вози и се слика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Jun 2018 07:17:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вози и се слика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатите во кампања „Го сакам градот безбеден“, само Јелена Спенџарска опасна по живот… туѓиот и својот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-vo-kampanja-go-sakam-gradot-bezbeden-samo-jelena-spendzarska-opasna-po-zivot-tugjiot-i-svojot-foto/ Fri, 22 Jun 2018 07:17:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33775

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) има нова кампања за безбедно возење и движење во градска средина насловена „Го сакам градот безбеден“. На неа се приклучија голем број познати личности, јавни и популарни медиумски фаци како легендарниот радиоводител Виктор Петров - Викса, новинарките и уреднички од информативните програми и вестите на ТВ Сител - Славица Цаци Арсова и Елена Марковска од ТВ Алфа, популарната ТВ водителка Билјана Дебарлиева од Канал 5... и уште дузина други кои ја поддржуваат кампањата.
Облечени во маички со логото на кампањата тие ги постираа фотографиите на своите профили на социјалните мрежи... И додека сите го сакаат градот безбеден, една друг медиумски лик постираше нешто, со што го покажа токму спротивното -  како не треба. Водителката на Канал 5,  Јелена Спенџарска покажа дека е опасна по живот! Закана во движење и за својатат и за туѓата безбедност!
Имено беровчанката со привремена скопска адреса на живеење, жива среќна и „освежена“ додека вози велосипед си правеше селфи видео и фотографии. Со едната рака го држи гиданот, во другата мобилниот , а погледот вперен во камерата додека забрзано ги врти педалите. До душа вози по патеката на кејот на Вардар, ама што ако, кога и таму се движат и други велосипеди, се ролат ролерки, се возат скејтборди, рекреираат пешаци... а Спенџарска вози и се слика!
Очигледно, девојката со велеосипедот не го знае редот! Класичен пример за поука на помладите како не треба: „Деца, никогаш и никаде не правете го ова... Меѓу другото за да не ви се случи она како во приказната: Прво, види возам без раце, а потоа... види „вожам беж жаби“!]]>