водителска двојка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Aug 2022 12:35:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png водителска двојка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марјана Станојковска и Васил Зафирчев, домаќини на Интернационалната вечер на „Охрид фест 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-i-vasil-zafirchev-domakjini-na-internacionalnata-vecher-na-ohrid-fest-2022/ Tue, 30 Aug 2022 06:47:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264647

Во многуте традиции што за време на своето постоење ги создаде „Охрид-фест“, најомилена е водителската двојка на Интернационалната вечер, Марјана Станојковска и Васил Зафирчев. Тие двајцата едноставно се толку уиграни, така привлечно доминираат на сцена што се разбираат и со поглед. Плус, фантастично танцуваат и се големи љубители на музиката. „За мене е задоволство и уживање повеќе годишната соработка со „Охрид -Фест“, фестивалот кој речиси три децении континуирано ја негува македонската народна и забавна музика, ги обединува најзначајните музички имиња од регионот, гради музички мостови на пријателство, им дава одлична можност за промоција на младите а воедно ги афирмира и промовира вечните убавини на Охрид и на Македонија“ - вели Зафирчев. „Инаку, со прекрасната Марјана не врзува долгогодишно пријателство и соработка, а покрај модерацијата, не обединува и љубовта кон музиката и танцот. Се радувам што и годинава заедно со неа ќе бидеме домаќини на Интернационалната вечер на фестивалот и ќе се дружиме со изведувачите и публиката на сцената на „Долни Сарај“. „Со Васил сме супер тим“ - се надоврзува Марјана. „Ми одговара неговата енергија, неговиот сензибилитет, одлично се согласуваме. Тој е првенствено голем уметник, кој поседува извонреден талент и за сценски движења, токму затоа и кога се подготвуваме за „Охри фест“ одлучуваме да вметнеме некоја интересна танцова кореографија со која ќе ја изненадиме публиката. Да се работи со него претставува вистинска чест и задоволство. Патем, многу ја сакам музиката и се радувам на „Охрид фест“, бидејќи е единствен фестивал што гради регионални мостови на музиката и како што потенцира уметничкиот директор на Интернацоналната вечер, Горан Шарац-  “Охрид- фест“, тоа е како Евровизија на Балканот. Се гледаме на 3 септември во Охрид!“]]>