владо јовановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Jan 2023 09:44:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png владо јовановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лазар Аврамовски и македонските акери Владо Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска, во џезирано-оркестрирана верзијата на познатата народна песна – „Излегол невен Пејо по Шар Планина” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazar-avramovski-i-makedonskite-akeri-vlado-jovanovski-senko-velinov-i-zhaklina-stevkovska-vo-dhezirano-orkestrirana-verzijata-na-poznatata-narodna-pesna-izlegol-neven-pejo-po-shar-planina-video/ Wed, 18 Jan 2023 06:33:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284731

Познатата македонска народна песна „Излегол невен Пејо по Шар Планина” доби уште една преработка... И тоа овој пат мошне необична, зашто овој пат песната ја изведуваат неколкумина познати македонски актери: Владо Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска, кои што му даваат на аранжманот соодветна епска лирика која со себе ја носи самата песна. „Идејата се роди по сеќавање на еден другар на радио емисијата од 80-тите години „Поздрави и честитки на наши слушатели. Емисијата ја имаа скоро сите радио станици во бившата Југославија. Најбарана песна беше Излегол невен Пејо и се одлучив да дадам свој печат на едно време и на една песна која паѓа во заборав, аранжманите, оркестрациите и партитурите за хорот ги работев краток период“, ќе изјави композиторот Лазар Аврамовски. Во песната учествува и џез триото: Гоце Стевковски, Горан Гешовски и самиот композитор Аврамовски, како и гудачки оркестар и академскиот хор Мирче Ацев под диригентска палка на Јасмина Ѓорѓеска. Како звучи музичката изведбата на македонските актери и останатите изведувачи и музичари во новата верзија на композиторот Лазар Аврамовски на „Излегол невен Пејо по Шар Планина”, проследете од видеото во продолжене (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Како Мич Бузалевски од „Преспав“ пропеа, а сега актерот Владо Јовановски станува пејач? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-vlado-jovanovski-propea-mich-buzalevski-od-prespav-stanuva-pejach-foto/ Mon, 28 Feb 2022 09:27:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240879

Како Мич Бузалевски од „Преспав“ пропеа,  а сега актерот Владо Јовановски станува пејач? Владо Јовановски, еден од најпознатите македонски актери кој се прослави особено со филмските улоги на Трендафил Каранфилов во  филмот „Балканкан“, војводата наречен Учителот во „Прашина“  и улогите на Миле односно Мич Бузалевски во хумористичниот ТВ ситком „Преспав“. Беше еден од македонските патриоти „неправедно обвинети“ и притворени за влезот во Македонското собрание во настаните од 27 -ми април, по што трпеше консеквенци од власта и во приватниот живот и во професијата. Откако Јовановски на голема врата, а Бога ми и на бел коњ се врати на ТВ екраните и во актерската професија воопшто, оствари значајна улога во последната сезона на „Пансион Преспав“. Во меѓувреме, покрај подотовката на новие улоги и проекти, осамна веста дека  Мич Бузалевски од „Преспав“ станува пејач?  Или поточо, дека актерот Владо Јовановски пропеа! Не дека и досега не покажал дел од својата вокална умешност, особено во изведбите за време на новогоините изданија на „Преспав“,но ова е нешто сосема друго. Имено Јовановски неодамна престојуваше во музичлкото студиот на браќата Влатко и Златко Миладиновски, каде на нивна покана актерот пропеа. Поточно Владо Јовановски ќе биде гостин во една од новите песни на Влатко Миладиновски. За каков тип на песна, дали е љубовна или патриотска и дали во неа актерот пее сам или во дует со фолк пејачот или само рецитира стихови, засега браќата Миладиновски не откриваат. Судејќи по најавата, ќе да е нешто поврзано со татковината, мајка Македонија, но сепак, тоа се засега само претпоставки. Она што единствено може да се види се фотографиите кои осамнаа на социјалните мрежи, поточно на Фејсбук профилот на фолкерот, каде Владо Јовановски е снимен во нивното студио. Според она што е најавено, веројато фолкерско-актерската комбинација ќе биде не само интресна, туку и успешна! А како пее Владо Јовановски потсетете се од неговата изведба на „Ако умрам ил загинам“ во новогодишното издане на „Преспав“: Фото: Јутјуб/Инстаграм принтскрин/pansionprespav/Фејсбук принтскрин/Vlatko Miladinoski]]>

На „Преспав“ му дојде крајот, а еве го и нивниот одговор на барањето за 5-та сезона https://arhiva.vistina.com.mk/na-prespav-mu-dojde-krajot-a-eve-go-i-nivniot-odgovor-na-baranjeto-za-5-ta-sezona/ Thu, 16 Jan 2020 08:10:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129214

Со 20-та епизода насловена „Лицитација“, заврши и 4-та сезона на македонскиот ситком „Преспав“. Во последната и доста возбудлива епизода, пансионот пропадна поради неплатениот кредит на Миле, па се случи лицитација на која присутните наддавачи, а и гледачите се шокираа од спасителот кој понуди милион евра да го купи пансионот. Спасителот кој дојде на коњ со полна торба пари, беше ни повеќе ни помалку, туку актерот Владо Јовановски кој во втората сезона беше заменет со Игор Џамбазов како Миле Бузалевски. Епизодата заврши доста мистично и со многу прашалници кај гледачите, кои на Инстаграм страницата на „Преспав“ имаа многу прашања. „Нема Преспав нема мир“, „Кога 5-та сеозна“, „Сакате да протестираме?“, „Не може вака да заврши, сите сме збунети“, „Ве молам кажате дека ќе има 5-та сезона“ – се само мал дел од лавината коментари кои ги напишаа фановите. Одговорните на Инстаграм профилот не останаа должни, па во продолжение осамна и одговор кој гласи: „Олабавете другари, сите сакаме да има петта и пееста сезона“, гласи коментарот од „Пансион Преспав“. Дека пупликата е гладна за уште сезони и епизоди, е повеќе од јасно, а покрај ваквата популарност, логично е таа петта сезона навистина да се случи, ако не и повеќе. Но, затоа потоа... За потсетување, првата сеозна на „Преспав“ започна да се прикажува во месец октомври 2016 година, а со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбелеа јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.]]>

Божиќна песна – „Христос се роди денес” ( ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjna-pesna-hristos-se-rodi-denes-video/ Mon, 06 Jan 2020 17:50:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127547

Во најрадосно исчекување на Бадникови поворки и во пресрет на Празникот на светлото Христово Раѓање, возобновената божикна песна “Христос се роди денес”. Сите проекти се изработени во Бигорскиот манастир. За песната се заслужни маестро Владимир Димовски за аранжманот на музиката; до оркестарот музичари: виолина – Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли – Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; виолончело – Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; контрабас – Митко Иванов; кларинет – Петар Христов, канон – Тимко Чичаковски; харфа: Симона Богоевска. Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ. Режијата, монтажата и продукцијата на видео записот беа во рацете на Даниел Јовески; песната е во изведба на Вера Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а е снимена во студио „Фаме’с“, микс – Игор Василев и едит – Теодора Арсовска. До сите нив неизмерна благодарност, почит и љубов. Во севкупното остварување на овој проект учествуваа над 80 души, меѓу кои и познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски. Прекрасната костимографија ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски. Христос се роди денес Добровечер, домаќини, ако има во вас желба, да раскажам за светото раѓање на Христа Бога. Христос се роди денес во Витлеем јудејски, небесата се веселат, сета твар се радува. Во пештера се раѓа, во јасли на животните, Царот на небесата и Творецот на вселената. Мноштво на ангели пеат: „Слава во висините“ и достојна за восхит е верата на пастирите. Од Персија доаѓаат, тројца мудреци со дарови, ги води светла ѕвезда, без да ги задоцнува. Во овој дом што пееме, камен да не падне, домаќинот на куќава, долго жив да биде. И добра ноќ, одморете, па во црква брзо појдете, на светата Литургија со многу побожност и радост. И дома штом се вратите, на трпеза да каснете, дајте и на сиромаси, за никој да не снема. Дајте ни нам што пееме, колку има во вас желба, и Христос Бог наш секогаш помошник да ви биде. ]]>

Последната порака на Владо Јовановски, напишана неколку часа пред апсењето! https://arhiva.vistina.com.mk/poslednata-poraka-na-vlado-jovanovski-napishana-nekolku-chasa-pred-apsenjeto/ Wed, 29 Nov 2017 14:41:44 +0000 http://vistina.mk/?p=5240

Владо Јовановски откако пред десетина денови на фејсбук статус запраша “Зошто го гушите македонскиот народ” и следеа низа одговори од неговиот цимер кои завршија со зборовите “Те сакам Цимер”, на само неколку часови пред да биде уапсен напиша:

“До скоро беше тешко да си Македонец во соседните земји, а сега е поинаку! Сега е невозможно да си Македонец во Р. Македонија! Поточно, во ова што остана од неа – проклетата!”]]>