влатко миладиновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Sep 2022 09:22:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png влатко миладиновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во општина „Гази Баба“ се одржа голем музички настан по повод 8-ми Септември https://arhiva.vistina.com.mk/opshtina-gazi-baba-so-golem-muzichki-nastan-po-povod-8-mi-septemvri/ Thu, 08 Sep 2022 08:43:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265568

Општина Гази Баба по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија организираше голем музички настан. Настанот  се оддржа вчеравечер, среда, на 07.09.2022 година со почеток од 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда. На преполниот плоштад настапија: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.
Утрово на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски сподели објава и неколку фотографии. Во својата објава градоначалникот Стефковски пишува:
Моја Гази Баба, Ви благодарам од срце. Повеќе од 5000 граѓани на плоштадот во Автокоманда порачаа: Ние сме Македонци и нашата татковина е Република Македонија. Нека е вековита самостојна, суверена и независна Македонија. – напиша Стефковски.
]]>

Влатко Миладиновски го опеа сонот на секој Македонец што живее по белиот свет во – „Се вратив сине“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-miladinovski-go-opea-sonot-na-sekoj-makedonec-shto-zivee-po-beliot-svet-vo-se-vrativ-sine-video/ Sat, 21 Dec 2019 11:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125165

Голем број Македонци, поради одредени причини заминале од родната земја, но со намера и сон еден ден да се вратат назад да живеат во Македонија. Каде и да се низ светот, повеќето од родителите сакаат нивните деца да ги оженат во родната земја. Токму ова, го опеа познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски во неговата последна песна “Се вратив сине”. За оваа песна, тој сними и спот во соработка со ИН Продукција. Снимањето се одвиваше во неколку градови низ Швајцарија, но и на планината Козјак. „Тоа беше и целта, да биде со такви кадри и такви моменти... Има доста Македонци кои што живеат тука, има доста и како нас кои поминале и виделе, така што и тоа ќе и даде своја симболика на песната во која  е опеана приказна на секој еден Македонец што живее некаде по овој бел свет“ - појасни Миладиноски во неодамнешното интервју за ИН ТВ. Со оглед на тоа, што песната има доста  текст и е посветена на сите Македонци кои живеат далеку од родната Македонија, Влатко се надева дека многу нашинци ќе се пронајдат во неа. „Ова е приказна за многу Македонци кои што живеат насекаде по светот. Се надевам дека со спотот ќе се оформи таа цела приказна да можат и физуелно доживеат и верувам дека многу луѓе ќе се пронајдат во песната што испеав“ - додава тој. Инаку, песната “Се вратив сине” е сместена на третиот студиски албум на Влатко. Музиката и аранжманот се дело на неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески. Спотот беше неодамна промовиран на сателитската ИН Телевизија, а може да го погледнете во продолжение: Извор:Естрада+]]>

Влатко Миладиноски низ песна се пожали – „Се ми снема“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-miladinoski-niz-pesna-se-pozali-se-mi-snema-video/ Wed, 06 Mar 2019 11:15:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76176

Пејачот кој неодамна среде северниот дел на Грција, во Егејскиот дел на Македонија ги крена Македонците на нозе, па натера и старо и младо оро да заигра пеејќи им: “Велат не нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме”... неодамнавизуелизираше и една своја постара песна.
Влатко Миладиноски неодамна одново ја промовираше заедно со видеото за истата, насловена: „Сè ми снема“, со која настапи на фолк-фестивалот „Валандово“. Музиката и аранжманот се на неговиот брат Златко Миладиноски, а стиховите ги потпишува Борче Нечовски, додека видеото го изработи екипата на „Арт студио“.
Снимањето се одвиваше кон крајот на минатата година, на повеќе македонски локации кои ги прикажуваат  убавините на Маврово и Водно.
Покрај Влатко, во спотот се појавуваат и дел од членовите на групата „Интермецо“. Миладиноски во моментов е зафатен и со бројни настапи ширум дијспората, како што е претстојниот осмомартовски концерт во Амстердам, Холандија, после што ќе следи големата турнеја низ Австралија.
Новото видео за „Сè ми снема“ можете да го погледнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=7vWCSBUu3iw]]>

Среде Грција им ја запеа „Велат не нема, ама еве сме…“: Влатко Миладиновски го крена Егејот на нозе (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/srede-grcija-im-ja-zapea-velat-ne-nema-ama-eve-sme-vlatko-miladinovski-go-krena-egejot-na-noze-video/ Sat, 29 Dec 2018 11:57:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65472

Влатко Миладиноски деновиве заедно со групата „Интермецо“, гостуваше кај нашите Македонци кои живеат во Егејскиот дел на Македонија на северот од Грција. Тој во преполната сала направи извонредна атмосфера откако го запеа неговиот голем хит “Велат не нема”.
Изненадувачки е тоа што многубројната публика, во која што имаше и голем број млади луѓе, запеаа во еден глас заедно со Влатко. И старо и младо станаа и се фатија на оро заедно да заиграат.
Македонец среде Грција им ја запеа “Велат не нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме”. Каква атмосфера направи нашиот Влатко Миладиноски при неговото гостување кај нашите Македонци кои живеат во соседната земја, погледнете од видеото! https://www.youtube.com/watch?time_continue=70&v=oVnRSx23J_E    ]]>