владимир четкар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2023 08:18:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png владимир четкар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хуморот на Четкар е како џезот – з’ш за да го разбереш, мора да си или џезер во душа или… охриѓанец! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/humorot-na-chetkar-e-kako-dhezot-z-sh-za-da-go-razberesh-mora-da-si-ili-dhezer-vo-dusha-ili-ohriganets-video/ Thu, 02 Nov 2023 08:11:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324988

Владимир Василевски - Четкар, македонскиот џез гитарист со интернационално реноме, туку што се врати од турнеја по Далечниот Исток. Таму, како и на многу други места ширум светот е мегаѕвезда, кај нас на Балканот, каде што царуваат турбофолкот и кичот, а Техеран звукот доминира,  остана некако несфатен до крај...
Иако, како што самиот умее да каже: „Нема граници кои врвната и искрена уметност неможе да ги пробие!“, некои закоравени жабокречини, тешко се брануваат. Впрочем за да го разбереш џезот, мора да си и по малку музички „писмен“, троа едуциран, да сакаш да слушаш малку повеќе од „завивање од Ориентот“ и трилери на хармоника и синтисајзер. Таква е таа музика, не е баш за сечие уво, ама по се' изгледа таков е и хуморот на родениот охриѓанец Четкар!
Имено покрај останатото што го споделува на социјалните мрежи како дел од неговата музичка кариера, спотови, настапи, турнеи, Четкар се труди понекогаш да сподели и парче  сопствен хумор... Овој пат, охридски. Така на пример октомвриското капење во Охридското езеро Четкар го зачинил со „Лепотан френдли совет“.
Или што би рекол охридскиот гитармастер: „Надворешната убавина понекогаш заслепува, па луѓето не можат да ја видат вашата генијалност“! Е сега дали баш тајната на внатрешната убавина е во надворешната или надворешната ја засенува внатрешната, е прашање за дилема? Особено што надворешната е минлива, за разлика од внатрешната, чиј секој изустен збор долго се памти!
Она што Четкар како хумор го сервирал на поединци им е смешно, а многу други се прашуваат: „Што сака со ова да каже писателот?“ Во случајов џезерот! З'ш хуморот на Четкар е како џезот - за да го разбереш мора да си или џезер во душа или... охриѓанец! Фото и видео: Инстаграм/vladimir_cetkar
 ]]>

Четкар се збогува со близок член од семејството: „Почивај во мир, фала ти за сета твоја љубов“ https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-se-zboguva-so-blizok-chlen-od-semejstvoto-pochivaj-vo-mir-fala-ti-za-seta-tvoja-ljubov/ Wed, 28 Oct 2020 08:58:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173348

  Светски познатиот македонски џез музичар, Владимир Четкар се прости од драг и близок член на потесното семејство- неговата баба. Тој на својот Инсатграм објави фотографија заедно со бабичката за која како што вели ги има најубавите спомени од детството, а со емотивни зборови се поздрави од неа. -Бабо почивај во мир.Фала што ме чуваше...Фала за сета твоја љубов и грижа. Најубавите спомени од детството ми се оврзани со тебе и со дедо. Стално ќе живиш во душава моја, пишува Владимир на својот Инсатграм. Инаку, поради корона пандемијата Четкар поголемиот дел од врмето изминатите месеци го помина во родниот Охрид.]]>

Четкар за првпат ќе настапи со септет од познати македонски музичари во Станица 26 https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-za-prvpat-kje-nastapi-so-septet-od-poznati-makedonski-muzichari-vo-stanica-26/ Fri, 12 Jan 2018 11:00:46 +0000 http://vistina.mk/?p=9587

Концертната агенција и продукција „3Гонга“ Ве поканува на концертна свирка (Градска сесија бр.8) на македонскиот џез и фанк гитарист Владимир Василевски – Четкар на 17 јануари со почеток во 21.30 часот во ноќниот клуб „Станица 26“.
Музичарот за првпат ќе настапи во Македонија со септет, составен од познати македонски музичари како: Ѓоле Максимовски на бас, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Демир Катуровски на труба, Виктор Филиповски на тапани и Гордан Спасовски на клавијатури.
Четкар, кој живее и работи во Њујорк, а музицира буквално низ целиот свет и досега има настапувано на сите светски релеватни џез фестивали и клубови, не сака да го скрие големото задоволство што настапува на домашен терен со извонредни македонски музичари: „Го познавам добро тимот кој стои зад „3Гонга“ и знам дека станува збор за исклучителни познавачи на музиката, кои работат со голема посветеност и љубов. Има голем ентузијазам и кај мене и кај нив за оваа наша соработка и воопшто не се сомневам дека ова ќе биде еден прекрасен концерт. Досега во Македонија најчесто сум настапувал со секстет, квартет или трио, а ова ќе биде за првпат да настапам тука со септет. Ќе свирам своја авторска музика и аранжмани од моите два албума, а ќе отсвирам и неколку композиции, кои оваа година ќе се најдат на мојот трет студиски албум“ вели Четкар.
Инку, Владимир Василевски има завршено музичка продукција, аранжман и џез гитара на престижниот Беркли колеџ во Бостон, САД. Дипломец е на отсекот за современо пишување и продукција. Иако гитарата е неговиот избран инструмент, својата првична музичка наобразба ја започнал како виолинист и ова знаење многу му има помогнато подоцна, бидејќи денес една од неговите аранжерски специјалности е токму аранжирање за гудачки секциии. Како автор и продуцент на својата музика, Четкар има огромен круг музичари од целиот свет со кои соработува. Постојано свири со нови музичари од различни краишта на светот и со самото тоа неговата музика секогаш звучи свежо и има разнолик шарм.
Музика на Четкар е дистрибуирана и промовирана во повеќе земји и тоа за најпознатите музички куќи во светот за џез, фанк и соул како P – Vine Records (Пи Вајн Рекордс) и BBQ Records (Би Би Кју Рекордс) во Јапонија, Warner Music Korea (Ворнер Мјузик Кореа) и C&L Music (Си Енд Ел Мјузик) во Јужна Кореа, Hitman Jazz Records (Хитмен Џез Рекордс) во Тајланд и Југоисточна Азија, Soul Brother Records (Соул Брадер Рекордс) и Expansion Records (Експанжн Рекордс) во Англија, Newtown records (Њутаун Рекордс) во Австрија/Германија, Surya Records (Суриа Рекордс) и Diamond Records (Дајамонт Рекордс) во Италија...

„Travel The World“ е новото видео на Четкар https://arhiva.vistina.com.mk/travel-the-world-e-novoto-video-na-chetkar/ Mon, 30 Oct 2017 09:29:18 +0000 http://vistina.mk/?p=1978

После подолга пауза од неговото последно видео, популарниот македонски џез музичар Владимир Василевски  - Четкар ја претстави екранизацијата за новиот сингл насловен „Travel The World“.
Станува збор за уште една одлична тема од познатиот охриѓанец, кој се потпишува како комплетен автор на композицијата, аранжманот, стиховите, оркестрациите и продукцијата, а освен што ги пее водечките и придружните вокали, свири и на гитара.
Песната е снимена во „Моцарт студио рекординг“ во Њу Џерси и „Катинг рум рекординг студиос“ во Њујорк, а копродуцентка е Маја Чоуз. Во снимањето учествуваа и Одри Хејс и Делејни Стокли на виолина, Кристина Кис на виола, Морин Кели на виолончело, Арон Хенри на тенор саксофон, Коди Роландс на труба, Сет Уивер на тромбон, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Џејмс Квинлан на бас и Нолан Брд на тапани.
Видеото, пак, е снимано во родниот крај на Четкар и ги прикажува убавините на Охрид и охидскиот регион,  а е во режија на Борче Димоски од продукцијата „Дигитал бокс“. Промоција на новото видео се случи  во рамките на бесплатниот концерт во Охрид, кој  се одржа на 22 октомври, во ресторанот „Билјанини извори“. https://www.youtube.com/watch?v=ap5j9UuFPjc]]>