водопади – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Jul 2020 11:27:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png водопади – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатато „Колешино“ во песна препеана од Стојне Николова и свој видеозапис (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatato-koleshino-vo-pesna-prepeana-od-stojne-nikolova-i-svoj-videozapis-video/ Thu, 23 Jul 2020 11:27:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160212

Стојне Николова го промовираше новиот спот за песната која е посветена на познатото Струмичко село Колешино. Во видеото покрај убавините на ова Струмичко село, вклучувајќи ги Колешинските водопади кои се главна атракција и препознатлив белег, преку мини филм е прикажан и животот на жителите на Колешино. „Песната е навистина убава и многу ми е драго што токму јас ја отпеав.  Музиката е на Наско Џорлев, аранжманот е на Бобан Мојсовски, а текстот е на Глигор Смилков, кој што веќе не е меѓу нас, а потекнува од Колешино. Јас и Бобан само малку го досредивме текстот“ - изјави Стојне во неодамнешното интервју за ИН ТВ  и додаде: „Два дена снимавме во Колешино, убаво село кое што се наоѓа во мојот роден крај и навистина ми е драго што конечно имаме една убава песна. Мислам дека сите естрадни уметници треба да практикуваат да ги обновуваат старите песни за нашите убави краеви во прекрасната наша Македонија“ - истакна Стојне во интервјуто за ИН ТВ. Идејата за реализација на овој проект е на Драгана Ѓореска која што потекнува од Колешино и секако со помош на мештаните од селото. Инаку, во песната која е снимена и продуцирана во музичкото студио „Анастасија“ е вклучен и еден од најдобрите музичари и виртуоз на хармоника Мишел Трајковски, кој што не го криеше задоволството од соработката со неговата колешка Стојне: „Добив покана од Бобан Мојсовски и Стојне да бидам дел од оваа песна, баш ми е мило и им Благодарам за поканата“ - ќе изјави Мишел зпри снимањето на видеото. https://www.youtube.com/watch?v=sGuru2AKNxY&feature=emb_logo  ]]>

Нереални водопади кои го одземаат здивот со својата убавина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nerealni-vodopadi-koi-go-odzemaat-zdivot-so-svojata-ubavina-foto/ Fri, 09 Aug 2019 13:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101373

Националниот парк во Тајланд, Ераван, никого не остава рамнодушен со неверојатната убавина, прекрасната тиркизна вода, но и нереалните водопади. Овој парк е основан во 1975 година како 12-ти национален парк во Тајланд. Ераван покрива подрачје од 550 квадратни километри шума и бројни потоци и реки, преполни со помали и поголеми слапови и природни смарагдни базени. Ераван е еден од најпознатите национални паркови во Тајланд, а неговата главна атракција е истоимената низа од седум водопади кои течат преку карпите. Името го добиле по троглавиот бел слон од хиндуистичката митологија, на кој тие наводно наликуваат.
Во Ераван, покрај водопадите, можат да се видат и неверојатни пештери како и голем број животни – од тигри, слонови, елени и летечки верверички па сè до кралска кобра. Меѓутоа, најчести се макаки мајмуните кои им се добро познати на посетителите по крадењето. Мајмуните често доаѓаат близу водопадите и крадат работи додека луѓето се капат.
Водопадите се инаку најпосетени за време на годишниот фестивал Сонгкран кој се одржува од 13-ти до 15-ти април, кога се собираат голем број на луѓе.
извор:точка.ком.мк]]>