возачи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Dec 2023 12:58:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png возачи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Совети за гумите за зимските утра https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-za-gumite-za-zimskite-utra/ Fri, 01 Dec 2023 13:15:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329595

Возачите зиме честопати се соочуваат со пречки во покренувањето на возилото наутро, поради „заглавени гуми“ коишто „шлајфуваат“. А, многупати, дури ни зимските гуми не го решаваат проблемот. Следат неколку совети околу тоа. Пред сѐ, ако тркалата се заглавени, со сила не бидува ништо. Советот гласи: Се почнува прво со втора брзина, наместо прва. Потоа, може да помогне и нишање на автомобилот напред – назад користејќи ги и квачилото и педалата за гасот наизменично, пишува „Сити магазин“ (City Magazine). Ако и тоа не успее, тогаш возачот треба да излезе од возилото и да го исчисти снегот околу тркалата и евентуално од издувната цевка. Доколку има мраз под тркалата, тоа се крши полека, со тврд или остар предмет, внимавајќи на гумите. Натаму, ако возилото има режими на возење, се избира оној „за снег / лизгаво“. Последниот совет гласи: Поставете патосница веднаш пред погонските тркала – каква било подлога што не се лизга – нешто што ќе обезбеди подобра влечна сила под тркалата. извор:курир.мк фото:freepik]]>

Жените возат одговорно: Биди горда што си жена и што си безбеден возач! https://arhiva.vistina.com.mk/zenite-vozat-odgovorno-bidi-gorda-shto-si-zena-i-shto-si-bezbeden-vozach/ Tue, 08 Mar 2022 09:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242124

Улогата и значењето на жената за безбедноста во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач и едукатор е неприкосновена. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи, Скопје Сити Мол и Здружението Љубители на класик мини и Пежо 404, по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, организираат заеднички настан пред платото на Скопје Сити Мол. Во склоп на настанот ќе биде организиран почесен круг низ центарот на градот, под мотото „НАМАЛИ ЈА БРЗИНАТА, ЗГОЛЕМИ ЈА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА“ на кое активно учество ќе земат успешни жени од различни професии (возачи на автобус, пилот, полицаец, пожарникар и др). Да се биде жена возач во 21 век, не е ниту привилегија, ниту демонстрирање на општествен статус, ниту културен манир или моден детал, туку едноставно тоа е потреба и сериозна обврска. Динамиката на живеење и секојдневните и многубројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден, како на работното место така и во рамките на семејството, ја прават жената сигурна, цврста, истрајна, решителна, упорна и успешна во сите сфери на општественото живеење, па и во возењето. Сите возачи секогаш треба да ги имаат предвид можните опасности и несакани ситуации во сообраќајот, како и начините за нивно избегнување. Статистиката потврдува дека жените се безбедни возачи, дека поретко се вклучени во сообраќајни незгоди со фатални последици, дека брзото и агресивно однесување во сообраќајот, слушањето гласна музика и пушењето за време на возење не е својствено за жените, како и дека ретко може да се види жена да ги потценува последиците од управувањето со моторно возило под дејство на алкохол и сл., но и дека жените возачи знаат почесто да зборуваат на мобилен телефон додека возат. И покрај сето ова и сите општествени напори, за жал, сè уште постојат одредени суптилни форми на стереотипи за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи. Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска, Скопје Сити Мол и партнерите подржувачи на кампањата со апел: Почитувани жени-возачи – вашиот личен пример и личниот придонес нека биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво. Возете одговорно и безбедно, за вас и за вашите најблиски! Честит 8 Март!]]>

Совети за возачи: Како е најдобро да возите во магла? https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-za-vozachi-kako-e-najdobro-da-vozite-vo-magla/ Thu, 31 Oct 2019 13:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115734

Метеоролозите најавија опаѓање на температурите, а во многу делови на земјава тоа значи и појава на магла, особено во раните утрински часови. Како возачи треба да бидете исклучително внимателни во вакви временски услови, а секогаш е добро да научите некоја лекција плус како да бидете подобри учесници во сообраќајот, пред сѐ за своја лична безбедност. Опасно е да се ориентирате по задните светла на возилото пред вас, бидејќи во случај на густа магла тоа значи дека не го почитувате правилото за безбедно растојание. Колку изнесува безбедното растојание од возилото пред вас? Тоа е растојанието што го минувате со автомобилот при моментната брзина, за време од две секунди. Ако видливоста е многу влошена, намалете ја брзината и вклучете ги задните светлата за магла. Не го правете тоа во случај на блага магла бидејќи така само ги заслепувате возачите зад вас. Пожелно е да ги вклучите и предните светла за во случај на магла кои се корисни и во случаи на силен дожд или снег. Во случај на радикално намалување на брзината, вклучете ги сите четири трепкачи. Во случај на магла користете ги кратките светла бидејќи маглата делува како огледало и долгите светла може да ве заслепат. Исто така, потпрете се на најосновните методи на концентрирано возење. Намалете ја јачината на радиото или системот за забава во возилото и кога чекате на раскрсница спуштете ги прозорците за да чуете дали се долижува возило. Секогаш одржувајте ги чисти стаклата и особено внимавајте да немаат мрсни траги од внатрешната страна. Ако имате клима-уред, се препорачува да го вклучите. Не заборавајте дека користењето на мобилен телефон додека возите, особено во специфични временски услови и услови на патот, не само што е противзаконски, туку е и опасно за вас и другите учесници во сообраќајот. извор: Кајгана]]>

„Главата не служи само за фризури и шишање“: Сара Мејс „распали“ по несовесните возачи – вклучи камера и ги сними (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/glavata-ne-sluzi-samo-za-frizuri-i-shishanje-sara-mejs-raspali-po-nesovesnite-vozachi-vkluchi-kamera-i-gi-snimi-video/ Sun, 31 Mar 2019 09:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80184

Пејачката Сара Мејс е активен учесник во сообраќајот како возач, ама во скопскиот собраќаен метеж и владеење на постојан хаос, таа едноставно не може да си ги поштеди нервите. Сара не од оние возачи кои креваат тензии, па кога некој непрописно им стои во лета, газат на сирената до оглувување.
Сара Мејс, наместо да го прави тоа кога веќе лентата и беше блокирана, реши да го вклучи мобилниот и времето додека чекаше, реши да се снима и да ја покаже ситуацијата, но и да укаже што се прави и како не треба. -Нема да е лошо некои луѓе некогаш да го уклучат мозокот. Главата не служи само за фризури и шишање, се мисли со неа од време на време, стои во описот на видеото. Откако го кажа своето и си олесни себе си, колоната возила се придвижи, но за жал таа повторно мораше да чека на црвено.]]>

Еве кои хороскопски знаци се најдобри возачи, а кои најлоши https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koi-horoskopski-znaci-se-najdobri-vozachi-a-koi-najloshi/ Tue, 05 Feb 2019 12:45:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71098

Управувањето со автомобил е важен дел од современиот животен стил, со оглед на тоа дека минуваме голем дел од денот зад воланот. Добриот возач ја става безбедноста пред брзината, има добри рефлекси и не гледа на улицата како на писта. Кога станува збор за хороскопските знаци, припадниците на овие неколку знаци можат да се одвојат како најдобри возачи: 1. Јарец По сите критериуми, Јарците се добри возачи. Тие се стрпливи, одговорни и добро се подготвуваат за возењето. Тргнуваат навреме, пресметуваат каде има метеж, ги проверуваат условите на патот и не се склони кон кршење на законите. Многу се внимателни со алкохолот и однапред обезбедуваат „замена“ за возач ако предвидат луда забава. Славни јарци: Николас Кејџ, Бредли Купер, Орландо Блум, Дензел Вашингтон и други. 2. Девица За девицата приоритет се безбедноста и доверливоста. Нејзини одлики се добро темпирање, внимателност и совесност. Таа прави сè според прописите, ризиците од несреќа и казни ги сведува на минимално. Нема изразен натпреварувачки дух и мирно им дозволува на другите да ја претекнат. Понекогаш многумина ѝ преговараат за бавноста. Славни девици: Блејк Лавли, Крис Пајн, Меколи Калкин, Том Форд и други. 3. Бик Внимателен и воздржан, бикот е одличен возач под услов некој да не го предизвика бидејќи тогаш подивува. Приоритет му е да го сочува здравјето на својот љубимец на четири тркала и да избегне  поправки, средби со полиција и осигурителни компании. Ако намириса ризик од штета максимално ја намалува брзината, дури ако треба ќе го забави сообраќајот. Сака брзо возење, но доколку тоа го допуштат условите и законите. Славни бикови Боно Вокс, Денис Родман, Кејт Бланшет и други. За најлоши возачи се сметаат луѓето родени во знакот на Овен, Риби и Стрелци.]]>

(ВИДЕО)Како е можно овие возачи да добиле возачка дозвола? https://arhiva.vistina.com.mk/video-kako-e-mozno-ovie-vozachi-da-dobile-vozachka-dozvola/ Wed, 18 Oct 2017 12:25:00 +0000 http://vistina.mk//?p=355

Овој видео прилог не служи за забава, веќе како предупредување и потсетник што се може да се случи, доколку зад воланот немате присебност, трпение и толеранција Заради различни фактори и причини на секого може да му се случи да направи грешка во возењето. Меѓутоа, кога зад тешки сообраќајни незгоди стои безобѕирно и арогантно возење, човек мора да се запраша како е можно овие луѓе да добиле возачка дозвола? Игнорирање на црвено светло на семафор, претекнување и заобиколување без претходно гледање во ретровизор, одмаздничко однесување зад воланот и преземање на правдина во свои раце се само дел од директните причини кои доведоа до тешки сообраќајни несреќи во приложеното видео. Овој видео прилог не служи за забава, веќе како предупредување и потсетник што се може да се случи, доколку зад воланот немате присебност, трпение и толеранција. извор:високиоктани.мк]]>