влатко стефаовски трио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Apr 2022 12:26:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png влатко стефаовски трио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 50 години МКЦ со концерт на Влатко Стефановски Трио https://arhiva.vistina.com.mk/50-godini-mkc-so-koncert-na-vlatko-stefanovski-trio/ Thu, 07 Apr 2022 12:26:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245661

По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт, во рамки на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински културен центар, во организација на Баги Комуникации и МКЦ. Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости. Концертите се закажани на 9-ти април, со почеток во 20 часот во сала 25 мај. Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982, заедно со групата „Леб и сол“ а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа установа. Влатко Стефановски Трио го сочинуваат и Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара, трио кое последниве години е доста активно и настапува речиси низ целиот свет. Спојот на искуството и младоста во ова трио се чини дека беше пресудно за одлична синергија и за огромен успех на сите настапи. Влезниците за концертот се пуштени во продажба на билетарницата на МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Настанот ќе биде организиран со почитување на важечките ковид-протокли, соопштија организаторите.]]>