработи во ансамблот на „Бољшој театар“ во Москва https://arhiva.vistina.com.mk/stefanija-gashtarska-e-prvata-makedonska-balerina-koja-se-vraboti-vo-ansamblot-na-boljshoj-teatar-vo-moskva/ Mon, 01 Jun 2020 11:58:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152245

Македонската балерина Стефанија Гаштарска стана дел од ансамблот на многу посакуваниот руски театар „Бољшој“ во Москва. 18-годишната балерина од Скопје е прва Македонка на која ѝ успеа тоа. Таа настапи на сцената на овој театар уште пред две години како солистка. Гаштарска е бренд-амбасадор на компанијата „Гришко“, која ги прави светски познатите балетанки. Гаштарска заврши основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и од мала бележи големи меѓународни успеси. Средното музичко го заврши во Русија, една година во градот Перм, а потоа три години била дел од академијата „Бољшој“, ни објасни мајка ѝ Марија Крстевска, која исто така е балерина во Македонската опера и балет. - Ми се оствари сон од детството - вели Стефанија, која информацијата ја доби додека е во Скопје со своето семејство. Академијата „Бољшој“ работи под капата на театарот „Бољшој“ и сите годишни испити ги следи директорот на театарот. Годинава немале годишен испит, но по испитниот час директорот на „Бољшој“ одбрал седум девојчиња и едно момче. Меѓу нив е и Стефанија, објаснува Крстевска. Извор: Факултети.мк Фото: Стефанија Гаштарска /Каталог на „Гришко“]]>