водици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:40:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png водици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник: Снеже Велков „на старост полуде“, ги измеша православните празници или побрза да ги слави Водици? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-plivashe-po-krstot-zashto-toa-ne-e-toj-praznik-ama-satisfaktsijata-e-pogolema-da-se-kapesh-na-badnik-snezhe-velkov-na-starost-polude-gi-izmesha-pravoslavnite-praznitsi-ili-pobrza-da-gi-slavi-vodits/ Fri, 19 Jan 2024 09:31:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334710

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ако не чудни, во најмала рака необични навики. Особено за поедини празници, кога навиката и преоѓа во ритуал, голем или мал - сеедно... Важно е да се остане посветен на замисленото и секако, да се реализира истото. Достојна на традицијата водителката остана и годинава. Летото оддамна заврши, новото е далеку, но не и за Снеже Велков. Празниците за и по Нова Година нудат низа неработни денови, што се згодна прилика да се замине некаде до дома, доколку се може. А кај Снеже очигледно се има и се може, па водителката за деновите на Рождеството Христово заврши на морето во јужното соседство. Прошетките крај брегот, благата морска клима и убавиот поглед на Егејското синило се доволни за сите да ги наполнат батериите, но не и за Снеже. Она што ја исполнува русокосата убавица е јануарска авантура во вид на зимско капење. Студената вода за сите смрзнувачка, за водителката предизвикувачка... Иако навидум слабичка и нејака, она што на сите други би им било тешка мака и ни за жива глава не би го направиле, таа го направи со невидена леснотија, па за миг русокоста и големата вода како едно се сплотија. Принципот едноставен, без многу филозофија: Одиш, влегуваш, се смрзнуваш, излегуваш... До душа, процедурата претходно малку покомплицирана, ама штом се сака - не е тешко. Го соблекуваш дресот, покажуваш мускули колку си „развиотка како мотка“, па правиш „Кип на слободата“ поза за селфи фотка, по што следи молитва за не дај Боже, па разгибување против грчеви и... Еден, два, три... Снеже  им се фрли во прегратки на морските бранови! Но, неееее... Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник! Снеже Велков со победнички кренати раце на излегување од ледената вода сподели бакнежи и ги остави сите во прашалници: Дали на старост полуде, случајно ги измеша православните празници или намерно побрза предвреме да ги слави Водици? Што и да е... “Нема голема филозофија, ама голема сатисфакција и насмевка и радост, а  најважно чуството на победа“ - што би рекла водителката! За многу години и Бадник и Божиќ отпосле и сега Водици! Или се' на се' - Среќни празници!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze]]>

Што треба да направите со старата света вода од Водици? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-treba-da-napravite-so-starata-sveta-voda-od-voditsi-2/ Fri, 19 Jan 2024 09:24:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335472

За време на Водици верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со старата света вода? Според народното верување, доколку целата количина на Богојавленска вода не се потроши во текот на таа година, тогаш остатокот, кога ќе земете нова вода, се сипува во бунари, река или цвеќе. Во секој случај се истура таму каде нема да биде изложена на газење или обесветување. Фото: Freepik]]>

На Водици не е доволно само да земете света вода, мора да ги испочитувате и овие работи https://arhiva.vistina.com.mk/na-voditsi-ne-e-dovolno-samo-da-zemete-sveta-voda-mora-da-gi-ispochituvate-i-ovie-raboti/ Fri, 19 Jan 2024 07:16:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335469

Денес, сабота 19 јануари 2024 се празнува големиот празник Водици. Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Бројни верници на 19 јануари, Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите. Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.]]>

Ноќта пред Водици е најмоќната во годината -еве и зошто… https://arhiva.vistina.com.mk/nokta-pred-voditsi-e-najmoknata-vo-godinata-eve-i-zoshto/ Tue, 09 Jan 2024 13:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334095

Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат. На деветнаесеттиот ден од јануари, православните верници го слават Богојавление, Водици. Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст. На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“. На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови). Богојавление е еден од најголемите христијански празници и соодветно на тоа, се развиле многу народни обичаи поврзани со самиот ден, како и ноќта пред Богојавление. 1. Отворање на небото Ова е најпознатиот обичај поврзан со Богојавленската ноќ. Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат. 2. Огледала под перницата Вообичаено е невенчаните девојки да ставаат огледала под перниците ноќта пред Богојавление, бидејќи се верува дека така ќе го сонуваат младичот со кој ќе стапат во брак. 3. Вода од извор Во некои делови, вообичаено е младите девојки да одат на недопрен извор на вода утрото на Богојавление, да фрлат неколку зрна пченица или некои други житни култури во неа и да кажат: „Како што поминува водата, така ќе се бере и жетвата на нашите полиња“. Потоа ја полнат водата и ја носат до своето домаќинство. На некои места, сè уште е зачуван обичајот на семејството да пие малку од таа вода преку секира, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се избегнат расправии меѓу нив. 4. Предвидување на времето Обичај е некаде постарите жени да ги земаат предвид временските услови на Богојавление и со тоа да предвидат каква ќе биде годината. Ако, на пример, има мраз и снег на тој ден, се верува дека годината ќе биде плодна, а ведро време најавува сува година. извор:курир.мк]]>

Што треба да направите со старата света вода од Водици? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-treba-da-napravite-so-starata-sveta-voda-od-voditsi/ Fri, 20 Jan 2023 12:30:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285097

За време на Водици верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со старата света вода? Според народното верување, доколку целата количина на Богојавленска вода не се потроши во текот на таа година, тогаш остатокот, кога ќе земете нова вода, се сипува во бунари, река или цвеќе. Во секој случај се истура таму каде нема да биде изложена на газење или обесветување. извор:курир.мк]]>

Бог се јави, навистина се јави: Богојавление – Водици https://arhiva.vistina.com.mk/bog-se-javi-navistina-se-javi-bogojavlenie-voditsi/ Thu, 19 Jan 2023 07:56:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284893

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на светот и векот; а за време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.]]>

Водици: Не е доволно само да земете света вода, мора да ги испочитувате и овие работи https://arhiva.vistina.com.mk/voditsi-ne-e-dovolno-samo-da-zemete-sveta-voda-mora-da-gi-ispochituvate-i-ovie-raboti/ Wed, 18 Jan 2023 11:53:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284835

Ни доаѓа големиот празник Водици. Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Бројни верници на 19 јануари, Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите. Но дали знаете што треба да направите со старата света вода? Според народното верување, доколку целата количина на Богојавленска вода не се потроши во текот на таа година, тогаш остатокот, кога ќе земете нова вода, се сипува во бунари, река или цвеќе. Во секој случај се истура таму каде нема да биде изложена на газење или обесветување. Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна. Извор: Курир.мк]]>

Што се јаде на Богојавление – Водици: Домаќинките најчесто служат пача или пивтија https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-jade-na-bogojavlenie-vodici-domakjinkite-najchesto-sluzat-pacha-ili-pivtija/ Wed, 19 Jan 2022 10:31:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235440

На празникот Богојавление - Водици, традиционално се јаде пача или пивтија. Инаку, главно, пачата или пивтијата, се подготвува за Крстовден, кога обично се пости, а се јаде на Богојавление во чест на крштевањето на Исус Христос. Пачата исто така е дел и од празникот, славата Свети Јован.

Рецепт и потребни состојки

Рецепт за пача кој можете  да го направите и да го одбележите празникот на вашата трпеза се состои од следниве состојки. – 3 суви и 3 свежи свински нозе – 2 пара свински уши – 3 свински опашки – 1 свинска коленица – 1 телешка нога – бибер во зрно – сол – 4 чешниња лук

Начин на подготовка

Сите состојки убаво исчистете ги и ставете ги во поголемо тенџере. Зачинете ги по вкус и прелијте ги со околу литар вода. Вклучете го шпоретот на тивок оган и варете ги сите состојки до пет часа (во зависност од тоа колку е старо месото). За време на готвењето, задолжително, одвреме-навреме, собирајте ги маснотиите и пената што се собираат на површината. Дека пачата е зготвена ќе знаете со тоа што ќе видите дека месото само отпаѓа од коските (земете едно парче, па ако месото само ви се лизне, пачата е готова), а течноста станува леплива. Тогаш тргнете го тенџерето од оган и оставете го настрана да се излади. Ако маснотиите сè уште се собираат на површината, отстранете ги. Изладената смеса потоа процедете ја низ густо сито, а месото и коските се оставете ги настрана и исечете ги на саканите парчиња. Потоа, исечканото месо наредете го во подлабоки чинии, одозгора исечкајте лук и во секоја чинија сипете ја процедената течност. Вака подготвените пивтии оставете ги на тераса или во фрижидер добро да се изладат. При сервирање пивтијата можете да ја посипете со лута пиперка, буковец  или црвен пипер. Наздравие и нека е за Многу години празникот. Бог се јави - навистина се јави.]]>

Бог се јави – навистина се јави: Православните верници го слават Богојавление – Водици https://arhiva.vistina.com.mk/bog-se-javi-navistina-se-javi-pravoslavnite-vernici-go-slavat-bogojavlenie-vodici/ Wed, 19 Jan 2022 08:27:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235408

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на светот и векот; а за време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.]]>

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на светот и векот; а за време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.]]>
Ирена Спасовска реши да се фрла за Водици, а еве и каде: „Некој ќе скока… од радост и задоволство“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/irena-spasovska-reshi-da-se-frla-za-vodici-a-eve-i-kade-nekoj-kje-skoka-od-radost-i-zadovolstvo-foto/ Tue, 18 Jan 2022 09:54:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235260

Еден од големите христијански празници „Богојавление“ или кај народот познат како „Водици“  е познат по својата вековна традиција на фрлање, односно фаќање на крстот. Свештените лица по богослужбата го обавуваат чинот на фрлање, а избраните верници скокаат, односно се фрлаат по крстот во студените јануарски води на реките, езерата, некаде по селата по потоците, па дури и во ѕиданите корита на селските чешми...  Во последно време традицијата е модернизирана, па по крстот се фрлаат и во отворените базени по градовите таму каде што ги има, а некаде каде што нема такви, дури и специјално се пумпаат оние на компримиран воздух, само за да се изврши обредот, односно да не се прекине традицијата. И таман сте помислиле дека се сте виделе, македонската фолкерка Ирена Спасовска најави нешто што за Водици досега не е видено. Можеби неа и е познато, дури можеби и го практикувала и порано како традиција, ама јавно досега не го обзнанила. Имено, пејачката која по разводот реши „да си го живее животот“ по свое, овој пат на социјалните мрежи јавно соопшти дека годинава и таа ќе се фрла за Водици... И тоа на мошне необично место... Само што за нејзиното фрлање за празникот потребни се два предуслова: топла вода и инспиративен придружник! А еве и зошто?! Ирена ни помалку ни повеќе, на својот Фејсбук профил сподели статус со кој јавно најави дека за Водици е цврсто решена да му се фрли во туш кабината... Кому - не кажа, име не обзнани, ама затоа кажа што тој - некој теба да направи, ако сака наместо крстот, да ја фати в раце фолкерката, односно да  ја дочека во прегратка. Претходно ќе треба да го вклучи бојлерот, зашто русокосата сирена од туш кабината, не се фрла ако водата е студена! После ова не е до крај јасно, дали ваквиот чин на „фрлање“ на пејачката за Водици во туш кабината ќе се смета за  продолжение на традицијата, но затоа - едно е сигурно: Она што фолкерката ќе го фати гарант ќе ја усреќи и направи да скока од радост... и задоволство! Многу веројатно - обострано! Затоа, вклучи го уште сега бојлерот, за фолк „скокачката“, пардон - пејачката, случајно да не се премисли, а  и ти многу не му ја мисли... Ирена има доказ кој оддамна го посочила, дека со „слични ситуации“,  веќе се соочила:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Irena Spasovska (@spasovska.irena)

Фото: Инстаграм принтскрин/spasovska.irena]]>