внимавате – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Jan 2021 12:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png внимавате – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве како да внимавате на здравјето во претстојните празници https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-da-vnimavate-na-zdravjeto-vo-pretstojnite-praznici/ Mon, 04 Jan 2021 13:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183880

Истражувањата покажуваат дека за време на празниците се здебелуваме од половина до шест килограми, а и дека повеќето „заработуваат“ маснотии во крвта. Неумереноста во јадење и пиење, намалената физичка активност, премалку или премногу сон се фактори кои влијаат на зголемување на телесната тежина, а со тоа доаѓаат и здравствените проблеми. Затоа експертите советуваат претпазливост, додавајќи дека релаксацијата во празничните денови е добредојдена, но не и претерана. За подоцна да не се каете, на време водете сметка. Советот на нутриционистите е да се обидете да се контролирате, така што не се откажувајте од оброците, но распоредете ги на помали порции. Затоа, земете сè што ви се допаѓа од трпезата, но по малку и одеднаш, бидејќи земањето едно по едно може да биде опасно, затоа што нема да знаете колку сте јаделе. Исечете ја храната на мали парчиња и џвакајте ги што е можно подолго. Пред тоа, испијте чаша вода со неколку капки сок од лимон, бидејќи тој влијае на распаѓање на маснотиите. Помеѓу оброкот и тортата направете простор од најмалку еден час, а потоа испијте едно кафе, бидејќи го забрзува варењето. Ако ви се чини дека “сте во криза” и дека мора нешто да каснете во меѓувреме, тоа нека бидат свежи ротквици, зелка или агруми, а не чипсови и други нездрави грицки. И потрудете се секој ден да шетате барем 20 минути, без оглед на временските услови. извор: денар.мк]]>