воскресението – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 15 Apr 2023 07:16:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png воскресението – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста https://arhiva.vistina.com.mk/velika-sabota-denot-megju-smrtta-i-voskresenieto-denot-shto-gi-spojuva-raspnuvanjeto-i-radosta/ Sat, 15 Apr 2023 07:12:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145487

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат. Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ. На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе. Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник. Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.]]>