вози одговорно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Mar 2018 14:05:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вози одговорно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Вози женски – вози одговорно“, нова сообраќајно-едукативна акција на РСБСП https://arhiva.vistina.com.mk/vozi-zenski-vozi-odgovorno-nova-soobrakjajno-edukativna-akcija-na-rsbsp/ Thu, 08 Mar 2018 10:02:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15471

„Ако возењето со максимална претпазливост е женски, тогаш јас сакам да возам женски. #ВозиЖенски #ВозиОдговорно – ова е една од пораките кои јавните личности и РСБСП ги праќаат во рамки на едукативната акција организирана за 8 март, празникот на жената. Да се биде жена-возач воопшто не е лесна работа бидејќи бројот на оние кои сметаат дека возењето е „машка работа“, сѐ уште е многу голем. Стереотипот дека жените се лоши возачи за жал сѐ уште е присутен. Вистината е дека постои „женско возење“ или „женски начин на возење“. Тоа е точно! Постои! Но, во суштина, тие се многу внимателни возачи и кога ќе се најдат во сообраќаен метеж полн со неодговорни и со агресивни возачи, неминовно е да бидат перцепирани како некој кој не се вклопува во тој систем!
Жените всушност се доста внимателни, дисциплинирани и совесни возачи – речиси никогаш не возат со брзина поголема од дозволената, не поминуваат на црвено и не возат под дејство на алкохол. Брзото и агресивното однесување во сообраќајот едноставно не ѝм е својствено на жените. Жените покажуваат склоност кон почитувње на сообрќајните правила и прописи и кон почитување на велосипедистите и на пешаците, а тоа во очите на некои неодговорни возачи е еднакво на неснаоѓање! Да! За жал, почитувањето на сообраќајните правила и прописи се доживува како НЕСНАОЃАЊЕ и како ЖЕНСКО ВОЗЕЊЕ! Со цел да ги охрабриме жените-возачи и да ги разбиеме сите стереотипи дека жените се лоши возачи, а по повод денот на жената, „8 март“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организира сообраќајно-едукативна акција под мотото „Вози женски-вози одговорно“. Акцијата е поддржана од голем број јавни личности од понежниот пол и веќе се реализира преку социјалните медиуми, на кои повеќе од 25 познати и афирмирани личности од јавниот живот во Република Македонија – новинари, водители, пејачи, манекенки, глумци, артисти, доктори и професори ќе повикаат на одговорно возење и на почитување на жените како рамноправни учесници во сообраќајот.
Целта е сите заеднички да испратиме порака дека жените претставуваат позитивен пример како треба да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и како треба да се однесуваме во сообраќајот. На тој начин, од една страна ќе ги рушиме стереотипите дека жените се лоши возачи, а од друга страна ќе ја подигнеме свеста за одговорно учество во сообраќајот кај сите учесници.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со поддржувачите на акцијата #ВозиЖенски #ВозиОдговорно, на сите припаднички на понежниот пол ѝм го честита празникот на жената „8 март“ со апел да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и секојднево да го даваат својот личен придонес за повисока сообраќајна култура и за побезбеден сообраќај. А пораката до сите учесници во сообраќајот гласи: Ако возењето со помала брзина е женски… Ако застанувањето на секој СТОП знак е женски… Ако пропуштањето на секој пешак на пешачки премин е женски… Ако долготрајното и претпазливо паркирање е женски… Ако двојното проверување на секоја крстосница е женски… Ако внимавањето на возачот од спротивната страна е женски… Ако почитувањето на сите сообраќајни правила е женски… Ако држењето до својата сообраќајна лента е женски… Ако возењето со максимална претпазливост е женски… …тогаш, ајде сите да воземе женски! #ВозиЖенски #ВозиОдговорно
]]>

Употреба на мобилен телефон при возење – закана за безбедно одвивање на сообраќајот! https://arhiva.vistina.com.mk/upotreba-na-mobilen-telefon-pri-vozenje-zakana-za-bezbedno-odvivanje-na-soobrakjajot/ Wed, 21 Feb 2018 12:35:02 +0000 http://vistina.mk/?p=13581

Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри.
Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило, станува причина број еден за одвлекување на вниманието кај возачите. Иако е јасно дека мобилниот телефон ја подобруваа деловната комуникација и придонесува за зголемување на личната удобност и за остварување на секојдневните потреби на луѓето, сепак употребата на мобилниот телефон за време на возењето, станува загрижувачка кога е во прашање безбедноста во сообраќајот. Истражувањата направени од реномирани меѓународни организации покажуваат дека   одвлеченото внимание на возачот е причина за 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Причините за одвлеченото внимание кај возачите, како ризик-фактор кој ја загрозува безбедноста на сообраќајот на патиштата, константно прогресираат со развојот на технологијата и со зголемување на нејзината достапност и можност за употреба во моторните возила. Согласно тоа, во наредните години, се очекува проблемот со управување моторно возило под одвлечено внимание дополнитрелно да се влошува. Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило е спротивно на одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и според истиот закон оваа појава се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со 25 негативни бода во возачката книшка.
И покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат со возилото и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Имајќи ја во предвид оваа состојба, РСБСП направи кратка анализа на истражувањата кои ги прават реномирани меѓународни организации, а кои се однесуваат на користењето мобилни телефони при возење и истите јасно укажуваат за сериозноста на проблемот со користење мобилни телефони при возење. Истражувањата на светско ниво, според изјавите на испитаниците, покажуваат дека 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат. Според истражувањата направени во САД, се проценува дека во секој момент во текот на денот, 6% од возачите користат мобилен телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП, во Република Македонија 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат. Најризична група учесници во сообраќајот се младите возачи (до 25 години) и возачите почетници. Од 18 до 30 % од сите жртви во сообраќајот се млади возачи, иако статистички овој процент опфаќа меѓу 9 и 13% од населението. И покрај тоа, студиите за користење мобилен телефон за време на возењето, покажуваат дека младите возачи се група со висок ризик на однесување во сообраќајот, најподложна на одвлечено внимание предизвикано од мобилен телефон поради нивното интензивно користење. Младите возачи до 30 години, двапати повеќе користат мобилен телефон додека возат од возачите на возраст над 30 години. Негативните ефекти од употребата на мобилниот телефон се скоро исти и кај помладите и кај повозрасните возачи. Кај помладите возачи, проблем е да го прилагодат возењето со новата активност – разговор на мобилен бидејќи немаат искуство во возење, а на повозрасните возачи, проблем им е да го прилагодат возењето со разговорот на мобилниот телефон бидејќи послабо слушаат и/или послабо гледаат. Според други истражувања, пишувањето пораки додека управува моторното возило, ја намалува реакцијата на возачот за запирање на возилото за 18%, а ја зголемува опасноста за предизвикување сообраќајна незгода за 6 пати. Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри. Истражувањата, исто така покажуваат дека, возачите кои возат на отворен пат надвор од населено место, помалку користат мобилен телефон. Тоа се должи на поголемата брзина со која се управува возилото, но за разлика од тоа, сѐ поголем број возачи користат мобилни телефони во населено место. Намалената брзина со која се одвива сообраќајот и честите застои во сообраќајот во населените места, ги охрабрува возачите да го користат телефонот почесто, отколку кога возат надвор од населено место. РСБСП потенцира дека, користењето мобилен телефон додека возачите управуваат моторно возило е подеднакво опасно, како во населено место, така и надвор од населено место. Статистиката покажува дека сѐ поголем број сообраќајни незгоди се случуваат во населено место, а голем број од нив се предизвикани од употреба на мобилен телефон. Во ваквите сообраќајни незгоди најчесто страдаат пешаците и велосипедистите. Имајќи ги во предвид наведените факти РСБСП апелира до возачите да бидат посветени и внимателни во сообраќајот, да се фокусираат на патот и на случувањата во сообраќајот и да не користат мобилен телефон додека управуваат моторно возило.

Нова кампања на РСБСП и РК Вардар „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“! https://arhiva.vistina.com.mk/nova-kampanja-na-rsbsp-i-rk-vardar-dobredojdovte-vo-zemjata-na-shampionite-vozi-odgovorno/ Fri, 20 Oct 2017 08:12:07 +0000 http://vistina.mk/?p=3142

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и европскиот ракометен првак „Вардар“, преку заедничка соработка, во наредниот период ќе ја реализираат кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози одговорно“! Кампањата ќе промовира внимателно и одговорно учество во сообраќајот, ќе едуцира за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Со оваа кампања, ракометниот клуб Вардар, како општествено одговорен бренд ќе даде придонес за подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.
 Кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – #Вози одговорно“ со јавноста ќе комуницира и преку слоганите:
„Шампионите возат одговорно“, „Црвен картон за некултурата во сообраќајот“, „Биди тимски играч – дај им предност на пешаците“ „Тајм аут – закочи пред да биде предоцна“. Кампањата која ќе биде присутна во печатените, електронските и социјалните медиуми, ќе биде промовирана и во спортските центри во кои настапуваат нашите европски шампиони. Предвидено е на граничните премини за влез во Македонија да бидат поставени едукативни постери на англиски јазик, наменети за информирање и едуцирање на странските возачи кои влегуваат во Република Македонија. -Особено значаен е придонесот што РК Вардар го дава во реализацијата на оваа кампања.  Шампионите играат одговорно на терен и постигнуваат резултати, но за да постигнеме добри резултати во сообраќајот, мора да возиме одговорно и да се однесуваме шампионски во него, вели Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП. -За нас преставува привилегија и задоволство што имаме можност да дадеме придонес за подигнување на сообраќајната свест и култура. Јас, сите ракометари на Вардар и сите вработени во клубот сме дел до сообраќајот и од тие причини со задоволство прифативме да  дадеме поддршка на оваа кампања и ќе ја поддржиме во целост, истакна Давор Стојаноски, директор на ракометниот клуб Вардар. РСБСП и РК Вардар апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат безбедно и одговорно, да се однесуваат тимски на патиштата и да бидат шампиони со своето позитивно и одговорно однесување во сообраќајот. Кампањата ќе се реализира во две фази. Првата фаза започнува денес и ќе трае шест месеци.  