војдан чернодрински – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Mar 2023 13:37:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png војдан чернодрински – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Премиера: „Пипи долгиот чорап“ во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-pipi-dolgiot-chorap-vo-prilepskiot-teatar-vojdan-chernodrinski/ Thu, 09 Mar 2023 10:34:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292670

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска, четврток, 9-ти март 2023 година, премиерно ќе биде изведена претставата „Пипи долгиот чорап“ според текстот на шведската авторка Астрид Линдгрен во драматизација на Ивана Нелковска, а во режија на Кристина Димитрова. Во претставата играат Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски и Михајло Миленкоски. Музиката е на Томе Темелкоски, сценографијата на Бојана Артиновска Трпческа, а костимографија и дизајн на плакатот на Христијан Нашуловски.]]>

МНТ го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ со „Народен непријател“ https://arhiva.vistina.com.mk/mnt-go-otvora-56-mtf-vojdan-chernodrinski-so-naroden-neprijatel/ Thu, 02 Jun 2022 12:44:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252930

Македонскиот народен театар на 3 јуни го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. „Со особено задоволство ја прифативме поканата од селекторот на фестивалот, Иван Додовски, да учествуваме на овој реномиран театарски фестивал, кој во годините наназад како и денес на вистински начин знаел да ги негува естетските вредности“ -  велат од МНТ. Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“, која ќе се одигра во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.  ]]>

Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински” во септември, а „Пеце Атанасовски” на крајот од август https://arhiva.vistina.com.mk/teatarskiot-festival-vojdan-chernodrinski-vo-septemvri-a-pece-atanasovski-na-krajot-od-avgust/ Mon, 08 Jun 2020 11:18:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152892

Востановената практика, МТФ „Војдан Чернодрински“ да почне првиот петок во јуни, годинава нема да се задржи. Се пролонгира одржувањето на фестивалот. В петок на 5 јуни нема да се крене завесата за старт на театарскиот фестивал. Корона кризата го направи своето. Љубителите на театарот нема да уживаат во еднонеделно театарско доживување на фестивалските претстави во редовниот термин. Уметничкиот директор Катарина Хаџивасилева Коцевска се надева дека фестивалот ќе се одржи во септември. Ќе одржиме онлај состанок со членовите на фестивалот и ќе донесеме одлука што понатаму. Дај Боже кризата да помине и во септември да го одржиме 55-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. А имав толку многу замисли за јубилејното издание. Реализацијата зависи не само од кризата, туку и од одлуките што ќе ги донесеме. Годинава воспоставивме соработка со европската мрежа за современа драма Еуродрама и треба да ги доделиме наградите за избрани драми, вели Коцевска за порталот „Маркукуле“. Инаку, во досегашната историја на фестивалот, само еднаш се случило да не се одржи од оправдани причини пред 40 години. Во планираниот термин, почетокот на јули нема да се одржи ни фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Според најавите, годинашното издание се подготвува за крајот на август, а секретарот Златко Лашкоски вели дека сепак ќе има семинар, промоција на зборник, но дека ќе има редукција на изведувачи само да се продолжи и одржи традицијата. Што ќе биде поконкренто и како, ќе се знае наскоро, откако членовите на фестивалот ќе добијат насоки од Министерството за култура што ќе бидат навреме откриени на јавноста. извор: република]]>

Димитар Андоновски доби две награди за најдобра музика на 54. МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-andonovski-dobi-dve-nagradi-za-najdobra-muzika-na-54-mtf-vojdan-chernodrinski/ Tue, 18 Jun 2019 11:46:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93330

Димитар Андоновски на македонската публика и е познат како пејач и автор, како соло-изведувач и во поново време како вокалист на „Тајфата“, но веќе неколку години сè поактивен е и како композитор на театарска музика. Дека успешно плови и во овие води, доказ е наградата за најдобра музика што ја доби на неодамна одржаното 54. издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Имено, Андоновски се закити со ова признание за музиката што ја напиша за дури две претстави – „На отворено“ од театарот „Комедија“ и „Пиреј“ на Прилепскиот театар.
„Денес сум посебно среќен. Денес му благодарам на Бог и славам дупла среќа.Денес добив признание за мојата работа во театар и тоа за двата проекти на кој работев годинава.,,На отворено"во соработка со Театар Комедија и,, Пиреј“ во соработка со Прилепски театар. Истите се наградени за најдобра музика на престижниот фестивал за театар,, Војдан Чернодрински“. Чест ми беше да правам музика и да соработувам со луѓе од кои секојдневно собирам искуства, но и црпам инспирација..Сакам јавно да им се заблагодарам на режисерите Андреј Цветановски и Љупчо Ѓорѓиевски, за укажаната доверба и чест да ја компонирам музиката за претставите, но и на директорот на Театар Комедија Сашо Ристовски и претпоставените на театарот Војдан Чернодрински од Прилеп за укажаната доверба и чест да соработувам со нив.Ова е заеднички успех на сите нас, на сите соработници и силно посакувам и во иднина да бидеме вака плодни, полни со нова енергија, да создаваме театар и да чекориме кон заеднички успеси“!]]>