влатко стефановски трио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Dec 2022 09:22:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png влатко стефановски трио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Иван Кукиќ со „Балада за една љубов“ на два фронта: Во триото на Влатко Стефановски и по стапките на н еговите родители Ленче и Горан (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-kukikj-so-balada-za-edna-ljubov-na-dva-fronta-vo-trioto-na-vlatko-stefanovski-i-po-stapkite-na-n-egovite-roditeli-lenche-i-goran-video/ Tue, 06 Dec 2022 09:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278793

Мултиинструменталистот, член на триото на Влатко Стефановски и син на македонските фолк легенди, брачниот пар Ленче и Горан Кукиќ, младиот Иван Кукиќ го објави својот деби сингл „Балада о једној љубави“ („Балада за една љубов“) со кој ја започнува и својата пејачка соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција која беше многу пофалена на нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“. Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее, што го прави одреден вид мултиталентиран  мултиинструменталист и врвен музичар. “Мојот живот е музика, а музиката прави чуда. Затоа ја сакам, и од кога се сеќавам, никогаш не размислував за тоа што ќе бидам во животот и дали би се занимавал со нешто друго освен со музиката. Снимањето на оваа песна беше прекрасно дружење. Сите сме задоволни и верувам дека публиката ќе го препознае тоа“, изјави младиот музичар. Иван неодамна потпиша договор со најголемата и најпозната издавачка куќа во региот - „кроација рекордс“, за која во 2023 година треба да го издаде својот прв солистички албум. На албумот ќе се најдат инструментални и вокални теми, испеани на српски/ хрватски и македонски јазик. Музиката за првиот пилот сингл „Балада за една љубов“ ја напиша Иван, текстот е на Стефан Илиќ, а обајцата заеднички се погрижиле за аранжманот на песната. Ѓорѓи Вацев и Георги Концалиев се заслужни за одличното видео во кое главниот лик е Кукиќ, а покрај Иван, во него учествуваат и Елена Донева и Љубомир Митровски. Иако е многу млад, Иван веќе свирел низ регионот, но и на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и турнеја низ Франција. Очекувањата од Иван се големи, но нема сомнеж дека ќе ги оствари со посветеноста кон музиката  и наследениот талент окој го поседува од родителите. Во продолжение погледнете го видеото за неговиот  деби сингл „Балада за една љубов“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Влатко Стефановски по 40 години со концерт во МКЦ, овој пат со неговото трио https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-po-40-godini-so-koncert-vo-mkc-ovoj-pat-so-negovoto-trio/ Fri, 18 Mar 2022 11:51:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243579

По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт, во рамки на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински Културен Центар, во организација на Баги Комуникации и МКЦ. Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости. Концертот е закажан на 8 април, со почеток во 20 часот во сала „25 мај“. Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982, заедно со групата „Леб и Сол“ а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа културна институција. Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на билетарата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk.]]>

Влатко Стефановски трио во „Интермецо“: Гитарскиот маестро му ја врати душата на Скопје (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-trio-vo-intermeco-gitarskiot-maestro-mu-ja-vrati-dushata-na-skopje-foto/ Thu, 18 Nov 2021 08:32:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227756

Влатко Стефановски со своето трио ( Јан Стефановски - тапани и Иван Кукиќ - бас) вчеравечер, среда 17-ти ноември одржа спектакуларен концерт во скопскиот „Интермецо мјузик бар“, кој со настапот на македонскиот гитарски маестро ја продолжи традицијата да биде едено од ретките места кои ја спојуваат забавата со уметноста, ноќниот живот со (суб)културата во македонаската престолнина. Иако оддамна предодреден за големи концерти, Влатко и младата екипата која го придружува покажа дека подеднакво добро звучи, но и прави штимунг за паметење и во помал, клупски простор, во кој ретко сме го гледале во главниот град. Полниот мјузик бар, онолку колку што дозволуваат ковид протоколите, широко ги отвори портите и за еден поинаков вид на свирка, а македонската гитарска легенда по којзнае кој пат покажа дека дефинитивно му нема рамен на Балканот, а можеби во Европа кога е гитарското умеење во прашање. Уште со воведните инструменални преработки ги допре срцата на посетителите со прошетка по македонскиот изворен фолклор, онака, како што само тој знае и умее дтоа да го направи: доволно автентично да се препознае оригиналот и со доволен личен печат да се завери верзијата која тешко дека некој друг освен Влатко може да ја осмисли и отсвири. Песните од некои други времиња ( „Кантри“, „Џипси сонг“...) кои ги паметиме како „златни“ на публиката и ја стоплија душата како „Кандилце“, кое се' уште гори со истиот жар и интензитет, зашто Стефановски со својата музика и изведба е тој што „со две раце го чува да не угасне“, а на конзументите на неговата музика бајковито ги потсетува на времето кога нормалното беше навистина нормално, а не извртено, изопачено, дегенерирано, деградирано... како денес.  Дното како врв, прикажан како „ново нормално“! Турата песни пак од најновото нормално, односно времето на, како што самиот Стефановски ја најави, „локдаун проектот“ - „Тафталиџе шафл“ огледан во ланскиот и последен албум на В.С. триото, беше одбележана со неколку песни, како „Огледало“ или „Фанки - Џанки“, за потоа да дојде кулминацијата. Првиот голем хит од почетоците на „Леб и Сол“, па најдрагиот или најголемиот хит на Стефановски, како што самиот една по една ги најавуваше песните од „златните години“: „Ја нисам твој“, „Мамурни људи“, „Као какао“... И концертен делириум во мјузик барот. Сите на нозе, се пее, се аплаудира, мобилните сликаат и снимаат... За спомен на момнтите кои ја милуваат и разнежнуваат душата, длабоко ги будат емоциите, ја враќаат љубовта и емпатијата... Зашто гитарскиот маестро успеа барем на миг, на неколку часа да му ја врати душата на неговото, наше, Ваше... Скопје. Истиот оној град кој со помош на стиховите на неговиот брат, покојниот великан Горан Стефановски, како ретко кој успеа да го опее во еден од најголемите хитови, со кој Влатко ја стави „јаготката на шлагот“ на незаборавната вечер. Вечер во која одново видовме дека за „градот на апарати“  има надеж за живот, зашто во него се' уште „млади моми љубов водат, душа вадат очи бодат“... И сето останато што легендарната песна „Скопје“ го содржи во своите стихови, со која еуфоријата кулминираше на настапот, а Влатко токму со неа побара присутните скопјани и останати да го испратат него и бендот веќе следниот ден на турнејата низ Германија на која заминуваат. За крај, Стефановски незаборавната вечер ја заврши со нешто што е за своја душа, песната која, како што самиот ја најави, има нешто посебно во себе... Култната „Бистра вода“... За бистри мисли на од убавина опиената публика на полноќ, како катарза на една незаборавна вечер, за ново прочистување на душата на оние кои беа сведоци на фантастичната ноќ во „Интермецо мјузик бар“ во која Влатко Стефановски и неговиот бенд му ја вратија душата на Скопје.  ]]>

Најголемата книжарница во Македонија ќе биде отворена со концерт на Влатко Стефановски трио https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemata-knizarnica-vo-makedonija-kje-bide-otvorena-so-koncert-na-vlatko-stefanovski-trio/ Wed, 20 May 2020 12:42:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150677

Нова книжарница на „Литература.мк“, со површина од 500 квадратни метри, вечерва во 20 часот ќе се отвори во „Скопје сити мол“. На отворањето ќе настапи Влатко Стефановски, придружуван од неговиот син Јан на тапани и од младиот басист Иван Кукиќ, а концертот ќе може да се проследи преку Фејсбук профилот и Јутјуб каналот на „Литература.мк“. Оваа најголема книжарница на „Литература.мк“ досега, која ќе содржи и кафуле, е сместена на вториот кат на „Сити мол“. Ќе биде застапен голем избор на белетристика, книжевност за деца и стручна литература на македонски, албански, англиски, германски и француски јазик. По повод официјалното отворање на книжарницата ќе има промотивна акција со 30% попуст на сите изданија на „Арс Ламина“.]]>

Интимен концерт на Влатко Стефановски Трио https://arhiva.vistina.com.mk/intimen-koncert-na-vlatko-stefanovski-trio/ Thu, 16 May 2019 21:13:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88370

Присуствувајте на концерт во интимна атмосфера на македонскиот вонсериски гитарист Влатко Стефановски. Заедно со неговиот бенд „Влатко Стефановски Трио“, ќе ви приредат вечер вредна за паметење. Концертот ќе се одржи на 8. Јуни (Сабота) со почеток во 21:00 часот во прекрасниот и луксузен „Комплекс Старо Буре - Кучково“. Бидете дел од незаборавен настан и слушнете ги најмоќните негови песни отсвирени само за вас! Влезниците можете да ги купите на веб страницата на „Купи карти за сѐ“ по цена од 700 денари и ВИП влезници по цена од 900 денари. Побрзајте местата се ограничени!]]>

Влатко Стефановски трио на „Рокеријада 2018“ во Србија https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-trio-na-rokerijada-2018-vo-srbija/ Tue, 05 Jun 2018 12:46:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=30852

Еден од светски најпризнатите музичари од просторот на поранешна Југославија, Влатко Стефановски со своите колеги ќе настапи како главна ѕвезда на претстојниот фестивал „Рокеријада“, кој ќе се одржи на 31 август и 1 септември во српскиот град Петровац на Млава, соопштија организаторите.
„Рокеријадата“ како фестивал првично се одржа во 2016 година, по повод прославата од 50 години рокенрол во Петровац на Млава, во организација на „Здружението на граѓани Фабрика“, а сега веќе станува традиционална манифестација чија програма се збогатува од година во година. На минатите изданија, освен настапи на локални бендови од различни жанрови, програмата на „Рокеријада“ изобилуваше со дополнителни активности како што се изложби на фотографии, работилници и тн. После мошне успешните изданија во 2016 и 2017 гофина, организаторите одлучија да направат неколку крупни програмски чекори, така што „Рокеријада 2018“ за сите љубители на рок-културата продготвува низа нови програмски целини. Еден од новитетите е натпреварот на млади рок-бендови од Србија. Најдобрите бендови ги очекуваат вредни награди кои ќе им помогнат во понатамошната кариера, како што се снимање песни и видеа, издавање сингл за една од најактивните српски издавачки куќи, промовирање во медиумите, а вредните награди се подготвени и за најдобрите поединци. Конкурсот ќе биде отворен од 1 до 30 јуни, а сите дополнителни информации ќе бидат објавени наскоро. Освен квалитетните авторски локални бендови, публиката следниот ден на градскиот плоштад во Петровац на Млава ќе има можност во живо да го види и светски признатиот Влатко Стефановски.  ]]>