во Битола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Sep 2023 12:15:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png во Битола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Македонијо во срце те носиме“ оди во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/makedonijo-vo-srtse-te-nosime-odi-vo-bitola/ Mon, 11 Sep 2023 12:15:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317423

Платото на Офицерскиот дом во Битола ќе биде местото каде во среда со почеток во 20:30 часот ќе се одржи вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“. На сцената публиката ќе ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното - нашата земја и нејзиното наследство. Затоа бидете дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Сите концерти почнуваат во 20:30 часот, а по Битола во преубавата македонска песна ќе ужива и публиката во Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје. Караванот тргна од плоштадот во Штип, а планирано е да заврши во Скопје.  ]]>