владимир митревски-ѓуле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Feb 2022 13:23:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png владимир митревски-ѓуле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Никола Трпковски од „Жешко столче“ на музичката сцена како Ninne со – „Сада знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-trpkovski-od-zeshko-stolche-na-muzichkata-scena-kako-ninne-so-sada-znam-video/ Wed, 09 Feb 2022 13:18:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238358

По три успешни сезони на забавната емисија „Жешко столче“ снимени во Скопје и во Белград, водителот на емисијата Никола Трпковски отвора ново поглавје, зачекорувајќи и на музичката сцена, овој пат како Ninne. Неговото прво музичко остварување со наслов „Сада знам“, имаше своја промоција и премиера во Intermezzo Music Bar на 08 февруари, вторник,  како и на каналот на „Жешко столче“ на You Tube. Интересна нумера испена истовремено и на српски и на македонски јазик, лесно прифатлив звук, модерен бит и ултрамодерен видео запис. Музиката е на фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов  и Деки, исто така член на групата, додека ‭стиховите ги напишала младата раперка, ‬Дијана‭ ‬ОГ. Иван Јованов и неговата девојка, Антонија Гиговска дадоа свој придонес и во целиот процес на пеење и се јавуваат како придружни вокали чии гласови ги слушате во позадина на снимката. Видеозаписот е потпишан од режисерот Владимир Митревски – Ѓуле и од матичната продукција МАГ која стои и зад проектот „Жешко столче“, а во спотот се појавува и моделот Сара. Како изгледа и звучи сето ова спакувано, проследете во видеото подолу: ]]>

Лара Иванова во магична изведба опиша како изгледа кога во љубовен неповрат заминува една – „Душа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-vo-magichna-izvedba-opisha-kako-izgleda-koga-vo-ljuboven-nepovrat-zaminuva-edna-dusha-video/ Fri, 24 Sep 2021 12:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220578

Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на годишниот фестивал "Макфест 2021", кој неодамна се одржа во Штип. Лара буквално ја "разнесе" сцената во Штип со нејзината изведба на песната "Душа" и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани. Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација. Инаку "Душа" е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем. "Душа" доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски - Ѓуле. - "Душа" мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика“ - вели Лара. Како изгледа аудиовизуелниот пакет на нејзиното макфестовско остварување, проследете во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=hrPVumNqcYw[/embed]]]>

Лара Иванова само во стиховите на новата песна е – „Осамена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-samo-vo-stihovite-na-novata-pesna-e-osamena-video/ Wed, 16 Jun 2021 13:13:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207355

Oваа 2021 година е  е дефинитивно успешна за младата пејачка Лара Иванова. Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, таа веќе ги освои симпатиите на публиката. Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите. Таа сега на социјалните мрежи  и „Јутјуб“ каналот, ја промовираше нејзината најнова песна. „Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев ги напишал музиката и аранжманот, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков. Се разбира, Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка. „Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни „Некогаш ќе помине“ и „Кој е сега крив“ кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки“ – вели младата Лара. Режисер на овој видеоспот за „Осамена“ е Владимир Митревски – Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда, а идејата за истиот била заедничка. „Спотот за 'Осамена' е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен“ - истакнала Лара. Инаку Лара не планира да го намали темпото на работа, затоа  во иднина од неа, очекувајте само квалитетна музика. ]]>

ДНК со дел од македонската естрада, фудбалерите и останати спортисти во новата навивачка химна – „Македонија на Европско“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-so-del-od-makedonskata-estrada-fudbalerite-i-ostanati-sportisti-vo-novata-navivachka-himna-makedonija-na-evropsko-video/ Tue, 01 Jun 2021 12:29:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205109

Македонија доби уште една навивачка химна. Дел од македонската естрада одново се сплоти и заедно со фудбалските репрезентативци и останатите спортисти, тие предводени од селекторот Игор Ангеловски - Мрме, пејачите и музичарите од Панчо и Андреј од ар ен би дуото „ДНК“ ја направија „Македонија на Европско“. Оооо оооо Македонија на Европско.... Сите сплотени сме заедно.... Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно... вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која момците од ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство. И не само Панчо и Андреј поддршка на црвено-жолтите им даваат еден куп колеги – музичари, спортисти, актери, пријатели на ДНК и вљубеници во спортот и фудбалот, кои се дел од уникатното видео, кое зрачи со љубов и желба за победи и што е можно подобар пласман на нашите момци. - Им посветивме песна на фудбалерите кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација. Затоа решивме да направиме и вакво видео во кое буквално целата естрада за прв пат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери... и сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите кои имаат свое место во овој видеозапис. Сакаме навистина и од СРЦЕ да им се заблагодариме на сите, особено на нашите фудбалери за одвојувањето од нивното време да снимат кратко видео каде што сите ќе ги видат во едно поинакво светло од она на терен. Вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски. Особено мора да му се заблагодариме на Илија Несторовски, кој беше главна алка и спојка, и кој воедно ги потсетуваше сите навреме да испратат видео, велат Панчо и Андреј, кои се особено горди на тоа што дел од кадрите им припаѓаат и на оние кои се главни јунаци во целата оваа приказна – фудбалските репрезентативци. - Големо благодарам од нас оди и на сметка на Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсовски, затоа што несебично ни излегоа во пресрет и ни помогнаа околу логистиката, велат момците од ДНК. Како автори на оваа песна и овој пат се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, во чие студио и е снимена, продуцирана и мастеризирана „Македонија на Европско“. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Владимир Митревски - Ѓуле. И да, во спотот премиерно се појавува и подмладокот на бендот, односно новите членови Андреја (10 г.) басисит, Марјан (6 г.) тапанар и Јана (5 г.) клавијатури и придружен вокал. - Веруваме во песната, веруваме во момците и #Македонија на Европско, велат Панчо и Андреј. https://www.youtube.com/watch?v=xC5z_541AbA]]>

Македонката Андреа одново атакува на европските топ листи со – „Talk to Me“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonkata-andrea-odnovo-atakuva-na-evropskite-top-listi-so-talk-to-me-video/ Wed, 07 Apr 2021 12:41:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198048

Откако минатата година која за сите нас беше катастрофална и крајно депресивна, младата македонска пејачка  Андреа влезе во 2021 со една весела перспектива  по големиот успех што токму среде корона пандемија постигна планетарен успех со своите први две песни. Затоа на 2. април годинава реши да го издаде новиот сингл „Talk to Me“. Овој сингл е забавна, безгрижна трака која зборува за уметноста на флертот. „Навистина сакав да направам песна која ќе го одвлече вниманието и ќе им овозможи на луѓето да уживаат, да не се повлечат, туку да се релаксираат и да танцуваат“ - изјави Андреа. Нејзиниот прв сингл, „I Know“ имаше премиера на престижниот британски музички блог Blackplastic, а нејзиниот втор сингл кој излезе нешто подоцна во 2020 „I Don’t Know Your Name“, ги надмина сите очекувања со приближно 140.000 стримови меѓу оригиналот и ремиксите. Оваа млада македонска поп изведувачка во европски подем вели дека целта зад „Talk to Me“ e да се искреира свеж, модерен звук испреплетен со ретро синтвејв елементи. Стиховите од типот: „...Дon’t wanna wait or hold back, don’t wanna lose you out of sight” ја потенцира страсната потреба која луѓето ја имаат во моментот кога прв пат се „затрескуваат“. „Talk to Me“ е паузата која на сите ни е потребна, пауза од сите сериозни теми  и е песна која го потсеќа слушателот на среќните, безгрижни моменти во животот. „Talk to Me“ е компонирана, продуцирана и аранжирана од Александар Масевски. Стиховите се на Андреа Коевска и Александар Масевски, а мастерингот го изработил Darius van Helfteren. За песната е снимено и видео кое го потпишува режисерот Владимир Митревски - „Ѓуле“, а во него покрај Андреа се појавуват уште и црномурестиот Амир Смит, како и танчериите од  „Тhe Beatrix dancers“. https://www.youtube.com/watch?v=07_4jT5Arks  ]]>

Андреа не го знае твоето име, но наскоро сите ќе го запаметат нејзиното – „I Don’t Know Your Name“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-ne-go-znae-tvoeto-ime-no-nasjkor-site-kje-go-zapametat-nejzinoto-i-don-t-know-your-name-video/ Tue, 05 Jan 2021 13:49:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184139

20 годишната Андреа е новото пејачко име кое уште со првата песна направи вистински бум не само во Македонија, туку и надвор од неа. По само две недели од излегувањето на синглот  „I know“, песната почна да се пушта по радиостаниците во 15 европски земји,  САД, Јужна Америка, Јужна Африка... Нејзиниот исклучителен вокал го забележал токму композиторот Александар Масевски, кој младата пејачка ќе ја зеде „под свое“, така што Андреа неодамна го издаде и својот нов сингл, одново отпеан на англиски јазик. Темата овој пат носи наслов „I Don't Know Your Name“, и во неа таа одново на најдобар начин ги истакнува своите моќни вокални способности. За неа е снимено и видео во кое главен лик е македонската балерина Стефанија Гаштарска, единствената Македонка која е дел од ансамблот на големата „Бољшој балетска академија“. Новата песна на Андреа можете да ја слушнете и на сите онлајн  музички платформи. Композитор, аранжер и музички продуцент на песната е Александар Масевски, кој ги напишал и стиховите, додека мастерингот го направил Дариус Ван Хелфтерен. Режијата на видеоспотот ја потпишува Владимир Митревски - Ѓуле, а зад него стои продукцијата „Фокус филм“. Проследете како сето тоа извучи и изгледа: https://www.youtube.com/watch?v=toVm99dQiMs&feature=emb_logo]]>

„СМАТ“ потсетија и им посветија песна на децата жртви на политиката – „Во мојот град“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/smat-potsetija-i-im-posvetija-pesna-na-decata-zrtvi-na-politikata-vo-mojot-grad-video/ Thu, 22 Nov 2018 13:23:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59332

Македонската метал-кор група „Смат“ (SMUT) го промовираше својот нов видео-спот за песната „Во мојот град“, кој  е објавен на „Јутјуб“ каналот.
Владимир Митревски - Ѓуле ја потпишува  режијата на видеото „Во мојот град“ кој е воедно и прв видео-запис од новиот албум на „Смат“ насловен:  „Тие се насекаде“. Овој албум e петто студиско издание во досегашната, повеќе од 20-годишна кариера на бендот кој е основоположник на таканаречениот метал-кор стил и и важат за една од најценетите групи во овој дел од Европа.
Песната, како што велат, е посветена на луѓето кои сакаат да прикриваат убиства и ги користат тие убиства за своите маркетинг кампањи, а во нив невини жртви се децата.
„Запомнете ги Мартин, Тамара и децата од Смилковско езеро“ - порачуваат „Smut“.
Во видеото како специјална гостинка се појавува и македонската актерка Виолета Шапковска, а како е сето тоа спакувано проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=Py0EkXpmszk]]>