влезници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Dec 2019 13:36:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png влезници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Обезбедете си најдобри места на „Music Awards Ceremony“: Почна продажбата на влезниците по промотивни цени https://arhiva.vistina.com.mk/obezbedete-si-najdobri-mesta-na-music-awards-ceremony-pochna-prodazbata-na-vleznicite-po-promotivni-ceni/ Thu, 12 Dec 2019 13:36:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123638

Уживајте во настапите на своите омилени регионални ѕвезди од близина – обезбедете си ги најдобрите места на Music Awards Ceremony на 27 јануари во Штарк арената во Белград! Продажбата на ограничен број влезници по промотивни цени почна денес на страницата www.tickets.rs, а Ultra Fan Pit, Exclusive VIP и VIP Lounge платформите ќе ви овозможат овој музички спектакл да го доживеете на потполно поразличен начин. Ultra Fan Pit влезницата обезбедува најголема близина до ѕвездите – стоечки места во рамки на главната бина на која се изведуваат настапите. За оние кои сакаат да седат на маси во непосредна близина на бината, најдобар избор се Exclusive VIP влезниците. VIP Lounge ви овозможува за себе и своите пријатели да обезбедите пакети од 4 или 8 влезници за места на издигната ВИП платформа. Промотивните цени моментално важат и за влезниците на места на трибините. MAC манифестацијата и овој пат ќе има хуманитарен аспект, а организаторите Скајмјузик и ЦЕБЕФ дел од својот приход од секоја продадена влезница ќе издвојат во хуманитарни цели. Церемонијата неодамна доби престижно меѓународно признание БЕА за Музички настан на годината, а во 2020 добива засилување, па освен Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, во неа ќе учествува и Словенија.]]>

Важи за една од најскапите во историјата: Еве колку чинат влезниците за финалето на Евровизија https://arhiva.vistina.com.mk/vazi-za-edna-od-najskapite-vo-istorijata-eve-kolku-chinat-vleznicite-za-finaleto-na-evrovizija/ Thu, 16 May 2019 12:01:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88345

Пред два дена официјално започна 64-то издание на Евровизија, во вторникот започна првата полуфинална вечер, а вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер. Оваа година Евровизија се одржува во Тел Авив, Израел, а според пишувањата таа е една од најскапите во историјата. Имено, само влезниците за финалето на Евровизија чинат 1 000 евра, соковите 10 евра, а еден сендвич чини 20 евра. Сепак, организаторите го дале својот максимум за се да изгледа беспрекорно. Тамара Тодевска вечерва ќе настапи под реден број 17 со песната „Proud“.   https://www.youtube.com/watch?v=Sw-NQ1a1zZ0]]>

Објавена програмата за „OFFest 2019“ https://arhiva.vistina.com.mk/objavena-programata-za-offest-2019/ Mon, 22 Apr 2019 12:07:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84424

Традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи (во рекордни шест дена) од 3 до 8 јуни, е сочинет од 9 настапи и еден документарен филм. Осумнаесеттото издание на фестивалот ќе го отвори, на 3 јуни во МОБ, виртуозниот дует на велшката харфистка Catrin Finch и сенегалскиот кора-мастер Seckou Keita, како и нашиот њујорчанец Крсте Роџевски, со концертна премиера на својот исклучително интересен и вреден материјал, во придружба на неговите најблиски музички соработници од првата лига на њујоршката џез сцена. На 4 јуни во МКЦ ќе се слави музиката од Мали, најпрвин со прикажување на документарниот филм “Mali Blues”, а потоа и со концертот на единствениот Bassekou Kouyate и неговиот бенд Ngoni Ba, промовирајќи го својот најнов, одлично оценет албум “Miri”. Звукот на Мали ќе одекнува и следната вечер, на 5 јуни, во МОБ, со настапот на најголемата ѕвезда на годинешниот ОФФ-Фест, атрактивната африканска дива Fatoumata Diawara. Во рамките на т.н. “Balkan Fever Night”, на 6 јуни во МКЦ, ќе се „судрат“ две големи балкански world-music атракции: неприкосновените претставници на „унгарската тамбурица“ Sondorgo и струмичкиот „фанки тигар“ Џамбо Агушев со неговиот многуброен, експлозивен и светски популарен дувачки оркестар. Претпоследната вечер (7 јуни, МКЦ) е посветена на модерната интерпретација на традиционалното, претставена низ фасцинантниот аудио-визуелен перформанс на „либанскиот одговор на Gotan Project“ – групата Love And Revenge и фуриозната електро-психоделична cumbia на Колумбијците Romperayo. Фестивалот ќе финишира на 8 јуни, во клубот Епицентар, со ексклузивен полноќен диџеј-сет на Daddy G од Massive Attack. Влезниците за OFFest 2019 ќе бидат пуштени во продажба на 23 април (вторник), а информацијата за цените и продажните места ќе биде објавена дополнително.
]]>

Пуштени ВИП и ултра ВИП влезниците за концертот на Шон Пол во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/pushteni-vip-i-ultra-vip-vleznicite-za-koncertot-na-shon-pol-vo-skopje/ Thu, 19 Jul 2018 10:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38992

Во пресрет на најголемиот концертен спектакл летово и гостувањето на една од најактуелните светски ѕвезди Шон Пол (Sean Paul), закажано на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје, ве известуваме дека од денеска во продажба ќе бидат пуштени и ВИП и Ултра ВИП влезници. Поради големиот интерес на домашната публика овие влезници, заедно со досегашните за партерот и фан питот, до среда (25 јули) ќе се продаваат по претпродажна, односно промотивна цена.  Ултра ВИП влезниците ќе бидат пуштени во многу мала количина и ќе бидат со ексклузивен 'meet and greet' настан по концертот, каде фановите ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава, која ќе биде организирана на највисоко ниво.
Шон Пол во Скопје доаѓа директно од Кардиф, Велика Британија, а негова следна дестинација по гостувањето во главниот град ќе биде Унгарија од каде оди на азиската турнеја. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со комплетна екипа составена од врвни танчарки и музичари, а на сцената во Скопје ќе ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои соработките со Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета... Не ja пропуштајте единствената можност да бидете дел од ексклузивниот музички спектакл во регионот, концертот на уникатниот музичар од Јамајка, добитникот на Греми, единствениот Шон Пол. Концертот е закажан на 23 август, на Стадионот АРМ, а е со почеток во 20 часот.]]>