влатко лозаноски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Jun 2023 10:06:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png влатко лозаноски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Фала ти што постоиш“: Сестрата на Влатко Лозаноски со емотивна порака му го честиташе 38 -миот роденден (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/fala-ti-shto-postoish-sestrata-na-vlatko-lozanoski-so-emotivna-poraka-mu-go-chestitashe-38-miot-rodenden-foto/ Wed, 28 Jun 2023 06:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308005

Македонскиот поп пејач Влатко Лозановски, вчера на 27 ми јуни го прослави роденденот. Популарниот пејач кој поради неговите вокални способности но и скромноста е омилен кај сите генерации, сепак ретко споделува приватни моменти со јавноста, а редовно од новитетите поврзани со неговата музичка кариера. Честитките по повод роденденот пристигнуваа на неговата адреса во текот на целиот ден. Меѓу многубројните фотографии кои беа закачени на неговото „стори“ на Инстаграм најчести беа оние од неговите најблиски, обожаватели и пријатели. Но,  оваа година неговата сестра му испрати емотивна честитка за овој посебен ден. Марија Лозаноска заедно со фотографијата која ја објави му напиша: „Среќен роденден брат, фала ти што постоиш!“ - споделила помалата сестра на објавата која пејачот со задоволство пак ја сподели и на неговиот профил. Марија на јавноста и е позната преку социјалните мрежи најмногу преку нејзиниот профил „Лекторката“ каде има доста следачи, но исто така таа е и авторка на два романи „Големото Л“ и „Другата“, а често знае да сподели и заедничка фотографија од Лозано за кого потврдува дека е негов фан број еден па, секогаш е во првите редови на неговите настапи. Двајцата се успешни и талентирани  и со задоволство се поддржуваат  еден со друг. Музиката и уметноста се дел од нивното семејство, Марија е писателка, а Влатко освен што пее, пишува  текстови и одлично свири на клавир и гитара. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Влатко Лозаноски]]>

„На Велигден“ не е само Џокси: Некои наши пејачи ја преработија неговата легендарна тема, а кај други големиот христијански празник е вткаен во нивните песни (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-veligden-ne-e-samo-dzoksi-nekoi-nashi-pejachi-ja-prerabotija-negovata-legendarna-tema-a-kaj-drugi-golemiot-hristijanski-praznik-e-vtkaen-vo-nivnite-pesni-video/ Mon, 17 Apr 2023 07:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247393

Кога е еден од најголемите христијански празници во прашање, секогаш во пресрет на Велигден  покрај се друго, на памет ни паѓа и песната... И тоа онаа, најпознатата, легендарната која тогаш радијата најчесто ја вртат... „На Велигден“, напишана и испеана од македонскиот кантавтор  Ѓорѓе Васиќ, алиас Џина Папас Џокси како што го познава јавноста по негвиот уметнички прекар. Но, со текот на годините „На Велигден“ испадна дека не е само синоним за Џокси... Прв кој го преработи неговиот евергрин беше тогаш младиот Ламбе Алабакоски, излезен од музичката работилница на Дарко Димитров и М2 продукцијата и нивното македонско музичко талент шоу - „Портага по ѕвезди“. Младиот пејач иако во свој стил, сепак речиси идентично ја донесе преработката на „велигденската поп химна“. По него уште една македонска пејачка во 2017 година влета во обид да ја долови и на себесвојствен начин да ја донесе „празничната песна“. Песната  доби своја женска верзија кога во студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски ја испеа пејачката Пепа Димитрова, а аранжманот го направи Дамир Имери. Нејзината интерпретација во смут џез варијанта со етно елементи сосема поинаква, а сепак препознатлива на оригиналот. Самиот Џокси на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ во 2020 година во живо заедно со членовите на хорот на АКУД „Мирче Ацев“ донесе уште една малку поразлична верзија на сопственото „животно остварување“. За време корона пандемијата, додека траеа деновите на карантинот, Џокси одново зедно со голема група од 60 помалку или повеќе познати охридски музичари, пејачи и аматери наречена „Охрид биг карантин бенд“ ќе донесе сосема нова, поинаква, необична „онлајн“ верзија на големиот хит. Конечно, „На велигден“ не е само Џокси... Покрај оние наши пејачи кои ја  преработија неговата легендарна тема и кај некои други македонски поп и фолк ѕвезди големиот христијански празник се споменува и во нивните песни! Така на пример во прекрасната „Километри“ на Влатко Лозаноски од 2018-тата, стихот кој е поврзан со големиот христијански празник гласи: „Ми фали за Велигден јас да си дојдам, ми фали да сум дома...“! Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ пак, исто така има песна во чиј наслов е вткаено името на големиот христијански празник - „За Велигден“. Излезена во 2019 година, иако во неа се споменува големиот христијански празник и несомноно дека истата токму тогаш и е најмногу во фокусот и ја достигнува кулминацијата на својата популарност, сепак македонскиот фолкер неа ја правел наменски, зашто пред се’ се работи за печалбарска песна која во себе ја крие патината на македонскиот печалбар, неговиот живот во туѓина и тагата по родниот крај. Уште една позната македонска фолк пејачка, Елена Георгиева исто така има своја наменска песна за празникот што го слави Христовото воскресение и победата на животот над смртта. Нејзината тема е насловена „Молитва за Велигден“. И македонската фолк легенда Благица Павловска исто така има испеано велигденска песна и тоа заедно со познатиот музичар Цане Петров („Биоритам“), која исто така е наменска, празнична и носи наслов: „Хрисистос воскресна“ . На тема „Велигден“ песни посветени на еден од најголемите христијански празници има уште... Но за нив, задравје Боже догодина, во следната велигденска прилика! Христос воскресна - навистина воскресна!]]>

На оваа ретро фотографија се две македонски поп ѕвезди кои некогаш имаа свој бенд: На старата подизбледена слика едниот свири виолина, а другиот хармоника (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-ovaa-retro-fotografija-se-dve-makedonski-pop-dzvezdi-koi-nekogash-imaa-svoj-bend-na-starata-podizbledena-slika-edniot-sviri-violina-a-drugiot-harmonika-foto/ Sat, 12 Nov 2022 08:10:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252073

Старите добри времиња... По нив сите копнееме... Ги паметиме, се сеќаваме, раскажуваме, се потсетуваме... И заради тоа што тие биле времиња на нашата младост, но и заради тоа што реално, вистински и многу поубаво се живеело. И заради стандардот, но и заради дружбата, другарството, искреното пријателство, сочувството, емпатијата... Заради сето она што се нарекува живот! Вистински, достоинствен, искрен, реален... А не како денешниов „крпен живот“, лажен, манипулаторски, бескруполозен, криминален, виртуелен, само од полза... Или просто кажано - „имитација на животот“ наместо вистински живот! Старите фотографии се еден од наједноставните начини да се сетиме токму на убавите времиња. И покрај појавата на дигиталната технологија, сите ние се' уште ги чуваме, некaде во некоја фиока, куферче, на некоја полица... Како ковчег со благо од „златни спомени“ на нашаето детство, младоста, убавите години, старите добри времиња... А по тоа ковчеже во кое се спакувани најубавите спомени од нашите изминати години, не ретко знаеме да посегнеме и да извадиме по некоја фотографија за да ја ублажиме сопствената носталгија или да се потсетиме колку убаво сме живееле. Овој пат истотот го направи ја и некои од познатите македонски личности или поточно две естрадни фаци. Обајцата школувани музичари, кои некогаш свиреле на исто место во ист бенд, денес секој од нив засебно позната македонска поп ѕвезда. Секој од нив пејач со кариера, грст хитови, дузина награди, многу настапи, концерти... На старата подизбледена слика едниот свири виолина, а другиот хармоника. Денес обајцата не ги свират своите инструменти, но затоа се познати популарни по своите песни.   Ако се' уште не ги препознавате, еве да ви откриеме. На оваа ретро фотографија снимена пред еден нивни настап во Битола прд 21-на година се денес познатите македонски поп пејачи Димитар Андоновски и Влатко Лозаноски - Лозано. На сликата, првиот на виолина, а вториов на хармоника на некогаш нивниот заеднички настап, денес на нивното патување низ спомените од годините што изминале. Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Lozano - Vlatko Lozanoski/dimitarandon  ]]>

Влатко Лозаноски замина од Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-lozanoski-zamina-od-makedonija-video/ Fri, 02 Sep 2022 06:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265200

По се изгледа, Влатко Лозаноски не знае за доста. После успешните настапи кои ги имаше низ цела Македонија ова лето, тој реши да ги спакува куферите и да замине од татковината. Причината и е веќе добро позната на јавноста, а тоа е неговата најавена турнеја по Америка  која долго време беше откажувана, уште од 2020-тата година заради корона пандемијата. Сега кога конечно се создадоа услови и да се патува и да се настапува, Лозано тргна да ги израдува нашинците во дијаспората, преку океанот во Америка. Екипата на ТВ магазинот од зад сцената - „Бекстејџ“ беше да го испрати нашиот Влатче на скопскиот аеродром, а што кажа Лозано пред да полета преку големата бара, погледнете во видеото продолжение: ]]>

„Next Time“ и Влатко Лозаноски во 2023-та најавија турнеја по Австралија https://arhiva.vistina.com.mk/next-time-i-vlatko-lozanoski-vo-2023-ta-najavija-turneja-po-avstralija/ Tue, 23 Aug 2022 12:58:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263841

Дуото ,,Некст тајм”, кое ја започна кариерата со рок музика во 2008 година, за да изминативе години се посветни на снимање на  етно-поп-рок обработки на македонски изворни песни со патриотска содржина, заминува на својата прва турнеја по Австралија. Настанот е најавен на страницата на продукцијата Република ентертејмент, која е во сопственост на нашинецот Влатко Јовески. Според објавените информации, турнејата ќе се случува во 2023 година, а повеќе детали ќе бидат откриени дополнително. Покрај ,,Некст тајм”, најавена е турнеја во Австралија и на Влатко Лозановски. И тој ќе гостува во Австралија во 2023 година, а датумите и градовите се уште не се прецизирани. Претходно, уште овој септември Лозано заминува на турнеја по САД, која пејачот исто така ја најави на својот Инстаграм профил без да прецизира детали за тоа кои датуми и во кои градови ќе настапува. По се изгледа неодамнешниот заеднички концерт во „Античкиот театар“ се покажа како повеќе од успешна генерална проба за турнејата што во 2023-тата ги очекува и братското дуо пејачот. Очигледно време е да почне да се освојува светотна еден поинаков начин... Ако не повеќе, барем нашинците во дијаспората со поразлична музика.]]>

Лозано ја објави новата песна на неговиот роденден: Слушнете ја „Ме нервираш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lozano-ja-objavi-novata-pesna-na-negoviot-rodenden-slushnete-ja-me-nervirash-video/ Mon, 27 Jun 2022 11:22:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256099

Денеска е роденден на нашиот најпопуларен пејач Влатко Лозаноски – Лозано, а по тој повод наместо роденедско парче торта, Влатко публиката ја чести со нова песна. Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, a нејзиниот наслов е краток и јасен: „Ме нервираш“.Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска - тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера. Како и за сите други песни, така и за оваа Лозано и неговиот тим на соработници снимија видеоспот во прекрасниот хотел „Мирор“ во Скопје. Како режисер на ова видео се потпишува Дарио Јанковиќ, односно Генерал Јанковиќ, а главната улога во спотот ја има една од најубавите девојки во Македонија, манекенката Ана Марија Јанковиќ. „Со нетрпение ги чекав овој ден за да ја објавиме мојата најнова песна. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека мене ова ми е една од подрагите песни и мислам дека ја споделуваме со публиката во вистинско време“ – вели Лозано. Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни. Пред два месеци тој ја објави песната „После полноќ“, па денеска дојде редот на „Ме нервираш“, а тој со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна. Инаку летово Влатко и неговиот бенд настапуваат низ повеќе градови во нашата земја, а следните концерти се закажани во Скопје, Тетово и Битола... До тогаш уживајте во новата песна: ]]>

Ретка глетка: Влатко Лозаноски среде ноќ на автопат сними несекојдневна случка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/retka-gletka-vlatko-lozanoski-srede-nokj-na-avtopat-snimi-nesekojdnevna-sluchka-foto/ Wed, 11 May 2022 07:48:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249719

Поп-пејачот Влатко Лозаноски извесен период како да сакаше да биде во медиумска илегала и многу ретко се активираше и на социјалните мрежи. Корона пандемијата не промени сите, а музичарите имаа цели две години пауза, па сега ова време им е како адаптација за повраток во претходниот ритам на животот и професијата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Лозано како и своите колеги е повторно активен со настапи, има нова песна насловена „После полноќ“, активен е и на Инстаграм каде неговите фанови и следбеници имаат да погледнат доста нови објави. Тој им пее во домашен амбиент разгалувајќи ги со музички видеа, присутен е пред публиката и непосредно на настапи, а на изненадување на сите тука е и да сподели некој приватен момет од неговиот живот. Па така, на неговите „стори“ објави се најде момент каде враќајќи се веројатно по настап во родното Кичево, на автопат во никое време од ноќта му излезе срна. Така мирна, кротка, прекрасна... Тој го запре автомобилот и го сними овој несекојдневен момент. Сигурни сме дека срната предизвикала насмевка на неговото лице и убаво на душата, особено што не се исплаши и не избега, а тој остана да ја гледа. Ретка глетка е да се види нешто вакво, а Лозно пак од појава како ретка глетка на задоволство на публиката влезе во категоријата на оние не така невидливите.]]>

Кога тој пее, кожата ти се ежи, те гали, расплакува: Погодувате ли кој македонски пејач е ова слатко детенце (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-toj-pee-kozata-ti-se-ezi-te-gali-rasplakuva-pogoduvate-li-koj-makedonski-pejach-e-ova-slatko-detence-foto/ Sat, 22 Jan 2022 08:54:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74892

Преку шоу за млади таленти почна да го трасира својот пат кон македонското музичко небо, а денес со многу отпеани хитови од неговиот славејски глас, тој стана еден од најдобрите наши пејачи на забавната музичка сцена. Можеби веќе погодувате... Да, станува збор за Влатко Лозаноски кој уште како мало дете знаел дека музиката ќе биде негов животен пат.
Влатко често знае да се присети на детството, и тоа на различна возраст. Од времето кога бил во рацете на мама и тато, кога свирел хармоника... сите овие моменти од детството ги има на негиот профил на социјалните мрежи.
Наскоро тој ќе го реализира еден од своите сонови, односно ќе го има својот голем концерт во Вип арената „Борис Трајковски“ кој ќе се одржи на 23-ти март.
 
View this post on Instagram
 
ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ЛОЗАНО ВО СКОПЈЕ! Драги пријатели, Големо задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот следен проект. После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје. Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот. Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда наутро (13-ти февруари) во 09 часот преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следните цени и категории: ПАРТЕР- 500 денари ФАН ПИТ- 800 денари ТРИБИНИ- 700 денари SILVER SEATS- 800 денари GOLDEN SEATS- 900 денари ВИП- 1.000 денари „Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место. Одиме понатаму, @avalon.produkcija

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski) on

Дојде време Лозано да испише нова страница во својата кариера со која ќе се гордее како и со сите свои музички успеси досега.  ]]>

По долго време, Лозано со настап пред своите кичевчани: Му фали да пее дома! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-dolgo-vreme-lozano-so-nastap-pred-svoite-kichevchani-mu-fali-da-pee-doma-foto/ Wed, 17 Nov 2021 10:05:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227647

По подолго време, популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано ќе настапи во својот роден град – Кичево на 19-ти овој месец, поточно во овој петок. Моментално најголемата музичка ѕвезда во Македонија, па пауза од три години повторно ќе пее пред своите сограѓани. Лозано вели дека настапот пред кичевската публика му е особено драг, но дека е различен од сите останати. – Сум пеел во сите градови во Македонија, на големи фестивали во Европа, сум настапувал на Евровизија, но онаа позитивна трема највеќе ја имам кога настапувам пред моите кичевчани. Искрено, едвај чекам да дојде петок и заедно со мојот бенд да направиме забава за паметење – кусо но изјави познатиот пејач. Инаку Лозано ќе настапи во „Атва ресиденс хотел“, еден од најубавите угостителски објекти во Западна Македонија.]]>

И ѕвездите плачат: Еве кога најчесто знае да заплаче Влатко Лозаноски – Лозано (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-dzvezdite-plachat-eve-koga-najchesto-znae-da-zaplache-vlatko-lozanoski-lozano-video/ Thu, 03 Jun 2021 07:04:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205354

Иако Влатко Лозаноски  последниве години важи за најголемата македонска машка музичка поп ѕвезда, во суштина е многу обично момче, кое среќен го прават обичните работи. А како и секој обичен човек знае да пушти и солзи,  а самиот вели дека кога би имал магично стапче би променил многу работи. Неговите песни сите ги знаат и пеат, но за неговата приватност и интима многу малку се знае. Особено по раскинувањето на долгогодишната врска со моделот Сава Грачанин, Лозано личните работи остана да ги чува само за себе... И можеби уште за многу тесен круг на неговите најблиски. Иако скромното момче од Кичево силно гази напред, кај него воопшто ништо не е променето. Тој и понатаму е скромен, нанаметлив, коректен и исклучително културен! Екипата на најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ се обиде да извлече неколку досега неоткриени детали од животот на Влатко Лозаноски, кој самиот ги откри пред камерата на „магазинот од зад сцената“. Од што најмногу се плашиш, од што имаш најголем страв? Лозано: Од височина и од змии! На кого би сакал јавно да се заблагодариш? Лозано: Буквално на сите... Им благодарам на сите! Патики или чевли? Лозано: Дефинитивно, патики! Без кои три работи не излегуваш од дома? Лозано: Во моментов, мобилен телефон, заштна маска, паричник... Скопје или Кичево ( родниот град на Влатко - н.з.)? Лозано: Нормално Кичево како родно место, но... И Скопје, како моментално живеалиште! Какво мислење имаш за пластичната хирургија? Лозано: Немам мислење... не барем во моментов! Таско или 2Бона? Лозано: И обете, односно сите... Одлични се! Елена Ристеска или Марјана Станојкоска? Лозано: Двете се прекрасни, така што... Но, ете... Елена нека биде! Кога последен пат си плачел и зошто? Лозано: Што знам, обично сум емотивен... Најчесто кога победува Македонија на спортски настани, ми доаѓа некоја солза! Кога би имал магично стапче што би направил или променил? Лозано: Искрено, многу работи би направил да имам магично стапче. Што те прави среќен? Лозано: Среќен ме прават обичните работи. Наутро утринското кафе, убава музика, добра серија, да се слушнам со пријатни луѓе, блиските... Обичните, едноставните работи ме прават среќен. Кога би избирал помеѓу убава и паметна жена, кој би бил твојот избор? Лозано: Пааааа... најверојатно паметна! Што би купил ако имаш милион долари? Лозано: Многу работи... Исто како прашањето со магичното стапче! Би ги распределил за многу работи: дел за кариерата, дел приватно, можеби дел би подарил...! Која била најдобра, а која најздодевна публика на еден твој настап? Лозано: Не знам, обично секаде биле ОК... Можеби има само некои на кои им треба малку повеќе време да ги загрееш. Нема здодевна публика, секаде публиката е пријатна! Мотор или автомобил? Лозано: Автомобил! https://www.youtube.com/watch?v=G06E42QnEvA]]>