владимир василевски -четкар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 12:54:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png владимир василевски -четкар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Четкар јавно ја откри тајната на охриѓани – еве како им пораснал наталитетот и кое место било главно за „правење“ деца (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-javno-ja-otkri-tajnata-na-ohrigani-eve-kako-im-porasnal-natalitetot-i-koe-mesto-bilo-glavno-za-pravene-detsa-foto/ Fri, 10 Nov 2023 09:48:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326335

На македонската ТВ водителка Снеже Велков и заврши паузата на емисијата „Нешто конкретно“, па ја започна новата сезона која веќе се емитува на телевизија. Таа ги најави првите гости од првата епизода кои сите до еден беа машки, а меѓу гостите беше и македонскиот џез-музичар Владимир Василевски – Четкар.  Кај Снеже на разните провокативни и интересни прашања кои можат да ве замислат но и да се изнасмеете, беше и она што сакаше да го каже Четкар за охриѓани и охридските кајчиња. Така тој како роден охриѓанец со интернационално реноме, храбро откри една пикантерија за охриѓани на они кои не знаеја досега како им пораснал наталитетот. - Кајчево беше главно место за праење деца во Охрид. На времето немаа пари луѓето по хотели да одат и ќе најдеа холанѓанки кои ги викаа маратонци. И в кајче цело езеро е нивно. И тука што се правеше што се правеше... И така кајчињава да не беа, Охрид немаше да биде ниту 60 илјади, ќе беше 10 илјади.
Заклучокот на некои од анегдотата на Четкар беше дека „ништо без кајчињата“, а од таму и она „затвори ја вратата не си во кајче роден“, сега има одговор „таму сум правен“. Коментарите под видеото почнаа да се редат, некои слатко се изнасмејаа, а некои малку се навредија па, не им беше воопшто смешно. Четкар со години живее на релација Америка – Македонија. Тој за себе вели дека е авантурист кој сакал да биде археолог кога ќе порасне. Сепак, денес и е посветен на музиката, но авантуристичкиот дух дефинитивно го задржал. Фото: Инстаграм/vladimir_cetkar]]>

Владимир Четкар: „Многу мои пријатели од Америка доаѓаат да го видат Охрид оти им кажувам дека е најубавиот град“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vladimir-chetkar-mnogu-moi-prijateli-od-amerika-doagjaat-da-go-vidat-ohrid-oti-im-kazuvam-deka-e-najubaviot-grad-video/ Fri, 23 Sep 2022 08:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268339

Џез-музичарот Владимир Василевски - Четкар следниот месец ќе оди на турнеја низ Америка. Ова е негова трета турнеја во САД од почетокот на пандемијата. Иако неодамна имаше неколку настапи низ Македонија, вели дека со душа ги чека концертите, оти во годиниве со короната најмногу му фали контактот со публиката и настапите во живо. „Скоро имав супер концерт на Љубаниште, се погоди времето после неколку дождливи дена, па дојдоа и луѓе со кајчиња и беше магично доживување. Свирев и на џез-викендот во винаријата „Монастери“, а таму имаше гости од цела Македонија, ама и луѓе од Црна Гора. Мене на моите концерти ми е исто толку убаво како и на публиката, можеби и поубаво“, раскажува тој. Четкар со години живее на релација Америка - Македонија. Пандемијата го затекна во Њујорк. Едвај ги издржал тие осум месеци кога најголемиот дел од времето бил сам. За забава, секојдневно возеше велосипед и објавуваше видеа од празните улици на Менхетен и Тајмс сквер. „Некогаш возев и во спротивна насока и со погледот нагоре, конечно ја видов архитектурата на Њујорк. Ама, еден ден ми го украдоа точакот од пред зграда. После едвај најдов да купам точак, немаше по продавници. На крај, во едно кафуле видов велосипед на ѕидот па го прашав газдата дали ќе ми го продаде“, се сеќава Четкар. За себе вели дека е авантурист и сакал да биде археолог кога ќе порасне. Иако денес ѝ е посветен на музиката, авантуристичкиот дух не го напушта. Каде и да патува по светот, секогаш изнајмува велосипед и тргнува да види повеќе од земјата и локалната култура. Но, на крајот, вели, најубаво му е во Охрид, градот кај што е роден и пораснал. „Оваа убавина ја нема никаде. На пријателите во САД стално им раскажувам за езерото старо над милион години, за убавините на градот, за топлината во која сум растен и која е предноста да растеш во помал град, а тие дошле да го видат Охрид заради моите приказни. Но, да бидам искрен, ми пречи што сè се случува само преку лето, во тие два месеца. Градот има одлични услови и за зимски туризам“, искрен е Владимир. Во разговорот за „Репортер“ зборувавме за сè: музиката и колкава инспирација му е Охрид кога компонира, зошто му го откажаа настапот на Пивофест во Прилеп, за времето кога студираше на најпрестижниот колеџ за џез „Беркли“. Но и за тоа како се справува со некултурните возачи кога е на точак, зошто низ празниот Њујорк пееше изворни македонски песни и дали некогаш ќе ја скрати косата...   Гледајте го видеото во кое се кријат деталите... ]]>