водно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Sep 2023 08:34:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png водно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сопругата на македонскиот пејач е мотиватор за тазе мајки, а ретко која би се осмелила на ваков чекор (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/soprugata-na-makedonskiot-pejach-e-motivator-za-taze-majki-a-retko-koja-bi-se-osmelila-na-vakov-chekor-foto/ Mon, 11 Sep 2023 07:00:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317262

Постпартум периодот за мајките знае да биде особено тежок и предизвикувачки напорен, особено за оние кои за првпат се оствариле како мајки. За сопругата на македонскиот пејач Павле Камилоски, планинарката Ирина Дишо, оваа фаза е период за адаптација, како за неа така и за бебето, но вообичаените мајчински први месеци се поинакви. Па така, наместо поголемиот дел од денот да го минува дома спознавајќи се’ и сешто, Ирина гледа задолжително дел од денот да го помине во природа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)

Поточно, таа не излегува од својата секојдневна рутина, а тоа е искачувањето на Водно. Тазе породената мама сега е мотиватор која преку Инстаграм ги кани попхрабрите и ентузијастички настроените мајки да ги земат своите бебиња во „кенгур“ и заедно со неа да се искачуваат. „Дали денес видовте поубава слика“, рече Ирина која планираше буквално и до пред породувањето и постојано споделуваше видеа и фотографии. Тоа најпрвин го направија четири нејзини пријателки, а сега од утре Ирина ги кани сите оние мајки кои се расположени да направат еден ваков смел потег. Дека лесно, не е, но искуството и дожвувањето е ненаборовано, особено со тоа мало суштевство на кое воздухот таму му е идеален за спиење, а за мамичките ова е идеален тренинг за враќање во форма. Ирина ги чека оние похрабрите, за и тие како неа да го почувствуваат благодетот и тоа во конекција со бебето на себе. За потсетување планинарката Ирина и пејачот Павле Камилоски пред речиси три месеци станаа родители за првпат, добија синче кое го носи името Јосиф како неговиот дедо. фото:Инстаграм принтскрин/Ирина Дишо]]>

На македонскиот пејач еден поглед од падините на Водно му ги отвори очите: Стан над облаците за да го избегне загадувањето, вирусите и грипот или… враќај се во Штипот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-makedonskiot-pejach-eden-pogled-od-padinite-na-vodno-mu-gi-otvori-ochite-stan-nad-oblacite-za-da-go-izbe-zagaduvanjeto-virusite-i-gripot-ili-vrakjaj-se-vo-shtipot-foto/ Mon, 26 Dec 2022 08:41:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281509

Скопје дише на шкрги... И то едвај. Македонската престолнина со денови е меѓу најзагадените градови во светот. Ваквото енормно загадување тешко го поднесуваат и здравите, а камо ли хронично болните и повозрасните... Особено дишењето смог, чад, хемикалии и тешки метали тешко има паѓа на оние на кои грлото им е алат во занаетот што го одбрале за своја професија! Пејачите и пејачките, особено оние од естрадата ионака се изложени на зачадена средина во локалите и кафеаните каде што настапуваат, ама сега дерман немаат и кога не пејат. Особено дишењето на урбаниот скопски смог и чад тешко има паѓа на оние кои од малечки не се навикнати на него. Поточно на оние кои се дојденци од внатрешноста во македонската метропола, а таму каде што израснале воздухот бил чист планински или  барем приближно на тоа, а овој скопскиот негативно им влијае на гласот, но тоа е... Што да се прави, сите убавини на едно место - тешко. Еден од нив е и родениот штипјанец Јоце Панов, кој со години живее и работи во Скопје. Оддамна заминат од својот роден град по Исарот, пејачот тешко го поднесува скопското гушење, кое  очигледно му влијае не само на здравјето, како и на сите нам, туку и на кариерата. Затоа Јоце ја користи секоја прилика да побегне во природа, макар тоа било и скопско Водно, од каде најзгодно се гледа каде и во каква средина живееме и што „гнасотии“ дишеме. Само еден поглед од падините на планината над Скопје тоа и го потврди, каде во „смог панорамата“ на метрополата, се гледаа само последните катови на највисоките згради во градот од комплексот Џевахир! И додека Јоце на Водно дишеше со полни гради гледајќи ги високите згради, на пејачот му дојде идеја како да го избегне загадувањето, односно како да се почувствува како во годините на детството од својот роден Штип. „Џевахир... Само 40 кат му е мајката“ - констатираше Јоце додека си ја замислуваше бајката за скопски живот во кој ќе диши слободно и без гушење. Арно ама, со оглед на цените на квадратот на најгорни катови во споменатиот комплекс кој оди и над 1500 евра, пејачот за да си ја оствари замислата и да купи стан над облаците има само еден начин: Да пее едно две три години без денар да потроши од заработката плус да го продаде џипот... Или Јоце, враќај се во Штипот! Фото: Инстаграм принтскрин/jocepanov
 ]]>

Годинава крстот за Водици не се фаќаше, ама Ирена се соблече покрај крстот: Бог се јави, ама и фолкерката се јави… и тоа разголена од Водно (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/godinava-krstot-za-vodici-ne-se-fakjashe-ama-irena-se-sobleche-pokraj-krstot-bog-se-javi-ama-i-folkerkata-se-javi-i-toa-razgolena-od-vodno-foto/ Wed, 20 Jan 2021 08:10:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185795

Водици, Војордање или Богојавление, еден од најголемите христијански празници, православните христијани годинава го празнуваа малку поинаку. Без вековната традиција да се скока по крстот во претходно осветените води, а најсреќниот кој ќе го фати, да го следат здравје, среќа, радости, успеси... цела година. Него и неговото семејство. И додека верниците само ги посетија црковните храмови, палејќи свеќи за здравје, слушајќи ги молитвите и црпејќи од осветената вода, некој сепак реши да го фати крстот. Или да биде барем најблизу што може до него, и тоа до оној најголемиот, милениумскиот на врвот на Водно. Македонската фолкерка Ирена Вељовска беше една од ретките на која ниските минусни температури не и пречеа токму за Богојавление да се искачи на врвот на Водно. Малку за рекреација, малку за чалам, зашто иако годинава крстот за Водици не се фаќаше, Ирена реши да го фати, или барем да допре до него... Токму до оној најголемиот. И додека православните верници за Водици се поздравуваа со празничниот поздрав: „Бог се јави, навистина се јави“, се јави и фолкерката... И тоа разголена, од врвот на Водно! По теркот на Кардашијан, бугарските пејачки или колешките од Србија меѓу кои предничи Јелена Карлеуша на пример и Ирена Вељовска се разголе на студот. До душа не до толку, за да остане како нив само по танга гаќички на снегот, зашто ниту на празникот тоа не би му прилегало, ама доволно за на минусните темпартури да се смрзне како... знаете веќе што! Или на Ирена можеби не и беше студено зашто, ем загреана од пешачењето, ем од вербата во Бога, а Бога ми и од желбата да покаже какви секси атрибути има, беше доволно жешка. Секако, освен што не пропушти да се разголи, не заборави и  христијански да поздрави: „Бог се јави...“, па на сите да им посака убав ден! Колку студен, знае само пејачката, на која белким не и смрзна... Гласот! На гласот мислевме! Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska

Маестро Џамбазов – сениор конечно ја запозна „снашката“: Се знае ли сега „кој ќе пее по ноти“, а кому ќе му „планинарат по… живци“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/maestro-dzambazov-senior-konechno-ja-zapozna-snashkata-se-znae-li-sega-koj-kje-pee-po-noti-a-komu-kje-mu-planinarat-po-zivci-foto/ Wed, 23 Dec 2020 08:12:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182142

Игор Џамбазов и Илина Арсова, уметникот и сестраната спортистка, актерот, водител и пајач и планинарката... Љубовна идила на 2020-тата, македонската „ Love story“  на годината која барем за малку не оттргна од сивилото, песимизмот, изолацијата, апатијата и безнадежноста кои најгрдата година во новиот милениум досега, ни ги донесе. Љубов на прв поглед или внимателно подготвувана романса, подгревана со години, за да се случи во вистинско време... Сеедно, важно навидум неспоивото, споено како со „супер лепак“ и беспрекорно функционира, како швајцарски часовник, како Голф двојка... Барем засега... А веројатно и отсега и дај Боже и за навека! Дека работата станува сериозна, па од авантура полека се претвора во „љубовна бура“ која ги допира сите сетила и сериозно „се заканува“ по бурата на чувствата, да огрее сонце на вечноста, наговестуваат многу нешта. Кога си со некого 24/7 и заедно правите се' живо редум, освен она што едниот не може за разлика од другиот, како качувањето по карпи за Игор или компонирањето песни за Илина, доаѓа време да се запрашате една раработа: Кога спротивностите веќе толку се привлекуваат, дали не е време заедништовото и да се озакони? Иако парчето хартија ништо не значи, сепак, можеби на некој начин повеќе обврзува? А првиот чекор кон таквиот чин е... да се запознаат родителите на вашата втора половина, посилна или понежна сеедно! Токму затоа, по сите изминати месеци љубовна дружба со својата друшка, Игор Џамбазов реши да ја запознае Илина со татко му... Познатиот и признат, реномиран композитор и диригент, маестро Александар Џамбазов. Трилатералната средба, случајна или намерна, спонтана или „наместена“,  закажана или „апансас“... сеедно, се случила на Водно. На врвот кај крстот, нешто подолу кај жичарницата или во подножјето на едно од познатите ресторанско-мотелски прибежишта, кај еден од старите јатаци на Игор? - засега не е познато. „Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу @maestrodzambo, @ilina_arsova и дечкото без брада“ - напиша Игор на својорт Инстаграм профил.   Блиска средба од спонтана природа или наменска од „оној вид“ и има ли зошто, наскоро ќе покаже времето. Како се одвивала средбата, по кој протокол, кој кому што му кажал и што го прашал, какви се првите впечатоци... не се знае. Всушност се знае, ама тоа си знаат само оние што на Водно се сретнаа. Она што е познато е само дека маестро Џамбазов - сениор, конечно ја запозна „снашката“. Се знае ли сега „кој ќе пее по ноти“, а кому ќе му „планинарат по... живци“? - е всушност дилемата која најмногу ја мачи оваа нација, за дадената ситуација!    ]]>

И помладите да и позавидат на затегнатото тело со мускули: Ирена Спировска на Водно се рекреираше во минијатурна спортска облека (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/i-pomladite-da-i-pozavidat-na-zategnatoto-telo-so-muskuli-irena-spirovska-na-vodno-se-rekreirashe-vo-minijaturna-sportska-obleka-foto/ Mon, 14 Sep 2020 06:14:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166749

На велосипед, параглајдер, кајак, само со пешачење и искачување врвови - вака адреналински живее ТВ водителката Ирена Спировска. Во здраво тело, здрав дух! Добро позната изрека која веруваме дека е примарната дезиза на Ирена. Спортувањето е половина здравје, а позитивната енергија што ја носи, се рефлектира најпрвин на себе, а потоа и на опкружувањето. Со тоа пак, внатрешна убавина е гарантирана, а истата, највидлива е однадвор. Овој рецепт за здрав и исполнет живот, без исклучок е принципот на Ирена, која е пример за жена што знае како да ги задоволи потребите за животен баланс. Нејзиното слободно време секогаш е организирано со агенда за планинарење и адреналин во природа. Овој пат заедно со својот партнер Дишко и друпа пријатели имаа нова цел,не многу далечна - Скопско Водно, па објавија и неколку фотографии. Кога сме кај резултатите од ваквиот стил и начин на живот, најдобар доказ е изгледот на Ирена која иако е длабоко во петтата деценија, изгледа перфектно. Во случајот, кусиот црн топ кој го открива нејзиниот мускулест стомак е во фокусот на перцепцијата, но и кусите панталончиња од кои ги откри згодните и затегнати нозе. Таа е позната и успешна дама со повеќе од дведецениска медиумска кариера, а за сите останати, па и помладите, може да биде пример дека годините немаат врска со активноста, убавината и ведриот дух полн со желба за нови и возбудливи животни врвови.]]>

Диви кози на Водно… само што овие не блеат, туку музицираат и пеат! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/divi-kozi-na-vodno-samo-shto-ovie-ne-bleat-tuku-muziciraat-i-peat-foto/ Thu, 21 May 2020 08:08:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150684

Коронавирусот за жал, се' уште царува, речиси секоја втора професија е принудена да мирува! Многу дејности се ставени „во лер“ и чекаат подобри денови да тргнат од „паркингот“, каде пандемијата принудно ги „паркираше“, на одредено време. Во меѓувреме, додека поголемиот дел од луѓето се повлекоа во своите прибежишта за да се заштитат од опасниот „невидлив непријател“, она што е повеќе од видливо е дека природата се разбуди. нејзиниот главен „непријател“ е во „дефанзива“, па таа сос ета своја сила тргна во офанзива, во обнова на своите ресурси, кои ние луѓето свесно или несвесно, слчучајно или намерно се' повеќе и ги уништуваме. Делфини во Венеција, китови во Јадранот, мечки на автопат, ретки птици по езерата, срни по викендичките... се само некои од многуте забележани, дотогаш невообичаени појави. Најновата и овде кај нас во македонската престолнина или попточно нејзината најблиска околина. Дивокози на Водно!?  Ма, не е можно?! - зачудено ќе рече некој. Можно е... и тоа како е можно! Диви кози тоа необични... Овие не блеат, туку музицираат и пеат! Ако се' уште не ви се верува, тука е фотографијата како „крунски доказ“. „Ако коза лаже - рог не лаже“ - така велат, нели? Епа на фотографијата е добар дел од македонската естрадна елита. И авторска и изведувачка, зашто Александар Тарабунов, Роберт Билбилов, Дарко Димитров, Огнен Здравковски, Роберт Зимбаков, Зоран Стојановски - Зонде... не се било кои! Едни од најпознатите македонски музичко, текстуално-визуелни автори, кој композитор, продуцент, музичар, пејач... кој текстописец или уметнички фотограф и режисер, се собраа на купче, па решија дејноста да ја заменат со малку спорт или поточно колективна прошетка во природа! Па како крдо диви кози, како што напишал самиот Тарабунов под фотографијата, правец искачување на врвот на Водно! Ем корисно, ем забавно, ем здраво, ем социјална дружба и размена на искуства, а можеби и по некој договор за нова соработка... Во секој случај, убаво и полезно! Овој пат друштвото „естрадни дивокози“ беше машко - „прч до прч“! Колешките под естрадата останаа во подножјето на Водно. Која по дома, „љубоморна“ што не ја викнале со нив, како Елена Ристевска на пример, која „лута“ што тие шетаат, а не ја оставиле да ги чека во студио, ко „утка“... како Тамара Тодевска!? Како и да е, многу талент на една фотографија, како што напишал еден нивни пријател, покрај споделената слика. Можеби следниот пат талентот на фотографијата ќе биде уште поголем, зашто двете распени дами  веднаш добија понуда следниот пат да и се придружат на естрадно - планинарската екипа... За, заедно да се потат!        ]]>

Планинарско-велосипедски хепенинг „Почни со Водно“ https://arhiva.vistina.com.mk/planinarsko-velosipedski-hepening-pochni-so-vodno/ Thu, 20 Jun 2019 08:28:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93602

Планинари, велосипедисти, рекреативци и сите љубители на природата, се поканети на планинарско-велосипедски настан „Почни со Водно“ што ќе се одржи вечер во организација на Амбасадата на Република Словачка во Скопје и планинарското друштво „I Love Hiking”. Стартот е во 18.30 часот пред основното училиште „Кочо Рацин”, а учесниците ќе можат да се искачуваат до врвот на Водно заедно со планинарите или со велосипедистите. Организаторите најавуваат дека за сите што ќе стигнат до врвот на Водно, ќе има подготвена храна, словачки пијалок, како и добра забава.]]>

За да не се задуши, македонската ѕвезда заличи на „Дарт Ведер“ од „Војна на ѕвездите“: Можете ли да го препознаете? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-da-ne-se-zadushi-makedonskata-dzvezda-zalichi-na-dart-veder-od-vojna-na-dzvezdite-mozete-li-da-go-prepoznaete-foto/ Thu, 27 Dec 2018 09:15:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65096

Скопје се гуши во магла, чад, смог... и уште илјада други валканици кои воздухот во метрополата го прават загаден до ниво на неподносливост. Еколошки акции, протсети, апели, мерки... џабе! Ништо не помага. Главниот град се гуши, а со него и неговите жители. Неподносливата тешкотија на дишењето ја трпиме сите... и непознати и познати. Чистиот воздух што го нема, не може со ништо да се надомести, ама барем може да се ублажат последиците. Тој е една од најголемите македонски музички ѕвезди, со најдолг стаж, ама и со најспортски навики. Впрочем, не попусто има манекенска става и покрај тоа што е длабоко навлезен во шесстата деценија од животот.
Возење велосипед, трчање покрај кеј, пешачење, планинарење...
И кога е дома, во неговото какво-такво Скопје, и кога е некаде надвор, Дарио Панковски не ги заборава спортските навики и пропушта да се дружи со природата.
Ама со скопскиот воздух - тешко... Или барем тешко без маска.
Па затоа Дарио сакал-нејќел мораше да се „претвори“ во еден познат лик - кога е без маска! Македонската музичка ѕвезда во маската заличи на филмската ѕвезда - господарот на темнината Дарт Ведер од „Војна на ѕвездите“! 
Дарио оддамна е верен и отворен поддржувач на „Дојде живот“ опцијата... Е сега, како елементарните услови за живот од цело Скопје ги има само на Водно, и самиот се упати таму...
На планина - убавина! Сонце, чист воздух и преубав поглед... На какво-такво, ама негово и не само негово, туку и наше Скопје!   Ама... ајде... Што е наше, белким ќе си дојде!  

„Прв до врв 2018“ в недела на Водно https://arhiva.vistina.com.mk/trka-prv-do-vrv-2018-v-nedela-na-vodno/ Thu, 17 May 2018 09:13:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27547

Трки во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам в недела на Водно ќе се одржат по шестти пат во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.
На програмата на „Прв до врв 2018“ се трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците. Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.
Годинава, како што најавуваат организаторите, се очекува да учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство досега. Пријавувањето за учество е се уште отворено преку веб страната www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети во четврток, петок и сабота на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.