владо јаневски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 07:54:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png владо јаневски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Владо Јаневски е на 5% популарност: На останатите 95% или не им е симпатичен, воопшто не ги интересира или им е одвратен!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-e-na-5-popularnost-na-ostanatite-95-ili-ne-im-e-simpatichen-voopshto-ne-gi-interesira-ili-im-e-odvraten-foto/ Thu, 16 Nov 2023 07:52:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327143

Не е спорно дека Владо Јаневски е и ќе остане запишан во антологијата на македонската забавна и поп музика како една од најголемите естрадни ѕвезди. Пејач со харизма и пред се'  магија во стиховите кои ги пишува за своите песни,  кои на волшебен начин допираат и ги милуваат срцата на вљубените, а како мелем на лута рана ги лечат душите на разочараните и оставените. Едноставно „чаирскиот романтичар“ и покрај сите муабети со или без основа за неговите наводни „позајмици“ од разни веќе објавени извори е неприкосновен во тој домен, зашто само тој може така да ги спакува зборовите кои знаат да ги разгалат емоциите дури и на оние најцврстите. Кога на сето тоа ќе се додадат сите оние музички ноти преточени во хитови кои самиот тој или некои други автори му ги напишаа во кариерата (Р. Саздов, Г. Копров... итн.), излегува дека Владо Јаневски нема кој не го сака. Особено претставничките на понежниот пол за кои и најмногу пее или барем најмногу се пронаоѓаат во неговите песни и стихови. Од старо до младо, од баби и мајки, до ќерки и внуки сите неизмерно го обожаваат пејачот за сите генерации. И според многумина можеби тоа е така, а можеби и не е...? Како навистина стојат работите, најдобро знае самиот тој, зашто оној кој илјадници го сакаат и следат, му се поклонуваат и приклонуваат, многу е веројатно дека исто толку и не го сакаат, негираат, мразат, плукаат... Или барем за него им е сеедно! Владо пред еден од своите претстоечки концерти најдобро ја опишал целата ситуација кога е во прашање популарноста и тоа токму онака како што тој самиот  ја чувствува сиве овие „златни години“ од текот на целата негова кариера. Претерал или бил апсолутно реален во оценката, е прашање кој колку му верува, но сепак... Дури и да не е така, во секоја кажана реченица, има барем половина вистина, па веројатно така и во ова негово отворање на душата во едно од неговите последни интервјуа, во кое „гевгелискиот чаирчанец“ раскажуваше за оној „невидлив конец“ со кој во срцата се поврзани тој и неговата верна „5 отстотна“ публика... Фото: Инстаграм/vladojanevskiofficial        ]]>

Владо Јаневски повторно на „Макфест“: 30 години по „Чаирска романтика“ ѕвездата се враќа на фестивалот со „Златни години“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-povtorno-na-makfest-30-godini-po-chairska-romantika-zvezdata-se-vraka-na-festivalot-so-zlatni-godini-video/ Fri, 06 Oct 2023 07:34:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321308

Како што најавија организаторите, годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, нуди мошне атрактивна музичка понуда. Покрај оние помладите или помалку афирмираните музички имиња кои ќе настапат во првата фестивалска вечер, втората најавува вистинска македонска музичка „прва лига“ засилена со неколку македонски суперѕвезди. Некои од нив пред извесен број години учествувале на „Макфест“, некои за прв пат ќе застанат на фестивалската сцената на домот на културата во Штип, но сите заедно се едни од најголемите македонски музички имиња со бројни хитови зад себе што и денес ги пејат и повозрасните и помладите, а радиостаниците  со години не престануваат да ги вртат. Едно од нив спаѓа меѓу најголемите македонски поп ѕвезди на сите времиња, човекот кој напишал и испеал десетици хитови и оставил зад себе дузина безвременски балади кои ги пеат неколку генерации. Или што би рекле пејачот за сите времиња и сите возрасти, „чаирскиот романтичар“ Владо Јаневски повторно ќе пее на  „Макфест“. Триесет (30) години по „Чаирска романтика“, ѕвездата во своите „златни години“ се враќа на сцената на најугледниот македонски фестивал на забавна музика и тоа токму со  песна насловена „Златни години“.   „Триесет години после „Чаирска романтика“ и „Еден бакнеж“ доаѓам повторно на Макфест... На 21-ви октомври со нова песна насловена „Златни години“... Се гледаме на „Макфест“! - ќе порача Владо во своето видео-обраќање на Инстаграм, како најава за неговото учество на фестивалот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Robert Sazdov (@robertsazdov)

Покрај него, меѓу останатите познати музички имиња како што е веќе најавено годинава ќе настапат уште дузина македонски музички ѕвезди, меѓу кои и: чуварите на македонската етно традиција, групата „Љубојна“, Андријана Јаневска, Ламбе Алабакоски, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Таско... И уште  грст други познати имиња од „првата лига“ на македонската музичка сцена, кои ќе се појавата на фестивалската сцена за да создадат „музичка фестивалска симфонија за цела Македонија“ - како што гласи и годинешниот фестивалски слоган.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Makfest (@makfestfestival)

Се разбира истите засилени со шесте најдобри со највпечатливи песни и нивните изведувачи од првата фестивалска вечер, кои ќе им се придружат на оние во втората макфестовска ноќ на ѕвездите. Низ двете фестивалски вечери кои  и годинава директно ќе ги пренесува МРТ, публиката во домот на културата во Штип како и онаа покрај ТВ екраните и овој пат ќе ја водат фестивалските домаќини, познатата водителска двојка Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски. Но пред и за време двете фестивалски вечери на црвениот тепих, на сцената и зад неа - во бекстејџот ќе се појават и  неколку други познати македонски естрадни и јавни личности, во улога на фестивалски презентери. Сепак комплетниот список на учесници во обете фестивалски вечери, сите детали и поединости околу сцената, изведбите, правилата и пропозициите... и сето останато што ќе се случува на годинешниот „Макфест 2023“ јавноста ќе биде запознаена на официјалната ПРЕСС конференценија за медиумите и новинарите која ќе се одржи на 12-ти октомври, четврток, во 12.00 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Се' на се, годинава не очекува еден малку поинаков, музички посвеж, помодерен и потрендовски фестивал, збогатен со големи музички имиња од македонската естрада, a од друга страна и избор на песни за сите генерации... Од оние што веднаш стануваат инстант хитови, до оние што ќе останат безвременски евергрини, какви што Макфест отсекогаш знаел да даде. Затоа и се очекува и оваа да биде една од оние макфестовски „златни години“!]]>

Кога песните ќе те погодат: Обожавателка на Владо Јаневски од стиховите на неговите песни состави приказна за сопствениот живот и нејзината љубов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-pesnite-ke-te-pogodat-obozhavatelka-na-vlado-janevski-od-stihovite-na-negovite-pesni-sostavi-prikazna-za-sopstveniot-zhivot-i-nejzinata-lubov-foto/ Fri, 03 Mar 2023 09:04:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291497

Владо Јаневски несомнено е еден од најпознатите и најпопуларни македонски поп пејачи. На неговите песни „вакви или такви“, не им минува времето, напротив - со текот на годините повеќето стануваат своевидни евергрини. Многумина се согласуваат дека тоа е така најмногу заради стиховите, кои  најчесто се брилијантно сложени и спакувани во неговите песни. Лирика за секоја прилика, најчесто полна со срцепарателни љубовни стихови полни со разновидни епитети и стилски фигури, кои неизмерно ја допираат душата, го параат срцето, ја ежат кожата, ги испраќаат мислите на прошетка низ годините на животот. На таквите песни на „чаирскиот романтичар“, сега со гевгелиска адреса на живеење, веќе оддамна навикнавме. Тие се  она што најмногу  ја допира неговата публика, верна армија обожаватели од различни возрасти, меѓу кои најчесто се оние кои љубовта веќе ја искусиле, со неа процветале или од неа се изгореле... Зашто неминовно е најпрвин  да минете низ она, кое подоцна ќе го препознаете и ќе се пронајдете себеси и своето искуство во песната. Токму една таква верна обожавателка на Владо Јаневски инспирирана од неговата инспирација направила нешто што ретко кому му поаѓа од рака, зашто и за тоа е потребен талент и дарба. Имено, таа погодена од песните на Владо, поточно од неговите стихови вткаени во нив,  составила приказна за сопствениот живот и нејзината љубов! Необично, оригинално, уникатно, единствено... Нешто што може да го „склопи“ само некој кој не само што очигледно ги знае сите песни на пејачот напамет, туку и има дарба да ги спакува во една преубава приказна... И тоа за себе, својата љубов, сопствениот живот... Во кој очигледно среќната љубов доминира и е нејзина ѕвезда водилка. Администраторот на официјалниот Инстаграм профил на пејачот ја пронашол приказната и ја објавил, а талентираната обожавателка се заблагодарила со појаснување кога, каде и зошто сето ова го направила: Фото: Инстаграм принтскрин/vladojanevskiofficial    ]]>

„Чаирскиот романтичар“ ја завршува криерата: Владо Јаневски се одјави? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/chairskiot-romantichar-ja-zavrshuva-krierata-vlado-janevski-se-odjavi-foto/ Mon, 22 Aug 2022 07:12:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263535

После повеќе од 40 години музичка кариера, од кои 30 и кусур како пејач, што во група , што соло, Владо Јаневски ја шокираше јавноста со најава дека ја завршува кариерата! Или поточно, други тоа го сторија во негово име, обзнанувајќи дека неодамнешниот викенд концерт во еден познат клуб во Прилеп, е неговиот последен во овој град. Имено, „чаирскиот романтичар“  викедот (20 август 2022) гостуваше во клубот „Калипсо“ во Прилеп каде имаше свој настап. Иако речиси сите пејачии оние домашните и оние кои доаѓаат од регионот во клубовите и дискотеките настапуваат со бенд или барем со сајзерист,  Владо во последно време практикува да настапува сам на матрица или на плеј-бек, пеејќи преку сопствената снимка. Но, добро, секако во таков случај малкумина од публиката разбираат „до какво непрепознавање е доведена суштината на измамата“, ама затоа многумина, особено припадничките на понежниот пол му ги сакаат песните, особено стиховите на Јаневски, па пеел со бенд во живо или сам на плеј-бек - сеедно, ним не им е толку важно. Важно им е да дојдат на неговиот настап и да потонат во емоциите и атмосферата што ги буди песната. Она што ја шокираше јавноста не е последниот настап во Прилеп, туку објавата на сопственикот на клубот и самиот клуб на нивните официјални Фејсбук страници. На нив е јавно обзнането дека ова наводно бил последниот настап во кариерата на Владо Јаневски на таа сцена и воопшто во тој град, зашто пејачот наводно објавил дека става крај на пејачката кариера?!! Колку има вистина во сето тоа и дали навистина Владо решил „да се одјави“, ќе мора наскоро самиот да демантира или да потврди!? Иако на неговата Инстаграм страница на која тој или нејазиниот администратор редовно ги најавуваат неговите следни настапи, за такво нешто сега назнака не постои. Веќе следниот му е најавен за 10-ти септември во Делчево, па оттаму се наметнуваат две логични прашања: - Владо Јаневски навистина решил да „отсвири крај“ па да го „обеси микрофонот на клин“ и да ја заврши сопствената пејачка кариера со проштална турнеја по клубовите и дискотеките низ Македонија, а ова е само дискретна најава за таквата негова одлука? - Или „чаирскиот романтичар“ употребил уште еден од своите познати естрадни трикови  „да пушти болва“ за себе, својата приватност, љубовниот живот, сопственото здравје... и слично, само за доплнително да ја заинтригира и „запали“ јавноста секогаш кога ќе почуствува дека му паѓа популарноста, што во случајов е многу поверојатно? „Што и да е - ќе помине“, како што велат стиховите на една од неговите „позајмени“ песни, ама сепак за нешто поконкретно... Прашајте го Владо?! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/vladojanevskiofficial/Vlatko Jovanoski/Club Calypso      ]]>

И „чаирскиот романтичар“ се попишмани: По Гиговска и Владо Јаневски го откажа настапот за прославата на „Рамковниот“ https://arhiva.vistina.com.mk/i-chairskiot-romantichar-se-popishmani-po-gigovska-i-vlado-janevski-go-otkaza-nastapot-za-proslavata-na-ramkovniot/ Fri, 12 Aug 2022 13:27:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262528

Преку социјалните мрежи младата пејачка Антониа Гиговска го откажа настапот на прославата по повод одбележувањето на 21 година од Охрискиот рамковен договор кој ќе се одржи на 13-ти август во сабота, а сега истото по примерот на помладата колешка  го направи и Владо Јаневски. Тој со штуро соопштение обзнани дека нема да пее на прославата: -Владо Јеневски не настапува на прославата која се одржува на 13.08.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје- пишува во соопштението на официјалниот профил на пејачот. За разлика од Гиговска која појасни дека нема да пее на настан кој е поврзан со политика, Јаневски немаше образложение зошто прифати, па се откажа. Дали под притисок на јавноста, страв од „жигосување“ , незадоволство од понудениот хонорар... или пак нешто сосема петто, најдобро си знае тој. Инаку, на настанот ќе пеат неколкумина познати албански музички имиња, а дали ќе има и дали воопшто  организаторите од  Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, повторно ќе побараат некое ново име од македонската сцена кое ќе прифати, па откаже, нема да се појави на лице место или слично,  останува да видиме. Неофицијално оваа прослава Република Македонија ќе ја чини цели 100 илјади евра државни пари од буџетот, кои како што најавија ќе се трошат секоја година. фото:Фејсбук/Инстаграм]]>

Антониа Гиговска го откажа настапот за прославата на „Рамковниот“, ќе пее Владо Јаневски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-go-otkaza-nastapot-za-proslavata-na-ramkovniot-kje-pee-vlado-janevski-foto/ Fri, 12 Aug 2022 08:31:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262379

Во време на инфлација,  економска и енергетска криза, секјојдневен вртоглав пораст на цените и се’ поголем степен на сиромаштија во Македонија, според оние кои ја имаат моќта за одлука и примена на истата, има простор за беспредметни прослави од јавен карактер кои чинат многу, кога расфрлањето со пари во моментов е најмалку потребно. Еден таков настан ќе се случи во сабота на 13-ти август на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Поводот за ваква прослава која е фестивалот насловен Peace festival“,чиј фокус е одбележувањето на 21 година од Охридскиот рамковен договор“. Како организтори на овој фестивал кој во превод го именувале како таков „за мирот“, е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. На нивната јавна страница на социјалната мрежа Фејсбук веќе неколку дена се промовира ова случување кое како што наведуваат дури има и тенденција да прерасне во традиција. Во фокусот на овој музички фестивал ќе биде музиката, односни настапот на неколку познати албански музички имиња, а меѓу нив и една наша музичка ѕвезда. Првично, изборот на организаторите била Антониа Гиговска која откако ја најавија како учесник, сега ја нема во програмата, во чија објавата на Фејсбук претходно  стоеше и нејзиното име. Не помина многу време за да тргнат  шпекулации и разно – разни претпоставки и муабети, дека Антониа откако се „пресметала“ го откажала настапот. За да ги разреши сите недоумици самата Антониа Гиговска се огласи на својот Инстаграм профил со изјава дека нема да пее на настан со политичка  позадина, а такво нешто нема да се случи ниту во идина. Онејзиното образложение е дека ангажманот на фестивалот на плоштадот „Скендербег“ не го договорила таа, туку нејзиниот  менаџерски тим, без да ја консултира пејачката за каков настан се работи. „За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна... Јас не сакам да бидам дел од манифестации поврзани со политика, ниту некогаш ќе бидам. Мојата работа е да правам музика и на фановите да им го дадам најдоброто од мене“ - пишува Антониа која реагираше и на некои објави од медиумите за кои нагласи дека наводно ја извртеле нејзината изјава. Како и да е, нејзиниот настап е откажан! Не требаше многу за на нејзино место да се најде замена меѓу македонските изведувачи, па така оној што не  гледа проблем да пее за славење  на „Рамковниот“ е  одново Владо Јаневски, за, засега непознат хонорар. Владо, или пак тимот кој работи за него има пракса да го објавува, односно најавува секој негов следен настап, но конкретно за овој засега нема ништо на неговиот официјален Инстаграм профил, што очигледно наведува на помисла дека пејачот сака сето ова да помине без голем публицитет, преќутно и во сенка. Впрочем Владо Јаневски беше оној кој прифати да пее и во 2018-тата година кога владата на СДСМ тогаш ја организираше таканаречената „Голема граѓанска прослава - Македонија во НАТО и ЕУ” во 15 градови ширум Македонија, иако во НАТО не примија многу подоцна, а од ЕУ... и денес сме децении далеку! Имено, откако дознаа за каква смислена измама се работи, односно каква политичка конотација се крие под плаштот на таканаречената „ Голема граѓанска прослава“, многу пејачи слично како сега Гиговска, тогаш јавно ги откажаа своите настапи, како на пример Влатко Лозаноски или групата „Љубојна“. Но, не и Владо Јаневски, кој настапи, а видеата направени таа вчер од еден граѓанин за време на „големата граѓанска прослава“ на владата на СДС,  покажаа дека народот сепак остана дома, па едвај 20-ина луѓе го проследија настапот на македонската поп ѕвезда во градот на неговото семејно потекло – Кичево. Ќе биде ли за „чаирскиот романтичар“ Владо Јаневски и Скопје оваа сабота како Кичево таа вечер - „главен град на тагата“ на настапот на прославата за „Рамковниот“ или за пусти пари се' се може? Инаку, неофицијално оваа прослава Република Македонија  ќе ја чини цели 100 илјади евра државни пари од буџетот, кои како што најавија ќе се трошат секоја година.  ]]>

Владо Јаневски по лирик видеото го промовираше и спотот за – „Без тебе не ме бива“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-po-lirik-videoto-go-promovirashe-i-spotot-za-bez-tebe-ne-me-biva-video/ Thu, 06 May 2021 08:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201508

Владо Јаневски деновиве го промовираше и  спотот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на покривот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, во овој само тој и никој друг, ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“. Спотот за „Без тебе не ме бива“ е во реализација на Томато продукција“, а истиот беше промовиран деновиве. Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“. За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот Владо ги напиша текстот и музиката. Аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“  на Валентино Скендеровски се снимаше истата. Пред излегувањето на спотот,  песната со стиховите беше објавена во форма на лирик видео, а ова сега е официјалната верзија на видеото за „Без тебе не ме бива“. https://www.youtube.com/watch?v=Gj0tj2-EWVY]]>

Владо Јаневски го прекина музичкиот пост со – „Без тебе не ме бива“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-go-prekina-muzichkiot-post-so-bez-tebe-ne-me-biva-lirik-video/ Fri, 09 Apr 2021 12:58:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198468

Владо Јаневски деновиве снима спот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на кровот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, во овој ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“. „Сцени од денешното снимање на спотот за ‘Без тебе не ме бива’, во реализација на Томато продукција“ -напиша Владо и откри дека спотот ќе биде промовиран кон средината на месецот. Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“.
За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот Владо ги напиша текстот и музиката. Аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“  на Валентино Скендеровски се снимаше истата. Додека се чека излегувањето на спотот, еве ја песната со стиховите за неа во форма на лирик видео: https://www.youtube.com/watch?v=dvFoEcuwvlw  
]]>

Владо Јаневски има нов имиџ со кој е ист како еден македонски политичар: Кој доби двојник, пејачот или екс – функционерот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-ima-nov-imidz-so-koj-e-ist-kako-eden-makedonski-politichar-koj-dobi-dvojnik-pejachot-ili-eks-funkcionerot-foto/ Sat, 03 Apr 2021 06:53:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162657

На социјалните мрежи човек може се' да види... Само отворете ги и полигонот за забава, понекоја информација и помалку едукција е тука. Широко ќе ви ги отвори своите видици, а  во непрегледното поле на лаги и вистини, на трачеви и озборувања, на потврдени информации и спинови, на агенциски и лажни вести... буквално можете да наидете на се' и сешто! Инстаграм во главном шокира со фотографии, понекое кусо видео и споделен пост кој  најчесто го појаснува визуелното доживување при перцепцијата на „воајерот“ на туѓи слики. Она што осамна во вид на неколку фотографии на профилот на еден од најпознатите македонски поп пејачи веројатно изненади многумина, а најмногу неговите обожаватели. Владо Јаневски ионака оддамна тера американски имиџ на „недопирлив среде паланка“, па со години или воопшто не комуницира со новинарите и медиумите или комуникацијата му е сведена на „нужен минимум“ и тоа само кога нему му треба. Кога има нова песна, спот или концерт и потреба истите да ги испромовира и изрекламира. Токму затоа посетителите на социјалните мрежи останаа вчудовидени од фотографиите кои ги затекнаа на неговиот Инстаграм профил, кој патем, пејачот ретко го ажурира. На нив Владо Јаневски со брада!? До сега никогаш невиден во јавноста во вакво издание... Или не барем во пошироката, зашто комшиите од маало не се бројат. Покрај фотографиите споделен и пост во вид на текстуална информација која дословно гласи: „Во инбокс нѝ стигнаа фотографии што датираат од пред неколку години. Ни ги испрати поранешен вработен во Хепи радио кој замоли да остане анонимен, а на сликите е #владојаневски со брада! Мислевме дека знаеме сѐ за него, но не и дека некогаш носел брада. Се испостави дека во годините кога бил партнер и директор во Хепи радио вработените секојдневно го гледале во вакво бајаги посериозно и бизнисменско издание. Што мислите вие за овој негов имиџ?“ Од она што се знае е дека пејачот навистина беше директор во некогашното „Хепи радио“, подоцна „преименувано во „Хит радио“, а сега со нов сопственик во радио „Лидер“, кое тогаш заедно со  „Нова ТВ“ важеше за еден од медиумите на бизнисменот Сеад Кочан. Дали имал партнерски однос со него во бизнисот, знаат самите, но факт е дека Јаневски беше тоа што беше - директор на „Хепи радио“, кое беше лоцирано во истиот објект како и телевизијата. Ако подобро го загледате новиот имиџ на „чаирскиот пејач-бизнисмен“, особено оние кои ја следат и музиката и политиката веднаш ќе забележат дека Владо Јаневски вака „забраден“ неодоливо потсетува на еден доскорешен македонски политичар. Или што би рекле, чаирчанецот Владо Јаневски е ист со кумановецот Чедомир Чедо Краљевски, некогашен член на ВМРО-ДПМНЕ, потоа и на  ВМРО-НП, инаку отприлика и врсник на пејачот по години.  Роден 1956 година во Куманово, правник со правосуден испит и адвокат, кој работел во Управата за јавни приходи, бил претседател на Антимонополската управа, а своевремено беше и пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во еден од претходните парламентарени состави на Македонското собрание. Според споделените фотографии, не само што пејачот што е „плукнат во лик“  на политичарот, туку споделениот пост и поставеното прашање, се наметнуваат две нешта: Или Владо Јаневски прави штик проба за да го опипа пулсот на својата публика од која сака  да го слушне нејзиното мислење дали да тера или не ваков „брадосан“ имиџ или дискретно дава до знаење дека промената на ликот е најава за нова „бизнис авантура“ на пејачот, која следува наскоро? Што и да е, како што и самиот прашува, најважно е само едно:  Што мислите вие?  Дали во вакво „белобрадо издание“,  Владо Јаневски е „ист“  Чедо Краљевски?  

Шест имиња од домашната естрада на целовечерен фестивал „Мозаик 2020“ https://arhiva.vistina.com.mk/shest-iminja-od-domashnata-estrada-na-celovecheren-festival-mozaik-2020/ Mon, 17 Feb 2020 14:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134609

Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“. На 28-ми февруари во СЦ „Борис Трајковски“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во петчасовен музички спектал и да слушнат дел од најголемите домашни ѕвезди. Свои концерти во иста вечер ќе имаат чаирскиот романтичар Владо Јаневски, највлијателниот хип хоп артист и кралот на ромската музика-Слаткаристика и Ферус Мустафов, еден од најактуелните хип хоп и рап музичари - Сам, легендарните рокери „Елита 5“ и групата „Нокаут“ кои со својата временска машина ќе не прошетаат низ нивната 22 годишна музичка кариера. Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20:00, а ќе трае пет часа. По Скопје, концертната турнеја продолжува во Прилеп и Куманово.]]>