внук Војдан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Oct 2022 07:22:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png внук Војдан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дамјан Стојаноски стана татко по втор пат: Фолк пејачот и неговата сопруга Елена добија ќеркичка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-stojanoski-stana-tatko-po-vtor-pat-folk-pejachot-i-negovata-sopruga-elena-dobija-kjerkichka-foto/ Thu, 20 Oct 2022 07:22:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272143

Дамјан Стојаноски, еден од најперспективните и најталентирани македонски фолк пејачи, вчера, среда 19 октомври 2022 година, стана татко по втор пат. Тој и неговата сопруга Елена Билеска повторно се остварија како  родители, но овој пат  добија женско чедо. Така нивното двегодишно синче Војдан доби сестричка, а гордата и среќна баба и мајка на пејачот, долгогодишната новинарка во „Нова Македонија“ и МРТВ, Евица Камберова - Стојаноска прва јавно ја обзнани убавата вест за доаѓањето на приновата во нивното семејство, на својот Фејсбук профил: „Денес станав баба и на Јана. Војдан си доби сестричка, а тато Дамјан и мама Ели, ќерка. Да ни е жива и здрава и многу да не радува!“ - споделила новинарката која прва и го откри името на малечката принцеза и нејзина внука. Инаку, пред нешто повеќе од една година пејачот и неговата сопруга својата љубов ја крунисаа и пред Бога, а плодот на нивната љубов - синчето Војдан тогаш стана и чедо православно. Во меѓувреме малечкиот го прослави и својот втор роденден, а сега семејството се комплетираше со доаѓањето на свет на уште една принова, малата убавица Јана. Инаку, Дамјан Стојаноски е син на легендата на македонскат фолк музика и некогашен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент, покојниот фолк пејач Војо Стојаноски. Тој тргна постапките на својот татко и одлучи професионално да се занимава со музика, но и да го продолжи неговиот пат, негувајќи го традиционалниот, изворен македонски фолклор, кој како и татко му, го вткајува и во новосоздадените песни кои самиот ги пишува и пее. Од друга страна, како и во мноштво од песните  на татко му, љубовта кон татковината Македонија и патриотскиот дух исто така неретко се тема на неговите песни и се длабоко вткаени во содржината на нивните стихови. Таков е случајот и со неговото последно авторско остварување насловено „Свири гајдаџи“, на кое комплетен автор ( музика и текст) и изведувач е самиот Дамјан Стојаноски, а истото се појави кон крајот на месец мај годинава 2022 (КЛИКНИ ТУКА).  ]]>