внукот Ферчо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Oct 2023 11:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png внукот Ферчо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Семејно наследство: Наскоро ќе биде објавено заедничкото оро на Ферус, неговиот син Илми и внукот Ферчо! https://arhiva.vistina.com.mk/semejno-nasledstvo-naskoro-ke-bide-objaveno-zaednichkoto-oro-na-ferus-negoviot-sin-ilmi-i-vnukot-fercho/ Fri, 13 Oct 2023 11:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322256

Пред неколку месеци како гром од ведро небо беше информацијата дека од овој свет си замина легендарниот виртуоз на саксафон, најдобриот на овие простори – Кралот Ферус Мустафов. Тоа како да не беше доволна трагедија во семејството Мустафов, па по неколку месеци од смртта на Ферус, почина и неговиот син Илми Мустафов. Најмногу овие трагедии го погодија внукот на Ферус, односно синот на Илми, Ферчо Мустафов, кој е нивниот наследник и според многумина, единствениот кој може да го замени кралот на саксафонот. Инаку Ферчо уште пред смртта на Ферус и Илми се пресели во Србија, каде живее и соработува со најголемите тамошни ѕвезди како Цеца и многу други. Младиот музичар пред неколку дена го заврши снимањето на видеоспотот за заедничкото оро кое го создале токму тој, татко му и дедо му Ферус. Како што вели тој, за жал во спотот се појавува само тој, иако планот било и видеото да го снимаат тројцата, но судбината одлучила да биде поинаку... „Пред два дена го завршивме снимањето на видеоспотот за орото кое го работевме заедно со дедо ми и татко ми. Поради ситуацијата што се случи, спотот го снимав сам. Тој ќе биде готов за дваесетина дена од сега, па публиката ќе има прилика да го види и слушне она што го создадовме со дедо ми Ферус и татко ми Илми“ – вели младиот виртуоз Ферчо. Инаку како што напоменавме, Ферчо живее и работи во Белград, каде соработува со најголемите ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори]]>