во македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Apr 2021 08:09:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png во македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пристигна албумот на Панини во Македонија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pristigna-albumot-na-panini-vo-makedonija-foto/ Sat, 03 Apr 2021 08:08:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197384

Oд 02. и 03. април 2021 год. и  официјално се пуштаат во продажба албумите на Панини во Македонија за претстојнтоо Европско првенство во фудбал, ЕУРО 2021. Пласманот на македонската фудбалска репрезентација донесе голем интерес за овој албум, кој годинава македонските фанови ќе имаат посебен мотив да го наполнат затоа што во него се и нашите репрезентативци. Според првите информации, албумот ќе се продава по цена од 80 денари, а со него веднаш добивате и едно пакетче сликички гратис.Цената за едно пакетче со пет сликички внатре,  се продава за 40 денари.
]]>

На денешен ден излезе „ЕКРАН“ – првата естрадна ревија во Македонија! https://arhiva.vistina.com.mk/na-deneshen-den-izleze-ekran-prvata-estradna-revija-vo-makedonija/ Mon, 20 Nov 2017 13:00:05 +0000 http://vistina.mk/?p=4228

Во денешниот наплив на таканареченото „онлајн новинарство“, каде најважна е брзината,  за жал, не и содржината, каде кликот и лајк-от многу повеќе ја одредуват важноста на информацијата отколку тежината на зборот, малкумина со носталгија ќе се сетат на првата естрадна ревија во Македонија, ревијата „Екран“.
45
Првиот број на легендарната ревија за музика, филм, театар, мода, ТВ… е печатен, (замислете кој куриозитет) на 20.11.1970 година, на ист датум кога почна со работа и нашиот портал Вистина.мк, само цели 43 години подоцна. Неговата насловна страница која ја краси легендата на македонската забавна песна, покојната пејачка Сашка Петковска, изгледаше вака:
„Екран“ најпрвин почна да излегува како подлисток, или поточно, неделен додаток на дневниот весник „Нова Македонија“, за подоцна да прерасне во самостојно издание. Оваа естрадна ревија со години беше “алфа и омега“ кога беа во прашање информациите од светската, тогашната ЈУ и македонската естрада и не само естрада.
 tumblr_mxl9je08kT1s9ze70o2_500
Најзначајните достигнувања од областа на музиката, филмот, театарот, модата, спортот, културата, телевизијата… беа секогаш на првите страници на „Екран“. Да те има во „Екран“, значеше дека си познат и славен или во најмала рака талентиран и надежен уметник. Или барем така требаше да биде! А, воглавном и беше!
Немаше фестивал, манифестација, концерт, премиера, модна ревија, спортски натпревар, културен настан… кој „Екран“ немаше да го проследи, одбележи, рецензира, напише осврт, направи критика, даде мислење, завземе новинарски став…!
Screenshot (3)
Слободан Петровиќ, Лилјана Мазова, Јасминка Јанева,  Живко Јаневски, Тимчо Апостолов, Оливер Белопета, Велибор Педевски, Грета Оџакова, Виолета Хаџи-Скерлева, Љубомир Грбевски-Џери,  Александар Ѓоргиев… се само некои од имињата кои беа екранови новинарски перјаници или фоторепортери на легендарната естрадна ревија.
Screenshot (6)
На 25 годишнината од своето постоење, во 1995 година  „Екран“ доби дури и своја песна – „Екран сонг“. Ја исполнуваат тогашните, а повеќето од нив и денес актуелни музички ѕвезди од македонската поп и фолк естрада. Автор на музиката е некогашниот член на групите „Пу“, „Лева патика“, „Чуден крој“…  Данаил Дарковски-Дарко, а стиховите ги напиша поетот и новинар на „Екран“, Љубомир Грбевски-Џери. Инаку, се работи  за обработка на песната „Денес, утре, задутре“ изведена од групата „Пинаколада“ на Макфест 1990.
„Екран“ оддамна не излегува повеќе. Со згаснувањето на НИП „Нова Македонија“  прекина печатењето и на ова списание.