вмро-дпмне – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Sep 2022 07:32:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вмро-дпмне – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се омажи некогашната македонска пејачка и ТВ водителка, поранешна наставничка и политичарка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Ели и Мајкл, синот на сопственикот на ТВ „Сонце“ правеа свадбена веселба (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-nekogashnata-makedonska-pejachka-i-tv-voditelka-poraneshna-nastavnichka-i-politicharka-od-redovite-na-vmro-dpmne-eli-i-majkl-sinot-na-sopstvenikot-na-tv-sonce-pravea-svadbena-veselba-foto/ Mon, 12 Sep 2022 07:31:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266317

Викендов, на 9-ти септември 2022 година, некогашната политичарка Елена Петковска му кажа ДА и пред Бога на Мајкл Атанасоски, син на познатиот бизнисмен и сопственик на ТВ Сонце, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, па свечениот чин на официјално стапување во брак двојката го прослави со семејна веселба во еден елитен скопски локал.. Повозрасните генерации ја паметат како атрактивната поп пејачка од некогашното женско вокално трио, „Ексклузив“, а подоцна и како ТВ водителка во тогашната ТВ „АБ Канал“  а еден период беше и наставничка основното училиште ,„11 Октомври,“ во скопски Центар. Сепак, последно Елена Ели Петковска беше запаметена како советничка токму во општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и координатор за правни работи во МЕПСО. Иако своевремено тврдеше дека политиката е она нешто во кое најмногу се пронашла себеси, таа својот животен пат ќе го насоичи сосема во друг правец, откако ќе се запознае со Мајкл, синот на сопственикот на скопската телевизија ТВ „Сонце“, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. „Искрено не би сакала да зборувам за мојот приватен живот, можеби звучи себично, но сепак се трудам и сакам да си ја зачувам приватноста, а со тоа и да ги заштитам моите најблиски. Само ќе кажам дека богатство покрај себе да имаш човек кој беспрекорно те почитува и поддржува во секој сегмент. А за свадбените ѕвона мислам дека се' уште е рано, но никогаш не се знае – може да изненадам“ - ќе изјави во 2016 година тогашната политичарка во едно свое интервју за„Фокус“. Елена Петковска пред неколку години замина во Соединетите Американски Држави, поточно во Флорида, а причината беше љубовна - за да биде покрај човекот на својот живот. Парот веќе неколку години живее заедно, а имаат и едно детенце. Но, поради короната досега не успејаа да направат свадбена веселба за нивните најблиски во Македонија. Сега најдоа време и можност гламурозната свадба да ја направат во еден престижен ресторан во центарот на Скопје. Невестата  во елегантен, долг, свечен невестински фустан украсен со светкави каменчиња, но и прилично расположена и весела. Како и не би била, кога музиката и е во гените и вените, па затоа и самата покажа дека и тоа како умее да запее и танцува,  да се весели. И кога е првиот свадбен танц во прашање и кога свират зурли и чукаат тапани! Невестинската торта исто така на „ниво“! Поточно на четири нивоа, односно четири ката, украсена со бели рози и иницијалите на младите испишани со златна прехрамбена боја. Нека им е за многу години на младите, да се среќни, вечни и се разбира, многудетни! Фото: Инстаграм принтскрин/principessaelenaeli/Приватна архива    ]]>

Новогодишно обраќање на Христијан Мицкоски: 2022 ќе биде година во која промените и проектите ќе донесат конечна победа и триумф на вистинските вредности https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishno-obrakjanje-na-hristijan-mickoski-2022-kje-bide-godina-vo-koja-promenite-i-proektite-kje-donesat-konechna-pobeda-i-triumf-na-vistinskite-vrednosti/ Fri, 31 Dec 2021 12:16:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233404

Почитувани сограѓани, годината што заминува ни остави различни емоции. Ковид пандемијата, енергетската криза, економското уназадување, трагедиите во Тетово и Бугарија и неспособната и неодговорна власт предизвикаа тага и болка, голем револт, разочарување, неизвесност… Но и конечно освестување и одважување дека работите мора да ги промениме ние, самите. Заради нас, заради нашите семејства. 2021 беше година на големи предизвици, но и на големи промени. Промени кои ги донесовте – вие!, вели во Новогодишното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Промените кои носат нова, подобра и поубава иднина се наша голема обврска. Работата е темелот на нашиот успех. Проектите кои ги реализираме чекор по чекор ќе донесат развој, стабилност и успеси. Успеси и среќа за секој еден човек, затоа што Македонија е за сите луѓе. Да ја подобриме екологијата, да ја развиваме инфраструктурата, да го унапредуваме образованието, спортот и културата. Да бидеме подобри луѓе, повеќе да се почитуваме и да создадеме поубава иднина за нашите деца. Колку повеќе создаваме, толку повеќе ќе им олесниме на нив. Колку се тие посреќни, толку сме ние помотивирани. Децата на Македонија заслужуваат нова, среќна иднина во средена држава која ќе ги задоволи сите нивни потреби. 2022 година ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности. Да продолжиме заеднички и да ја завршиме работата. Да донесеме реформи, нормалност и сигурност. Да ги зачуваме и унапредиме здравјето и животот, тоа се најголемите подароци за секој човек. Да обезбедиме европска иднина, подобар стандард, повисоки плати. Повеќе радост, светлина и среќа во секој еден дом. Драги пријатели, ви ветувам дека со целата сила ќе се борам да биде подобро. Искрено и од срце, како ваш пријател, сосед, сограѓанин ви посакувам најубави празнични денови. Топол дом исполнет со ведрина и оптимизам. И многу љубов и насмевки со вашите блиски. Ви посакувам среќна, весела и успешна 2022 година, подвлекува Мицкоски. ]]>

Ристо Манчев – кандидат за градоначалник на општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: „Ќе бидам градоначалник кој обединува и применува политика и пракса на еднакви можности“ https://arhiva.vistina.com.mk/risto-manchev-kandidat-za-gradonachalnik-na-opshtina-bosilovo-od-redovite-na-vmro-dpmne-kje-bidam-gradonachalnik-koj-obedinuva-i-primenuva-politika-i-praksa-na-ednakvi-moznosti/ Wed, 08 Sep 2021 08:06:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218343

Ристо Манчев по професија е дипломиран економист  на Економскиот факултет во Прилеп.  Во 2010 година е добитник  на стипендија на Министерството за надворешни работи на Италија, по што во 2011 година стекнува Мастер  Диплома за Високи Европски Студии на престижниот колеџ Fondazione Collegio Europeo di Parma, а во 2013 година стекнува титула - Магистер по Високи Европски Студии на Facolta di Giurisprodenza di Parma- Italia. Манчев во изминатите години се афирмира како Секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а  покрај тоа работи и  како Овластен консултант на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија за изработка на бизнис планови и обезбедување на консултантски услуги за бизнис планирање,  маркетинг, истражување на пазарот, финансиско планирање, итн. - Во време кога голем дел од граѓаните заминуваат од Македонија Вие се решивте да се вратите назад. Живеевте во Италија, во Скопје и сега повторно се враќате во родното Босилово, што е денес  е своевиден феномен.  На што се должи тоа? Во мојата професионална кариера имав можност да живеам и да работам на повеќе места, вклучително и во Италија. Во Италија бев стипендист на Европскиот  колеџ во Парма каде добив соодветна диплома, знаење и пракса, а со тоа и можност да работам во повеќе европски земји. Најпрвин сакам да кажам дека завршив постдипломски студии  на престижен колеџ каде професори и предавачи беа голем број на меѓународно афирмирани личности, еврокомесари, европратеници, а меѓу нив посебно го издвојувам г.дин Марио Монти поранешен еврокомесар и премиер на Италија. Европската култура, европските вредности и европскиот начин на живот ми се добро познати, но и покрај тоа, сепак решив да се вратам назад во Македонија. Каде и да одам секогаш има нешто што ме влече да се вратам назад. Во душата сум родољуб, овде се чувствувам свој на своето, едноставно овде најслободно го дишам воздухот.  Поддржувач сум на демохристијанската идеологијa и моите највисоки животни вредности се семејството, татковината, традицијата и верата. Го сакам родниот крај и сакам да живеам и да творам овде. Тоа е она што ме врати назад во Македонија. - Верувате ли дека можете да ја направите Босилово европска општина, како да се дојде до тоа и што тоа би значело за луѓето и оваа средина вооопшто? Моето животно мото е: „Секој поединец, има обврска да даде личен  придонес за развој на општеството и средината во која што живее!“. Тоа е она  што ме мотивира да се кандитирам за градоначалник на општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека општина Босилово и тоа како може да биде европска општина. За тоа е потребно многу работа, труд и посветеност, но јас сум подготвен максимално да се вложам и да успеам во оваа намера. За да биде Босилово европска општина, покрај големиот број на инфраструктурни проекти кои треба да бидат реализирани, потребно е постепено да се менува и свеста и навиките кај граѓаните, а би рекол пред се’, кај политичарите.  Време е да престанат политичките поделби помеѓу граѓаните. Ќе бидам градоначалник кој обединува и ќе применувам политика и пракса на еднакви можности. Едноставно секој граѓанин треба да добие еднакви можности  за општествено делување, за  вработување, за професионален напредок, за претприемништво и развој на сопствен бизнис, за социјална заштита,  итн. Поделбата на граѓаните на привилигирани и потценети, недостатокот на социјален живот и општествената безидејност и апатија е тоа што ги тера младите да ја напуштат државата. Граѓаните се свесни дека ни недостасуваат многу инфраструктурни проекти и дека е потребно време и средства  да се реализираат сите инфраструктурни проекти, но во исто време граѓаните сакаат да видат поинаков начин на политичко дејствување, граѓаните сакаат да видат локална самоуправа која е мотивирана, чесна и посветена на работа, сакаат градоначалник кој ќе ги обединува сите и ќе работи за сите, сакаат општествен, културен и социјален живот. Затоа, покрај реализација на инфраструктурни проекти ќе промовираме општествен активизам, организација на културни манифестации, спортски настани, едукативни настани, ќе промовираме еколошки активизам, ќе ја негуваме традицијата. Едноставно мораме да го вратиме духот, вербата и надежта кај младите и тоа е единствен начин да ги задржиме младите во земјата. - За политика е се' уште рано, политичката кампања уште не е започната, може ли да ни кажете нешто повеќе за себе. Кој е всушност Ристо Манчев? Оженет, семеен човек, татко на две деца. Горд сопруг на Љубинка, специјалист  доктор - хирург по абдоминална хирургија. Поддржувач сум на демохристијанската идеологијa и семејните вредности. По професија сум дипломиран економист. По завршувањето на високото образование континуирано вложувам и се ангажирам во понатамошен професионален развој и имам завршено постдипломски студии во Италија. Учесник сум на голем број научни и стручни собири, обуки, семинари... во земјата и странство за што поседувам голем број на сертификати  и дипломи. Љубител и поддржувач сум на спортот, посебно на фудбалот  и ракометот. Исто така поддржувач сум на родовата еднаквост и се залагам за еднакви права и можности помеѓу мажите и жените. Всушност и неможе да биде поинаку кога сопругата е една од малкуте жени хирурзи во државата. Исто така се залагам за социјална еднаквост и онаа што најмногу ми смета е дискриминација и ароганција. - Имате ли претастава како ве доживуваат пријателите, другарите, колегите...? Пријателите и познавачите ме опишуваат како човек  кој сака да разговара, да се дружи и да се шегува. И има многу вистина во тоа. Верувам дека со позитивен пристап, со разговор и разбирање може да се решат многу проблеми и да се надминат многу предизвици. -  Во изминатите години се афирмиравте и како Секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Македонија.Зошто и покрај бројните залагања, едукативни кампањи, заострената казнена политика... бројот на сообраќајни несреќи со тешки и фатални последици, е се’ уште голем на патиштата во Македонија? За жал во право сте. И покрај бројните активности, кампањи, едукативни видеа и текстови во медиумите на РСБСП и МВР,  сепак процентот на сообраќајни несреќи, тешки повреди и изгубени животи е се’ уште висок, иако мораме да признаеме дека сепак активностите имаа влијание и бројките се намалени, но се уште не се доволни. Кампањите се спорадични, не можат да траат 365 дена во годината, а не можете ни да ги казните сите што не ги почитуваат сообраќајните прописи и закони. Затоа треба систематски да се работи на свеста на луѓето уште од најрана возраст. Уште во основно училиште, каде на децата треба да им се всади свест за однесување во сообраќајот и како пешаци или велосипедисти, а кога ќе потопраснат и како мотоциклисти или сега најновото со електричните тротинети... Однос и почитување на сообраќајните знаци, кон прописите и правилата, кон сопствениот и туѓите животи кога утре ќе созреат и ќе седнат зад управувачот на возилото. Уште од малечки да сфатат дека алкохолот или опијатите, никако не одат заедно со возењето, дека не се зборува или сурфа на мобилен телефон додека се вози, дека вниманието и концентрацијата на возачот треба од првиот до последниот километар да бидат на 100%...и уште многу други нешта. Секако, тука се и родителите кои треба да сфатат дека не треба премногу да ги разгалуваат децата дозволувајќи им  „како сакаат“ да се однесуваат со бесни и моќни автомобили или мотори, зашто со тоа не им прават никаква услуга ниту ним, ниту на другите со нив или околу нив, напротив... само ги загрозуваат своите и животите на сите споменати. Од друга страна, треба постојано да се работи и на инфраструктурата за нови или обновени, но и безбедни улици и патшта со уреди ознаки и сигнализација кои се постојано максимално видливи и функционални. Се на се’, безбедноста во сообраќајот е комплексна и на неа треба постојано да се работи.  - Верувате ли во Вашата изборна победа и победа на ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори? Да не верував немаше да се кандидирам. Но она во што најмногу верувам и сум убеден дека граѓаните на Босилово ќе знаат да ја препознаат и изборната програма на партајита и моите заложби и предвидените проекти кои ги имам во план да ги реализирам како иден градоначалник на општината. Но, како што реков, заедно со сите граѓани, зеднички да ги решаваме сите нивни проблеми како локална самоуправа која е мотивирана, чесна и посветена на работата, заедно со мене како градоначалник кој сите ќе ги обединува и ќе работи за сите, за  подобар и попросперитетен, општествен, културен и социјален живот на општина Босилово.]]>

Приватниот живот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски: Охриѓанец во Скопје, а најмногу Македонец (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/privatniot-zivot-na-potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-i-pratenik-aleksandar-nikoloski-ohrigjanec-vo-skopje-a-najmnogu-makedonec-video/ Thu, 26 Aug 2021 10:09:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216891

Тој во политиката е речиси целиот свој живот. Во не влегува уште како многу млад, за на свои 22 години да стане најмладиот пратеник во Македонскиот парламент. Родум охриѓанец, од својата 17-та година скопјанец, а најмногу Македонец. Така барем вели дека најмногу се чувствува. Охрид се' уште му е во срцето, за посета на родителите, роднините, средба со пријателите, за одмор, за прошетки покрај езерото, по Галичица... Но, ги сака сите убавини на Македонија. Како мал тренирал теквондо, а е и бивш баскетџија, па откако ја скинал ахиловата тетива постојано води борба со килограмите, најмногу со пешачење и внимавање на исхраната, за која вели дека е клучна. Го обожува спортот, НБА, тенисот, многу го почитува Ѓоковиќ, но повеќе е за Федерер, го сака боксот, особено пред неговата комерцајилазација и ракометот кој е спорт број еден во Македонија. Мајка му посакувала да стане лекар, зашто бил првенец на генерацијата во средното училиште, но нему политиката му била прва и се' уште актуелна љубов, ја работи со исклучителна посветеност и не зажалил што  се определил да се занимава со неа професионално и со стручна наобразба како дипломиран на Факултетот за политички науки. Каков е како домаќин, како функционира во бракот со сопругата, дали пере, пегла, готви, му пречи ли постојано да е во костум и вратоврска, каква музика сака да слуша, рок ен рол или електронска музика, техно и ДЈ -и, има ли анегдоти кои му се случиле, а јавноста не ги знае и уште многу нешта од приватниот живот, денес на ТИ, во утринскиот Магазин на ТВ Сител со гледачите и јавноста ги сподели  потпретседателот на најбројната македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Овој пат политиката и политичките збиднувања ги остави зад себе, па ја отвори душта за она што за него го знаат само најблиските... Слушнете од него, од прва рака, како изгледа неговата „друга страна“ од животот, надвор од политиката, во видеото во продолжение: ]]>

Иван Јорданов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Штип: „Ќе бидеме чесни, одговорни и принципиелни… со Штип сите ќе се гордееме“ https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-jordanov-kandidat-na-vmro-dpmne-za-gradonachalnik-na-opshtina-shtip-kje-bideme-chesni-odgovorni-i-principielni-so-shtip-site-kje-se-gordeeme/ Mon, 23 Aug 2021 20:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216444

Во изминатов период, односно на претходните локални избори имавме една инфалција на изборни ветувања која ги девалвираше проектите кои се за добробит на граѓаните и развој на нашиот град Штип. Граѓаните комплетно ја имаат изгубено довербата и во политичкиот систем и во кандидатите за градоначалници и затоа мораме најпрво да го промениме пристапот. Мора да биде искрен тој пристап, за да луѓето видат дека ние навистина имаме желба, визија и мотивација да направиме нешто добро за идните генерации. Ова во интервју за Курир.мк го истакна Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на општина Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Како млад човек и родител имам обврска кон цела генерација млади луѓе кои се иднината да направиме од нашиот град место за живеење со кое сите ќе се гордееме. За да го подобриме животот се опфатени повеќе сегменти- пред се економијата.  
Јорданов потенцира дека преку изборната програма која се уште се креира, а е врз база на темелна анализа, испитување на јавното мнение и консултации од врвни експерти, ќе се направи еден исчекор- како да се задржат домашните инвестиции и да се привлечат нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места во индустриските зони. Ветува чесна и посветена работа за подобрување на животот за сите сограѓани.
-На Штип му се потребни велосипедски и пешачки патеки, повеќе зеленило, паркови, нови социјални содржини, кино сали, нешто што ќе го окарактеризира Штип како вистински административен економски центар на Источна Македонија… Дивите депонии може да бидат преуредени во нови убави содржини. Не смееме и нема да се расфрламе со нереални ветувања, туку ветуваме чесност, одговорност и принципиелност.
Ќе се инвестира и во спортот и ќе се поддржуваат и спортските клубови, бидејќи според Јорданов, колку и да се инвестира во спортот секогаш е малку и не е доволно. Граѓаните на Штип имаат голема потреба и од довршување на новата Клиничка болница.
-Веќе 5-та година новата зграда на Клиничката болница е во застој, оставена да сведочи за неспособноста на сегашните власти. Апелирам час поскоро да биде завршена… Јас како иден градоначалник би можел да ја презентирам состојбата во која се наоѓа Штип и потребата од довршување на оваа болница, да иницирам средби и да го направам потребниот притисок да конечно се свестат и министрите и премиерот дека ова е прокт од круцијално значење кој мора да биде завршен.
Интервју со Јорданов погледнете го во продолжение. ]]>

Димса стана татко: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ доби син (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimsa-stana-tatko-portparolot-na-vmro-dpmne-dobi-sin-foto/ Tue, 13 Jul 2021 06:35:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210757

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски доби син. Димса, како што му е прекарот по кој сите го знаат, среќната вест  ја објави на социјалните мрежи.
„Денес ми се роди син, станав татко!!! Фала на Бог и на жена ми Соња Тодорова што ми дари син и што ме направи најсреќен татко на овој голем празник христијански!!! Сине жив, здрав и среќен да растеш!!!“, напиша среќниот татко Арсовски по дознавањето на убавата вест на празникот Петровден. Среќната мајка исто така му возврати на социјалните мрежи со еден емотикон во вид на срце, споделен покрај неговата објава!
Инаку Димче и Соња се венчаа во месец март 2021 година, а заради корона пандемијата на малата семејна веселба присуствуваа само нивните најблиски. Претходно во средината на јануари Димса ја побара раката на својата сакана објавувајќи дека става крај на ергенскиот живот, но и тоа дека со својата тогашна свршеница веќе чекаат бебе, синчето кое сега дојде на свет. Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот: Соња е убавицата што му го освои срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Редакцијата на Вистина.ком.мк се придружува кон честитките со желби да им е живо и здраво синчето и цел живот да ги прави среќни и горди родители... Не родител 1 и 2, туку среќни и горди мајка и татко! Фото: Социјални мрежи
]]>

Шилегов се пофали дека е спремен да го руши „Скопје 2014“, од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје му возвратија: „Скопје го гази недоветен арамија“ https://arhiva.vistina.com.mk/shilegov-se-pofali-deka-e-spremen-da-go-rushi-skopje-2014-od-sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-mu-vozvratija-skopje-go-gazi-nedoveten-aramija/ Fri, 28 May 2021 07:32:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204553

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека тој е спремен да се донесе закон за рушење на проектот „Скопје 2014“. „Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни смета да го отстраниме споменикот Мајка Тереза. Јас мислам дека е личен страв, затоа што има страв од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за рушење на Скопје 2014. Јас на крај на министерката и градоначалникот им реков дајте ми јас ќе го срушам. Не затоа што мене не ми се свиѓа, туку не е автентично Скопје“ -  рече Шилегов. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, регираше на интервјуто на градоначалникот Петре Шилегов во ТВ Телма, па на зборовите на скопскиот градоначелник советниците соодветно му возвратија: „После 4 години бедно владеење на градскиот татко, единствено Шилегов го сруши плочникот на плоштад кој со месеци не може да го поправи. Така да Шилегов може да се сруши само себе си. Еден совет, пуштете си ја чергата колку што ви се долги нозете, досега од вас Скопје виде само лепливи прсти. ВМРО-ДПМНЕ изгради велелепен град, Шилегов насади гинко дрво кое се исуши. Скопје наместо градски татко, го гази градски недоветен арамија.Она што за Заев беше живот за секого, сега за Шилегов е "ќе го рушиме Скопје 2014". Дури и за рушење треба работа, а познавајќи ја мрзата и неспособноста на Шилегов, и во натпревар за најнеспособен би бил на второ место, зошто е неспособен! П.С. Скопје не е чашка да ја испиете, Скопје е приказна која е поголема од вас“. ]]>

Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот: Соња е убавицата што му го освои срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimche-arsovski-stavi-kraj-na-ergenskiot-zivot-sonja-e-ubavicata-shto-mu-go-osvoi-srceto-na-portparolot-na-vmro-dpmne-foto/ Fri, 22 Jan 2021 09:12:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186264

Иако корона пандемијата се уште не е стишана, годинава тргнало на свршувачки... Уште во првите денови од jануари мириса на свадба. Oсобено кај младите политичари, кои последниве години важат за најпожелни ергени, зашто политиката некако стана ем најекспонирана, ем најдоходовна, па политичарите кај нас се поголеми ѕвезди и од оние естрадните. Нејсе, први нога повлекоа портпаролите. И тоа не двете најголеми парии во Република Македонија за нас и за едните, Северна за другите. На Костадин Костадинов, актуелен пратеник и портпарол на владеачката СДСМ, „Бог му пушти знак“ - како што самиот рече, па ја побара својата сакана Марија за жена, со дијамнатски прстен! Како на Коста - Манулaќ, така и на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски - Димса оваа година исто така му започна среќно на приватен план. Nа 17 јануари тој го прослави својот роденден. Неговата девојка Соња тогаш сподели фотографија од него на која Димса дува свеќички на славеничката торта и напиша: „Среќен роденден љубов моја. Ти посакувам многу здравје и среќа, а желбите веќе ни се остварија“, му порача Соња на саканиот. Но, среќата не заврши тука. Утредента Арсовски на социјалните мрежи го обзнани она што неговата девојка го наговести: Дека става крај на ергенскиот живот и дека ја побарал раката на Соња. Фотографијата на која Димса ја држи  раката на Соња, на која во преден план блеска свршеничкиот прстен, кажува се'. Дотогашниот ерген пак, само кусо појасни во описот: „Доста беше, до вечноста“, напиша  тој на социјалните мрежи. За Димса важи дека е „златно дете“, но затоа пак и неговата свршеница е вистинска убавица со манекенска става и ангелски лик. Налик на манекенките и моделите од насловниците на светските модни магазини. Инаку, Соња Тодорова по потекло е од Струмица и е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа. Убавата вест и таа исто така ја сподели на социјалните мрежи. „Роденденски подарок за мене или за него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“ - напиша Соња на својот профил на социјалните мрежи, потврдувајќи ја убавата вест за свршувачката на среќната двојка. Датумот на свадбата се' уште не го обзнанија? Не барем јавно! Веројатно ќе почекаат малку да се стиша коронапандемијата и да се создадат услови за вистинска свадбена веселба со сите адети, по сите тертипи, онака како што прилега на една вистинска македонска млада двојка идни брачни другари и сопружници. Освен, ако не мора баш да се побрза...?! Како и да е честитки и нека им е со среќа свршувачката! Фото: Социјални мрежи - принтскрин

Наум Стоилковски „си набави“ парче од запленетата брендирана облека на Боки 13: Портпаролот седна да се „шиша и бричи“ во Луј Витон на Боки Тредичи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-stoilkovski-si-nabavi-parche-od-zaplenetata-brendirana-obleka-na-boki-13-portparolot-sedna-da-se-shisha-i-brichi-vo-luj-viton-na-boki-tredichi-foto/ Fri, 03 Jul 2020 08:23:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156876

Бојан Јовановски заедно со Катица Јанева се се' уште неправосилно осудени за аферата „рекет“ на 9 односно 7 години затворска казна. Жалбите до повисоките судски инстанци ќе ја донесат конечната разрешница, додека во исто време на Боки 13 му се товарат нови дела за крими-приказната со т.н. „Меѓународен сојуз“. Во меѓувреме, како што е  познато судот му ја конфискуваше целокупната брендирана гардероба, накит, обувки, мебел, уметнички слики... што претходно му беа запленети на самонаречениот газда на некогашната 1ТВ. И многумина колекционери на брендирани парчиња веднаш почнаа да се прашуваат каде ли ќе заврши скапата роба од гардероберите на Боки 13, ќе има ли аукција, лицитација, ќе се продава ли, ќе може ли да се купи на јавно наддавање, на оглас или некако поинаку...? И додека трендсетерите се мислат и распрашуваат како да дојдат до некое скапо брендирано парче од гардеробата на Боки 13, некогашниот колега- новинар, денес еден од актуелните портпароли на  ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, веќе го носи на себе. Корпулентниот Наум и Боки ниту оддалеку сега не носат ист конфекциски број, ама затоа Наум се потруди да носи иста марка. Како дошол и од каде се снашол па ја нашол марамата на Боки 13, која сега ја искористил како „фенси“ престилка, само Наум знае!? Исто како што Боки рече дека знае каде завршија торбите со парите од „Рекет“, така и Наум знаел како да дојде до брендирано парче од Боки. Само што „браќата - муртинци“  торбата уште не ја покажале, а потпаролот веќе седна да се „шиша и бричи“ во Луј Витон престилката на Боки Тредичи! И тоа не било каде, туку карши еден изборен штаб на СДС. Колку за инает, да пукнат од бес! Патем, додека се средуваше, ги почна своите „берберски муабети“ во кои тргна да ги боцка и зајадува комшиите од спротива, само онака како што Наум знае: Не знаеме дали имало реакција од каршија, ама затоа знаеме две работи: - Како прво, фризурата - топ, косата саглам потсрижана, брадата по пропис фазонирана, зашто берберот има визија како треба неговиот најпознат муштерија да го среди за на телевизија. - Како второ, со оваа наша  божемна или таканаречена „кромид приказна“, само сакавме да го потсетима бившиот колега на времето кога беше човек од нашата фела, па меѓу сето останато ги правеше неговите „кромид вести“ во порталот „Република“ за нивната читателска публика... И на сето ова се надоврзуваат уште два важни повода, кои не се „кромид вести“: Ден денешен - Свети Наум Охридски, за сите празник, нему ем именден, ем и роденден... Епа, нека му се за многаја лета!  ]]>

Тамара Михајловска – девојката од изборната реклама за која се крена голема галама: „Спотот ги погоди, а реакциите се нивна немоќ да се одбранат од својот неуспех за сето тоа што ветиле за младите, а ништо не исполниле“! https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-mihajlovska-devojkata-od-izbornata-reklama-za-koja-se-krena-golema-galama-spotot-gi-pogodi-a-reakciite-se-nivna-nemokj-da-se-odbranat-od-svojot-neuspeh-za-seto-toa-shto-vetile-za-mladite-a-nish/ Wed, 01 Jul 2020 08:12:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156415

Република Македонија  на 15 јули ја очекуваат вонредни парламентарни избори. Според многумина - одлучувачки... Последна шанса да ја биде или не оваа држава? Изборната кампања е во полн ек, реторика се зажестува, но се чини дека некои од изборните видеоспотови уште од првиот ден, со првото нивно емитување во етерот му станаа „трн во око“ на политичкиот опонент. Веројатно затоа што  речиси документарно ја отсликуваат реалноста која е повеќе од сурова, а вистината боли... Најмногу оние, чии ветувања наместо исполнувања се претвориле во лаги, во кои ниту самите тие повеќе не можат да си веруваат, зашто ушите можеш да ги излажеш да слушаат се и сешто, но очите го гледаат она што навистина се случува, а душата повеќе не може да ја трпи мизеријата, и неправдата, зашто животот на дното - не е живот... Особено не за секој млад, здрав, прав, способен човек, полн со надежи, желби, мечти, знаење, умеење и енергија тие да сака да си ги оствари во сопствената земја, во чија бесперпективност, за жал е само понижено гласачко бројче во служба на неколкумина политички моќници, нивните фамилии, ним блиските олигарси и нивните слепи послушници... Тогаш што друго му останува на младиот Македонец освен да замине... Далеку од дома, било каде, само не овде, со купен билет за еден правец...! Токму вакавата состојба реално опишана и отсликана во кадрите на видеото кое ќе ги соочи со поразителната вистина од нивното владеење, ќе ги погоди социјал-демократите, па цунамито безмилосни напади, невкусни коментари, сурови лични навреди, дрски омаловажувања... и кави ти уште не зборови од богатиот арсенал на приземниот вокабулар на политичките неистомисленици ќе се урне врз плеќите на нарачателите, реализаторите и протагонистите во изборниот рекламен видеоспот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој најголемиот број  од „отровните пикантерии“  ќе бидат фокусирани на главниот лик - младата девојка која разочарана од  „безнадежноста и животот во земја на дното“, сака да ја напушта својата татковина... засекогаш! Но, која е всушност младата русокоса убавица што го исплаши „ѕверот“, која така убедливо влегувајќи во улогата, уверливо ја отслика македонската реалност во последниве години? Толку уверливо што „им ги побрка лончињата“ на политичките опоненти, па нивните платени мегафони во режимските медиуми и послушните дежурни лајачи на социјалните мрежи ги „истерсе од“... знаете веќе што? Тамара Михајловска е обична млада девојка, која е студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии на отсекот - Електроенергетски системи, каде зема активно учество во студенстските настани кои ги спроведува факултетот и како што самата вели, нејзиното презиме нема никаква роднинска врска со актерот Тони Михајловски. Многумина ја препознаваат преку нејзиното хоби - фотографијата, за која ќе се заинтересира уште на 16 години кога го освоила првото место на државно ниво за фото-сторија на тема: Животната средина и нејзино зачувување. Тоа ќе и овозможи  да учествува на  натпреварот на европско ниво, каде ќе го освои второто место, а со тоа нејзините дела ќе бидат објавени на фотографска изложба во Лондон. Следниот голем чекор го прави како  претставник од Македонија за CNN-iReport како photojournalist за настанот „Водици во Скопје“,  по што вратите широко и се отвораат за повеќе фотографски  настани низ цела Македонија од кој и настанот X-Factor во Скопје. „Покрај фотографијата пасија ми се балетот, уметничко лизгање и секско глумата, а исто така ги обожувам животните и патувањата“ - ја започнува својата приказна Тамара ексклузивно за Вистина.ком.мк Актерската ролја во споменатиот изборен спот кој  на владеачката партија и „боде очи“ не и е прва улога на младата Тамара. „По позитивните коментари од изборната реклама за претседателските избори 2019 година , бев повикана на аудиција за реклама за оваа изборна кампања. Во сценариото најдов многу суштински и реални проблеми со кои се соочуваме ние младите во Македонија и поради таа причина ја прифатив улогата“ - вели таа, и додава дека е долгогодишен активен член во партијата, бидејќи смета дека младите се оние кои треба да ги донесат промените во Македонија. „Партиски сум активна првенствено со цел да придонесам во обновата на Македонија. Кандидат сум на листата за пратеник во Изборна единица 1 по предлог на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Сигурна сум во убедлива победа на изборите, а со тоа и сите можности се отворени“ -  самоуверено тврди таа, надоврзувајќи се на пораката што ја испраќа изборната реклама во која таа игра: „Сметам дека рекламата испраќа порака за младите во Македонија и нивните емоции во момент на напуштање на својата татковина. Пораката е  младите да останат дома да се борат и придонесат за својата посветла иднина во Република Македонија. И самата сум имала можност да ја напуштам Македонија, но одлучив дека треба да останам, затоа што искрено се надевам на подобра иднина. Таа подобра иднина ја гледам во програмата - Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, каде максимално е ставен акцент на младите, нивниот просперитет и обезбедување на услови за нивно градење како интелектуалци кои можат да придонесат во развојот на Македонија. Затоа на оние кои размислуваат за напуштање на земјава им порачувам: Останете да ја изградиме заеднички нашата посветла иднина во Македонија. Тука да ги продолжиме нашите корени и да створиме безбедно и убаво место за живеење“ - вели Тамара, коментирајќи го нападите и атаците врз видеото и лично врз себе: „Искрено очекував рекламата да ги погоди моите партиски неистомисленици, од причина што тие истите ветуваа враќање на младите и тврдеа дека обезбедиле живот за нив и нивен просперитет во Македонија. Но по сите недолични и крајно шовинистички реакции упатени лично кон мене, можам да кажам дека пораката од рекламата за младите е реална. Многу од младите не заминуваат од Македонија само заради економоски причини, туку заради тотално крахираниот систем на секое поле, предводено од нивното раководство. Затоа тие реакции всушност ги доживувам како нивна немоќ да се одбранат од нивниот неуспех кон сето тоа што ветиле за младите, а ништо не исполниле. Почитувам сечие мислење, но во границите на конструктивна критика... Останатите треба да научат да се посветат првенствено на својот живот и да научат за морални вредности“ - ги објаснува недоличните коментари и навреди кон себе оваа млада девојка. Улогата во спотот воопшто не и било тешко да ја одигра, бидејќи, како што самата потенцира, тоа не е глума, туку се соживеала со потешкотиите и иселувањето на младите со кои, за жал, се соочуваат. Актерското искуство  на Тамара датира оддамна, уште времето на средношколските денови во гимназијата Р.Ј. Корчагин, каде што се изведуваат одлични средношколски претстави. Токму на нив ќе го стекне искуството на сцена за актерство, ќе  придонесе за нејзината умешност во глумата. Во меѓувреме, покрај студиите и политичкиот активизам, Тамара Михајловска продолжува да го осознава фотоапаратот и фотографската наука. „И до сега сум сликала повеќе типови на фотографија. Импресионирана сум од црно-белата воедно и аналогната фотографија. Моментално се насочувам на уметничка и пејзажна фотографија од местата што ги посетувам“ - ја завршува својата приказна оваа убава, шармантна, интилигентна и исклучително храбра и отворена млада дама, која очигледно не се плаши од предизвиците на животот. Напротив, храбро им оди во пресрет, за да си обезбеди поубава и посреќна иднина, себе си и на младите, како од својата, така и идните генерации во Република Македонија. ]]>