воспалени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 29 Sep 2019 09:51:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png воспалени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков има проблем и решение за „воспалени(е)“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-ima-problem-i-reshenie-za-vospaleni-e-foto/ Sun, 29 Sep 2019 09:51:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109562

Познато е дека македонската ТВ водителка Снеже Велков последниве години „опасно се навлече“ на вежбањето и физичката активност, па пилатесот од рекреација и премина во „прва љубов“... Или најважна споредна работа во животот. А можеби и главна, зашто како стојат работите со медиумите, излегува дека од физчката култура многу подобро може да се заработи и живее отколку од културата пред камери! Затоа убавата Снеже не пропушта ниту еден ден да нема тренинг. Што сама заради себе, што како инструкторка на другите. Затоа на психофизички, а особено на физички план  е во секое време 100% фит! Блазе си и, што би рекле некои, а блазе си му и на „оној што ја има“... Или оној со кого згодната русокоса ја споделува акумулираната енергија. Е сега, некои ќе речет дека секоја физичка активност има и нуспојави, па после секое вежбање болат мускулите. Така е, ама и не е така... Зашто Снеже и за тоа има лек! „Истегнувањето после вежбањето е важно за да се намали воспалението и да се релаксираат мускулите“  - тврди фитнес инструкторката.  Што во превод би значело, ако сте баеги воспалени, добро растегнете се... за подобра релаксација! Сеедно дали после вежбање или некоја друга физичка активност која ви причинува задоволство. Само проблемот е што повеќето „се воспалуваат“ пред да почнат со активност! Како и да е, Снеже Велков тој ден после три тренинга, така релаксирана и добро растегната како ластик, тргна да си оди дома, арно ама... На инструкторката нималку не и беше лесно, а уште помалку  сеедно, кога после толку тренинг, налета на расипан лифт кој не работи... А знаете ли колку скали има за качување до 8-от кат? И замислете како и било после се', ако уште дома ја дочекал „блазе оној што ја има“... „воспален“!!? ]]>