владо дојчиновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Jan 2020 17:50:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png владо дојчиновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Божиќна песна – „Христос се роди денес” ( ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjna-pesna-hristos-se-rodi-denes-video/ Mon, 06 Jan 2020 17:50:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127547

Во најрадосно исчекување на Бадникови поворки и во пресрет на Празникот на светлото Христово Раѓање, возобновената божикна песна “Христос се роди денес”. Сите проекти се изработени во Бигорскиот манастир. За песната се заслужни маестро Владимир Димовски за аранжманот на музиката; до оркестарот музичари: виолина – Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли – Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; виолончело – Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; контрабас – Митко Иванов; кларинет – Петар Христов, канон – Тимко Чичаковски; харфа: Симона Богоевска. Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ. Режијата, монтажата и продукцијата на видео записот беа во рацете на Даниел Јовески; песната е во изведба на Вера Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а е снимена во студио „Фаме’с“, микс – Игор Василев и едит – Теодора Арсовска. До сите нив неизмерна благодарност, почит и љубов. Во севкупното остварување на овој проект учествуваа над 80 души, меѓу кои и познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски. Прекрасната костимографија ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски. Христос се роди денес Добровечер, домаќини, ако има во вас желба, да раскажам за светото раѓање на Христа Бога. Христос се роди денес во Витлеем јудејски, небесата се веселат, сета твар се радува. Во пештера се раѓа, во јасли на животните, Царот на небесата и Творецот на вселената. Мноштво на ангели пеат: „Слава во висините“ и достојна за восхит е верата на пастирите. Од Персија доаѓаат, тројца мудреци со дарови, ги води светла ѕвезда, без да ги задоцнува. Во овој дом што пееме, камен да не падне, домаќинот на куќава, долго жив да биде. И добра ноќ, одморете, па во црква брзо појдете, на светата Литургија со многу побожност и радост. И дома штом се вратите, на трпеза да каснете, дајте и на сиромаси, за никој да не снема. Дајте ни нам што пееме, колку има во вас желба, и Христос Бог наш секогаш помошник да ви биде. ]]>

Ѓоко Јовиќ донесе уште една печалбарската класика – „Решив дома да се вратам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjoko-jovikj-donese-ushte-edna-pechalbarskata-klasika-reshiv-doma-da-se-vratam-video/ Wed, 27 Nov 2019 12:27:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120980

Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ ја продолжува својата традиција да промовира нова песна екранизирана со видеоспот. Деновиве тој  промовираше токму ваков пакет за песната “Решив дома да се вратам”. Овој пат без неговите „Енерџи бенд“самостојно како соло изведувач тој донесе песна со печалбарска тематика, една од оние кои најмногу се слушаат и поминуваат кај нашите иселеници во дијаспората, каде Ѓоко многу често гостува и настапува. Автор на музиката е самиот тој, додека стиховите ги напишал Александар Стевановски, а аранжманот заеднички ги потпишуваа Ѓоко Јовиќ и Марко Дениќ. Песната е снимена во студиото „Анастасија“, а за снимањето, миксот и мастерингот бил задолжен Љупчо Павловски. Видеото е снимано на повеќе локации во Охрид и охридско, во продукција на охридската „ИН Продукција“. Главен лик во видеото е еден од најпознатите актери во Македонија, Владо Дојчиноски, кого гледачите најмногу го познаваат преку неговите ТВ улоги од ликовите во „Македонските народни приказни“. Тој воедно е потпишан и како режисер на видеото, во кое покрај него и Ѓоко Јовиќ, ликовите ги толкуваат и членовите на најтесното семејство на пејачот, татко му Тодор и синчето Михаил Јовиќ. „Нам многу ни се допаѓа, но ќе видиме ќе го оставиме тоа на публиката, иако дел од песната уште претходно објавив на Фејсбук. Отсвирено на клавир по дома и многу беше прифатено... Песната како песна е добра, но мислам дека спотот е многу подобар. Владо тоа  го изведе во најдобар ред, со одлично смислено сценарио“ изјави Јовиќ, а Вие во продолжение проследете ги песната и видеото: ]]>

Актерот Владо Дојчиновски контра Шенка Колозова: „Никогаш Северна, секогаш Македонија“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-vlado-dojchinovski-kontra-shenka-kolozova-nikogash-severna-sekogash-makedonija-video/ Tue, 25 Sep 2018 13:15:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50378

Познатиот македонски актер од помладата генерација, познат по својата улога во македонските народни приказни, Владо Дојчиновски на својот официјален Фејсбук профил објави видео, како своевиден одговор на неговата повозрасна колешка Шенка Колозова, која како и некои други познати и јавни личности, завзеде страна по прашањето на претстојниот референдум.
Владо токму во приказните во многу епизоди игра заедно со Шенка, најчесто толкувајќи ја улогата по која нејзиниот покоен сопруг, легендарниот Ѓорѓи Колозов беше прочуен - улогата на царот! Но очигледно е дека сопругата на покојниот „цар од приказните“ и овој - актуелниот, не размислуваат исто, кога се сопствената земја, родољубието и патриотизмот во прашање.
И додека Шенка отворено агитира „ЗА“ референдум земајќи активна улога во рекламната кампања на владата, Владо во видеото кое го постираше на својот Фејсбук профил најавува дека ќе го бојкотира престојниот референдум за промена на името.
Мене, по мое убедување и пред мене, совеста ќе ми остане чиста, бидејќи нема да бидам дел од прекрстувањето на Македонија. нема да бидам дел од уништувањето на Македонија. Ќе останам со почит кон предците кои се бореле за Македонија. Нема да им го одземам правото на моите деца да растат во земја што се викала Македонија, се вика Македонија и по Божја волја, се надевам, ќе се вика Македонија. Затоа, јас ќе бојкотирам. Никогаш Северна, секогаш Македонија! Да ни живее Македонија. Бојкотирам!“ - порачува актерот Дојчиновски.
Еве го неговото видео обраќање: ]]>

(ФОТО) Познатиот македонски актер стана татко – на мекици со оро и песна за бебенцето кое доби уникатно име https://arhiva.vistina.com.mk/foto-poznatiot-makedonski-akter-stana-tatko-na-mekici-so-oro-i-pesna-za-bebenceto-koe-dobi-unikatno-ime/ Fri, 04 May 2018 07:24:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24958

Доајените на македонско глумиште се собраа на мекици кај својот помлад колега, актерот Владо Дојчиновски кој изминатата недела стана татко за првпат. Неговата сакана сопруга Николина на свет му донесе син, а гордиот татко ги собра најблиските, викна гајди и тапани за надалеку да се слушне дека се роди неговиот наследник.
На социјалните мрежи, односно на профилот на актерот се најдоа галерија фотографии од прославата со мекици, а меѓу најблиските и роднините присуствуваа и актерите и колеги на тазе таткото, од Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски, Дурвавка Киселички...
Се вртеа ора, се пееја песни, се наздравуваше да е жив и Нестор.
Инаку, Владо Дојчиновски и неговата сопруга Николина стапија во брак во месец септември 2015 година.
фото:фејсбук/владо дојчиновски]]>