вокал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Aug 2022 09:31:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вокал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Невенка Кочовска – вокалниот солист на легендарната македонска група „Мањифико“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-nevenka-kochovska-vokalniot-solist-na-legendarnata-makedonska-grupa-manjifiko/ Fri, 26 Aug 2022 06:25:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264128

Македонската актерка и пејачка Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук вчера попладне, 26. август 2022 г. објави дека нејзината мајка Невенка Кочовска, легендарната вокалистка на некогаш мегапопуларната македонска група која пееше мексикански и латиноамерикански мелодии - „Мањифико“, починала. Тања во описот ставила само емотикон црно срце. Набрзо по објавата започнаа да пристигнуваат пораки со сочувство до семејството Кочовски за загубата. Жената со волшебен  глас во последните години од својот живот боледуваше од Алцхајмероватра болест, а членовите на семејството ецело време беа покрај неа и во најтшеките мигови.  Нејзината ќерка Тања зборуваше отворено за состојбата на својата мајка и како се справуваат како семејство со нејзината здравствената состојба. „Мањифико“ беа активни на сцената повеќе од 30 години. Во текот на нивното 31-годишното постоење, групата имала богата интернационална кариера и настапи во 37 земји низ светот, остварувајќи 3700 концерти, со учествуво и на 600 хуманитарни настапи и концерти. Групата беше особено популарна во 1960-те и 1970-те години во некогашна Југославија, каде биле и едни од ретко избраните естрадни уметници кои му пееле на маршалот, доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Последниот настап го имаа 1990-та, на голем концерт на Градскиот стадион во Скопје, на кој се собираа средства за доградба на Соборниот храм. Нивниот последен јавен настап се случи пред пет години на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ кога „Мањифико“ доби награда за животно дело. Тогаш сите членови на семејството Кочовски, Невена, со сопругот Панче и ќерките Лидија и Тања Кочовски ја изведоа мексиканската песна „Мама Хуанита. По повлекувањето од музичката сцена таа работеше како наставничка по музичко образование во ОУ „Лазо Трповски“ во Скопје. Иако болеста ѝ напредувала, нејзиниот глас останал моќен. Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска неретко од удобноста на нивниот дом знаеше да сподели во јавноста прекрасен музички поздрав упатен преку социјалните мрежи во придружба на нејзините родители. Редакцијата на Вистина.ком.мк упатува искрено и длабоко сочувство за загубата на семејството Кочовски. Фото: Инстаграм и фејсбук принтскрин/ приватна архива]]>

Група „Академци“ добија женско вокално засилување https://arhiva.vistina.com.mk/grupa-akademci-dobija-zensko-vokalno-zasiluvanje/ Tue, 18 Feb 2020 11:54:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134782

Популарната фолк група „Академци“ која е добро позната на народната музичка сцена, од неодамна има нов член. Станува збор за младата и талентирана пејачка Ивана Серафимовска која меѓу членовите на „Академци“ ќе биде женско вокално засилување. Фестивалите се музички настан каде естрадата има прилика да се дружи и да ги проширува своите идеи за соработка, а Ивана како искусен фестивалски изведувач, како и „Академци“, најдоа своја заедничка фреквенција на која ќе функционираат отсега и во иднина. Исто така, Ивана и Драган Николовски, вокалот во групата, неодамна учествуваа заедно во едно од поновите изданија на кулинарското шоу „Брза кујна“, каде освен што ги измерија силите во готвење, пред камери имаа прилика да запеат заедно, а со тоа да ги слушнат и бројните гледачи на емисијата. Инаку, од „Академци“ – во проширен состав, наскоро се очекуваат нови кавери и песна на која работат во студио. Ивана Серафимовска наскоро ќе ја издаде и својата соло песна насловена „Дуња“ за која подготвува и спот. Во 2018 година ја гледавме на фолк-фест „Валандово“ со „Од луда до заљубена“, а минатата година настапи на истата сцена со песната „Фотографија“. „Академци пак, постојат од далечната 1987 година, а во 2017 година обележаа јубилеј од 30-годишна музичка дејност.]]>

Концерт на Горан Таневски и „Мизар“ – Друго Откровение во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-goran-tanevski-i-mizar-drugo-otkrovenie-vo-mkc/ Thu, 06 Jun 2019 13:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91760

Легендарниот член и еден од основачите на култната македонск група „Мизар“ , вокалистот Горан Таневски заедно со поставата наречена „Мизар“ - друго откровение ќе одржи концерт на 13 јуни 2019 г. во МКЦ - Скопје.
Од МКЦ известуваат дека сите оние што имаат купено билети за концертот на Горан Таневски и Мизар: Друго Откровение, ќе може да присуствуваат и на јавната проба на бендот ден порано,  на 12 јуни (среда), со почеток од 20 часот во МКЦ.]]>