водителк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Apr 2023 07:37:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png водителк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По разводот Огњен Амиџиќ има нова љубов и тоа атрактивна колешка од ТВ Пинк (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-razvodot-ognen-amidhik-ima-nova-lubov-i-toa-atraktivna-koleshka-od-tv-pink-foto/ Tue, 11 Apr 2023 07:37:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297597

Огњен Амиџиќ повторно е заљубен! Девет месеци откако се разведе од втората сопруга, поранешната манекенка Данијела Димитровска, српските портали пишуваат дека срцето на популарниот водител е веќе окупирано. Како што дознава Република.рс, новата девојка на Огњен Амиџиќ е неговата колешка Мина Наумовиќ, која ја гледаме во сегментот „AmiG Show“ секој вторник во „Внимавај Мина“. - Да, тоа е точно. Во врска сме, но нашиот договор е да си ја чуваме приватноста и да не зборуваме за тоа - потврдил Амиџиќ за споменатиот портал. За Мина не се знае многу. На Инстаграм атрактивната бринета, каде ја следат близу 29.000 луѓе, можете да прочитате: „Родена сум среќна. И ќе умрам среќна. Среќна сум и сега“. Инаку, познавачите на новата врска велат дека таа започнала уште додека Амиџиќ бил во брак. Да потсетиме, минатото лето Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска решија да стават точка на десетгодишниот брак, кога со заедничка изјава се обратија до медиумите. „Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се рекламираме и да даваме изјави. Нашиот развод не е по вина на трето лице, па нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и бараме да ја почитувате одлуката да не се зборува на оваа тема“, напишаа тогаш. фото:ATA Images/Stori.rs/Instagram printskrin]]>