влада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 11:29:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png влада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Владата немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, но затоа другите имаа: ТВ емисиите од забавен карактер – откажани, настаните и концертите – одложени! https://arhiva.vistina.com.mk/vladata-nemashe-ni-doblest-ni-sovest-da-proglasi-den-na-zhalost-no-zatoa-drugite-imaa-tv-emisiite-od-zabaven-karakter-otkazhani-nastanite-i-kontsertite-odlozheni/ Tue, 05 Dec 2023 11:08:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329904

Убиството на малата Вања и фризерот од Велес како никогаш до сега ја потресоа јавноста... Ама и ја кренаа на нозе. Тага до небо, болката не стивнува, гневот и бесот од направениот злостор не сопираат и не треба. Општество без морални норми, со урнат систем на вредности, со уништени елементарни човечки особини... Срам, образ, емпатија, љубов, сочувство, хуманост... Наместо нив, само алчност, омраза, блуд, пороци, бескруполозност, извретни вредности... Врвот е дно, а на врвот - оние од дното! Зашто да беше барем малку поинаку по се' што се случи овие денови, после ваквиот траор и колективна болка, да се имаше барем малку совест и доблест вчерашниот, па и денешниот или утрешниот ден, ќе беа денови на жалост, а не понеделникот да биде ден за средба за пазарање изборен датум, кој никому нема да му избега и ден порано или подоцна изборите секако ќе бидат закажани. Арно ама...  елементарните карактерни и пред се човечки особини, одново откажаа. И тоа кај оние кои во вакви моменти треба да бидат и најдоблесни и најсовесни... Зашто само два збора израз на сочувство - се далеку од доволни! Тага до небо, образ - ѓон! Едноставно политиката немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, но затоа  другите имаа. ТВ емисиите од забавен карактер - откажани, настаните и концертите - одложени. Зашто ако имате барем тронка чувство на емпатија, барем парче душа пред ваква трагедија, не ќе имате совест да се однесувате како ништо да не се случило. Особено ако професијата ви е да ги забавувате масите, а  никому не му е до забава. Тоа бргу го сфатија повеќето или речиси сите од естрадно-забавниот свет иако повеќето не веднаш... Така уште вечерта, во неделата на 03.12.2023 околу 21.00 часот, кога беше соопштена трагичната вест за убиството на малата Вања, речиси ниту една телевизија не ја прекина програмата. Јавноста во истиот момент шокирана и збунета, ама затоа не и програмските директори или уредници, па на програмите и понатаму си продолжија да одат „Никогаш не е доцна“, турски серии, „Ај ДЈ шоу“... Стварноста не може да биде покрвава и потраорна, ама „шоуто мора да продолжи“!? Кога и на Владата не и текна дека ако не повеќе барем достоинствено е трагедијата да ја одбележи со еден ден жалост, на таква почит се сетија оние кои ги продуцираат, подготвуваат и водат емисиите од забавен и музички карактер, организаторите на разни ивенти и настани од таков тип, пејачите своите музички промоции, сопствениците на локалите каде беа закажани настапи на домашните и музичките изведувачи од соседството... Некои од нив и со соопштенија на социјалните мрежи образложија дека не е момент за емисии со збавно-музички содржини, дека настаните и настапите се откажани или пролонгирани. Така на пример најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“  јго откажа емитувањето на своето понеделничко издание. Водителот на „Голден карпет„ Миро Кацаров обзнани дека: „Порадо монструозниот и психопатски чин кој не доведе до шок, тага и неверување, забавна содржина од 'Голден карпет' нема да се објавува до четврток“... А можеби и повеќе?! Водителот  на ток шоуто „Јади бурек“ вчеравечер исто така  во живо се вклучи на својот Фејсбук профил на социјалните мрежи и соопшти дека емисија нема да има.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jingle TV (@jingle.tv)

Некои од забавните емисии како оние што одат на интернет телевизијата „Џингл ТВ“, тотално ги преобразија и адаптираа своите програмски содржини во склад со немилите настани и ситуацијата. Својот ивент, настанот на магазинот „Убавина и здравје“ за доделување на наградите на најдобрите инфлуенсери во 2023 година, насловен „Influencer awards 2023“,  кој требаше да се одржи на 06.12.2023 год. тие како организатори го откажаа и одложија за понатаму. Истотот се случи и со мноштвото закажани настапи на домашните и некои музички изведувачи од соседството, кои беа закажани деновиве. истите или се целосно откажани или пролонгирани за понатаму. Кога веќе власта не покажа „душа“ кон една детска, насилно и прерано згасната душа, покажаа барем оние кои се задолжени за некои посреќни времиња. Нека ти е светол патот кон вечноста, мал ангелу!
Фото: Instagram i Facebook printscrean]]>

Миа Костова распали по владата, министерот за образование и образовниот систем: „Вие веќе не сте злобни и себични, вие сте умоболни“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-raspali-po-vladata-ministerot-za-obrazovanie-i-obrazovniot-sistem-vie-veke-ne-ste-zlobni-i-sebichni-vie-ste-umnobolni-foto/ Mon, 21 Aug 2023 08:42:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314440

Откако летово ги пропатува саканите дестинации и имаше продолжен одмор од соништата, една од највлијателните македонски инфлуенсерки, доскорешната ТВ водителка Миа Костова се врати дома. Септември наближува, па време е за на училиште... Нејзиното синче Андрија годинава треба да тргне во 6-то одделение. Арно ама, како што е веќе на власта и „килавата влада“ им стана навика, учебници и годинава токму за основците од шесто се' уште нема и до почетокот на училишната година нема ни да има. Божем ветија дека годинава ќе бидат испечатени на време, дека нема да има проблеми, ама... Нивното ветување само за „луди и наивни“ е  радување, па така и годинава се' што кажаа - излажаа! Демек учебници ќе има, ама малку подоцна!? Така велеа и лани, па учебниците на учениците им стигнаа во јуни, непосредно пред да се распуштат?! Револтирана од најновата „измама“ на надлежниот министер и неговата свита, Миа Костова, како што ја дал Бог „без влакна на јазикот“,  буквално „распали“ и по него и по министерството за образование и по цела влада. И со право, зашто децата во континует останаа осакатени заради нечија неспособност, инертност, незнаење, штетни предавнички политики, бизнис интереси... Или сето тоа заедно!? Само што овој пат Миа Костова ваквото нивно однесување не го препиша само на погоре споменатото, па дури ниту на нивните карактери и карактерни особини, туку на нешто многу пострашно... На дијагноза! „Андрија од септември ќе биде 6-то. Без книги. Одделение од кое на дете треба да му се направи сериозна навика за учење и совладување на материјал тековно од ден во ден. Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа. Дали има некој со здрав разум воопшто кој ќе одговара за овие деца кои за 6 години во образование немаат никаква престава за тоа што е всушност школо? Вие веќе не сте злобни и себични. Вие сте умноболни“ - споделила русокосата во својот Фејсбук статус прозивајќи ги политичките „пациенти“ кои во континуитет ни ги „сакатат“ децата за наши пари! Фото: Фејсбук и Инстаграм/miandrija]]>

Јоци одново „ги раздига на клоци“ оние од владата: Цените во владиното бифе се како да е народна кујна, а менито – „непсимено“ напишано (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/joci-odnovo-gi-razdiga-na-kloci-onie-od-vladata-cenite-vo-vladinoto-bife-se-kako-da-e-narodna-kujna-a-menito-nepsimeno-napishano-foto/ Fri, 18 Mar 2022 09:20:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243508

Власта или поточно „северната влада“ на Република Македонија одново на тапет на социјалните мрежи.. Впрочем постојано и е, а што дека кога и натаму „кучињата си лаат, карванот си врви“... А Бога ми и добро се гоштева и тоа речиси за ич пари во владиното бифе, зашто рестото му го покрива народот. Имено скандалозно евтините цени во официјалната владина менза, на шокантната, секојдневно се' поголема скапотија ги изиритираа граѓаните, кои распалија по премиерот, министрите и остантите чиновници од владината свита, дека се хранат како богови од наши пари, додека народот се тепа за шише скап зејтин по маркетите! Социјалните мрежи зовриени, нивните корисници бесни како рисови, разлутено „распалија“ по владината кујна што за наши пари ги рани како дворјани, а тие плаќаат едвај по некој ситниш, колку да не ебез ич, небаре користат социјална чинија супа во народна кујна! Меѓу најгласните и најголемите критичари на владиното Мени, одново некогашната новинарка Јорданка Ивановска, сега лута политичка блогерка и критичар на социјалните мрежи, попозната ако Јоци. Токму Јоци и овој пат одново  „ги раздига на клоци“ оние од Владата или поточно нејзината „Служба за општи изаеднички работи“ која е задолжена меѓудругото и за дневното Мени во владината кујна, односно владиното бифе. „Ај што цениве се скандалозно ниски, како да станува збор за народна кујна, туку поскандалозно е како изгледа овој владин меморандум под водство на Пеце Мирчевски. Меморандумов со логото на владата ја деградира самата институција, бидејќи е нејзино огледало! Изгледа токму како да го куцал лично Пеце по 18 „шљивки“ - со едната рака куцал, со другата можеби  држел некоја за ци*ки. Не се знае каде почнува менито, шлапнале, „тост врат каш“ (кавал) веднаш под логото. Немаат абер од држење права линија кај цените, тупосале мала буква кај ќе стигнат, имињата се неправилно напишани... Во средно имавме предмет „Биротехника“ и за вакво нешто не добиваше кец, туку нула!“ - им порача Јоци преку својот Фејсбук на „шефот на мензата“ и владините „гага гурмани“! Фото: Фејсбук принтскрин/Jordanka Ruse Ivanovska-Joci]]>

Портокалов метео-аларм: Поради пеколните горештини владата со препораки за заштита https://arhiva.vistina.com.mk/portokalov-meteo-alarm-poradi-pekolnite-goreshtini-vladata-so-preporaki-za-zashtita/ Wed, 28 Jul 2021 12:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213040

Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури во портокалова фаза, поради што надлежните објавија препораки за за заштита и намалување на ризиците за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините. Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони – Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.
Министерството за здравство соопшти дека состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на државата и од среда до недела важат следните владини препораки: 1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. 2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници. 4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките, а на приватниот сектор му се препорачува да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи ќе ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во РС Македонија. Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот. Сите правни субјекти, пак, кои вршат активности на отворено треба да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. Од МЗ потсетувааат и на општи мерки за заштита на здравјето. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува и задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Од МЗ посочуваат и дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.
]]>

За пејачката Сања Гроздановска протоколот за свадби – не важи… Сани има свој, скроен по нејзина мерка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-pejachkata-sanja-grozdanovska-protokolot-za-svadbi-ne-vazi-sani-ima-svoj-skroen-po-nejzina-merka-foto/ Fri, 04 Jun 2021 06:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205558

Корона пандемијата полека како да стивнува, на општа радост на сите нас, а најмногу на оние кои беа најпогодени и тоа не само здравствено - музичарите и естрадата! Арно ама, естрадата и Владата никако да се погодат, никако да се усогласат и договорат околу новите протоколи, со кои музичарите ќе можат да настапуваат. Надлежните дозволија да се свири и пее само на свадби и тоа под протоколи кои се за естрадните уметници апсолутно неприфатливи, а уште помалку остварливи. Гостите по шестмина на маса еден до друг може, а музиката небаре е „лепросана“, на „сто метри“ од сватовите. На подиум не може да се пее, а одење по маси - никако... И така некако, естрадата и Владата никако да се договорат околу протоколите, а свадбите веќе доцнат... И тоа повеќе од една година. Меѓу најзасегнатите покрај малдоженците, секако - народњаците! А меѓу нив пак, една од најгласните, Сања Сани Гроздановска. Ионака позната како пејачка што „уста не затвора“, што некој ќе го сфати можеби како професионална деформација, атрактивната кумановка е една од оние кои се „без влакна на јазикот“... Не се срами ниту пак се плаши, гласно и јасно да го искаже својот став по било кое прашање: Од најобичните секојдневни нешта што и пречат, па до оние сериозните работи против кои сме сите ние, ама малкумина од нас имааат... „знаете веќе што“, тоа јавно да го кажат! Така и овој пат, Сани на владиниот Протокол за свадби и семејни веселби одговори со свој... За неа нивниот - не важи, па Сани си скорои сопствен протокол, по нејзина мерка. Кога ќе прочитате што се' содржи, ќе видите дека фолкерката била во право. Затоа ако во престојниов период се најдете на некоја свадба , семејна веселба или каква и да било прослава, внимавајте како се однесувате... Да не „ви се скрши“ и на Ваша глава!  Или и тоа беше забрането? Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja    ]]>

ИВАП одново реагира: Владата вети два милиони евра помош, помошта никаде ја нема… дали мислите дека сме алхемичари? https://arhiva.vistina.com.mk/ivap-odnovo-reagira-vladata-veti-2-milioni-evra-pomosh-pomoshta-nikade-ja-nema-dali-mislite-deka-sme-alhemichari/ Tue, 01 Jun 2021 13:01:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205133

Ивент индустријата која е една од најпогодените од коронапандемијата излезе дека е и една од најзапоставените во поглед на државната помиош. Иако Владата вети помош од 2 милиони евра, таа се' уште не стигнала до продукциите и фирмите кои за организација на настани. Оттаму нивниот револт тие денес одново го искажаа со реакција на социјалните мрежи:
Денес е 1 јуни, влегуваме во шестиот месец од УШТЕ ЕДНА пандемиска година и речиси 15 месеци како ивент индустријата е оневозможена да работи.
Пред извесно време Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но ајде да ги видиме фактите:
12 април - Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата - исплатени 0 денари
21 април - Јавен повик за организирање на настани - резултати нема, ПОМОШ 0 денари
12 мај - Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивет индустријата - резлултати нема, ПОМОШ 0 денари
Се уште немаме информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош
Прашање до Владата - дали мислите дека сме алхемичари? Дали се запрашавте како преживуваат нашите компании?
Навистина дел од нас користеа помош за исплата на плати (8 плати за 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење?
Нема настани, нема концерти, нема работа и НЕМА ПОМОШ!
Јавно ја прашуваме Владата, кога мисли да согледа дека нашиот сектор е навистина еден од најпогодените и соодветно да ни помогне?
15
Shares

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка на ивент индустријата https://arhiva.vistina.com.mk/objaven-javniot-povik-za-finansiska-poddrshka-na-ivent-industrijata/ Thu, 22 Apr 2021 12:02:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200137

Владата на Македонија објавува повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани во рамки на петтиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза. Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за економска дејност и заживување на економските активности на оваа гранка, преку обезбедување буџет за организација на јавни настани, преку ангажирање домашни артисти, изведувачи и подизведувачи. Тематска област на која ќе се реализираат настаните е 30 години независност на  Македонија со одбележување и промоција на различните белези на државноста и на општеството и тоа: Најважните историски случувања поврзани со државноста, независноста и развојот на нашата држава (Илинден, НОБ, АСНОМ, Референдум за независност, Охридски рамковен договор, Договор од Преспа и Членство во НАТО); Македонската култура и традиција претставени преку идентитетските специфики на македонскиот народ и преку промоција на македонскиот јазик; Културата и традицијата на албанскиот народ во Македонија и промоција на албанскиот јазик; Културата и традицијата на Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите други заедници кои живеат во  Македонија и јазиците кои се зборуваат во Северна Македонија; Европските и евроатлантските стратешки определби на државата; Мултикултурниот карактер на општеството, мозаикот на различности и интеркултурниот дијалог; Културно-историски локалитети и други аспекти од културното наследство на Македонија; Дејноста и делата на истакнати домашни дејци и автори во сферата на творештвото, културата, уметноста, литературата, музиката, образованието, науката, спортот и други истакнати личности кои имаат директен придонес во развојот на државноста или придонеле во создавањето или зачувувањето на културното наследство. Вид на правни субјекти кои можат да аплицираат на повикот се: оператори од индустријата за организација на настани, продукциски куќи, агенции кои организираат настани и др. Вкупниот буџет изнесува 61.500.000,00 денари (со вклучен ДДВ). Од определениот буџет, согласно предвидените трошоци за реализација на предложените настани, ќе се поддржат три типови проекти/настани. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 06 мај 2021 година, 16:00 часот.]]>

ИВАП на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија https://arhiva.vistina.com.mk/ivap-na-1-vi-mart-pred-vladata-kje-odrzi-pomen-na-zabavnata-industrija/ Thu, 25 Feb 2021 13:21:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191482

Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија. Точно една година од денот кога замолкна музиката, замолкнаа настаните, замолкна забавата! Вирусот Ковид-19 стана најголемиот непријател на индустријата за организација на настани. Страдаат многу дејности и сектори, целата креативна индустрија што делува во функција на ивент индустријата е оставена на преживување. „Бевме првите што не забранија, а кога ќе ни доволат да работиме никој не може да потврди. Цела година трпеливо и одговорно делуваме, ние не сме причина за зголемување или ширење на заразата. Но, за жал останавме невидливи за државата. Немаме партнер, ниту поддршка и покрај тоа што со години редовно придонесуваме за полнење на буџетот. Побаравме помош – добивме нејасен модел со недефинирани рокови и услови. Сите други дејности беа помогнати, а нас не оставија на крај со услови кои и самите веројатно не можат да ги објаснат. Пандемијата не стави на апарати а нашата држава ни ги исклучи апаратите. Затоа, во понеделник, на 1 март ќе и оддадеме помен на забавната индустрија. Ги повикуваме сите оние кои се дел од оваа индустрија и кои ја разбираат нашата мака, да ни се придружат, се разбира со строго почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот. Задолжително е носење на маски“ – велат од ИВАП.

Ивент индустријата регира: ИВАП крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош од Владата https://arhiva.vistina.com.mk/ivent-industrijata-regira-ivap-krajno-razocharani-i-revoltirani-od-objavenite-merki-od-pettiot-paket-za-pomosh-od-vladata/ Wed, 17 Feb 2021 10:33:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190118

Членките на Асоцијацијата  ИВАП кои се директно вклучени во индустријата за организација на настани се крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош објавени од Владата на РСМ. Имено, во мерката 11 која е наменета за нашиот сектор, се предвидени средства за организација на настани и за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, мерка што не претставува помош туку реализација на програма и активности на Владата за 2021. Нејасно е кои се тие проекти од државен интерес, по кои критериуми ќе се одбираат проектите? Дали помош ќе добијат сите или само одбраните? За кој период се однесуваат? Дополнително што Владата покажа целосно непознавање на нашата индустрија и измеша компании за настани, маркетинг агенции, продукции, едукатори, културни работници. Да потсетиме, настаните беа први забранети и тоа на 28 февруари 2020 година, како ПРВА мерка за спечување на ширење на пандемијата. Точно цела година се соочуваме со предизвик како да опстанеме и да ги одржиме во живот нашите фирми. Јавните настани не се дозволени, но очигледно тоа не доволна причина Владата да не гледа како загрозена индустрија. Ние сме можеби единствените кои сеуште не можеме да работиме. Изминатиов период имавме средби со владини претставници на кои разгледувавме повеќе модели за помош, дававме конструктивни предлози како да ја надминеме кризата и добивме впечаток дека бевме разбрани. Сега гледаме дека не само што не сме разбрани, туку ќе бидеме употребени и втурнати во една нејасна ситуација, во која веројатно заради недефинирани критериуми ќе има место само за одбраните. Навистина не ни е јасно зошто не се обидоа да изнајдат квалитетно решение и да ги дискутираат предлозите со нас, пред да ги објават, особено што ИВАП е единствената Асоцијација на компании за организација на настани која се понуди како конструктивен партнер во целиот процес. И на крајот прашуваме, за какви настани зборуваме кога не се знае до кога ќе важи забраната за јавни собирања? Дали Владата знае нешто што не ни го соопштува? Објавениот пакет мерки не претставува воопшто помош за индустријата за организација на настани, туку фрлање трошки. Најмалку што очекувавме е да ни помогнат да го рестартираме истоштениот сектор, да ни овозможат да се вратиме на пазарот и да продолжиме да работиме а со тоа и да придонесуваме во буџетот како и пред пандемијата. Задоволни сме што по речиси една година од забраната за работа конечно секторот е препознаен но сакаме јавноста да знае дека мерката 11 предложена од Владата не е воопшто помош за нашата индустрија ниту може да помогне во надминување на сегашната состојба. За жал Владата се однесува по принципот на мајка-маќеа и ни покажува дека воопшто не ја засега иднината на нашите компании. Во периодот што следи ќе ги дефинираме нашите следни чекори и ставови и ќе реагираме соодветно, сé со цел да ја спасиме нашата индустрија.]]>

Албанската влада се изгоре со забраната за игрите на среќа, сега го гаси пожарот: Ќе ја направи ли Македонија истата грешка? https://arhiva.vistina.com.mk/albanskata-vlada-se-izgore-so-zabranata-za-igrite-na-srekja-sega-go-gasi-pozarot-kje-ja-napravi-li-makedonija-istata-greshka/ Mon, 01 Feb 2021 12:36:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188295

Во Албанија на 1 јануари, 2019 година стапи на сила закон со кој се забрани сите облици на игри на среќа. Ваквиот закон беше аргументиран како начин земјата да се справи со зависностите и да ги заштити финансиите на домаќинствата, а албанската влада велеше дека со овој акт ќе го оневозможи и приливот на „црни фондови„ и ќе се намали криминалот во земјата. Но законот речиси вопшто не профункционира и не донесе никакви позитивни резултати. Ја чека ли Македонија истата судбина по најавата на законот со кој практично се предвидува затворање на 95% од сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа? Влегува ли Македонија во вакво сценарио и враќање во деведесетите, во времето на илегални објекти за игри на среќа и црн пазар? Теренски анкети спроведени во Албанија кои се однесуваат на игрите на среќа, покажуваат дека наместо овие дејности да исчезнат, тие само се преместија на други, нелегални, локации. Играчите продолжија да играат во камуфлирани простории што носи огромни штети по буџетот на земјата, но и ризици за играчите. Пред усвојувањето на Законот, економски експерти во Албанија укажуваа дека затворањето на легалните објекти во кои се приредуваат игрите на среќа може да има ризични последици за економијата, но и за луѓето вработени во овој сектор. Овие предвидувања се покажаа како точни. Државата ја изгуби контролата над игрите на среќа, илјадници луѓе вработени во секторот останаа без работа, а секна и приливот на средства во државната каса. По затворањето на легалните игри на среќа во Албанија, државниот буџет на годишно ниво трпи загуби од над 60 милиони долари. И албанските психолози укажуваа на ризиците од забраната на игрите на среќа. тие сугерираа дека играта нема да запре и дека оние кои сакаат да играат секогаш ќе најдат начин како тоа да го прават. Рестриктивните закони секаде се покажале како многу погрешни и затоа ниедна европска земја нема вакви закони за игри на среќа. Подоцна, нивните анализи покажаа дека по спроведувањето на законот во Албанија, состојбата е поалармантна од претходно. Луѓето кои сепак сакаат да играат се кријат на ризични места, каде што државата нема никаков пристап, а забраната за игрите на среќа воопшто не го намали обложувањето. По направената грешка, албанската Влада две години подоцна го менува пристапот кон оваа проблематика. Иако согласно актуелниот Закон, казината се дозволени само во хотелите и одморалиштата со 5 ѕвезди кои се меѓународно сертифицирани и под амблемот на некој бренд, од неодамна казината повторно се враќаат и на други локации. Притоа за да се добие потребната лиценца за отворање, секое правно лице или здружение на правни лица мора да исполни посебни услови, а состојбата во секторот и индустријата е се уште лоша и неогранизирана. Несомнено дека вакво сценарио ја чека и Македонија доколку Владата посегне по носење на рестриктивен закон кој ја ништи легалната индустрија и го отвора патот на нелегален пазар на игри на среќа. Според анализите на експертите, од ваквиот закон Македонија ќе губи над 250 милиони евра годишно по сите основи. Преку ноќ без работа ќе останат повеќе од 8,000 луѓе кои се директно вработени во објектите, а десетици илјади индиректно ќе трпат загуби. Според податоците, околу 54.000 работни места во земјата индиректно се одржуваат од оваа индустрија. Понатаму, околу 800 објекти ќе останат без прилив од кирии,а одливот на пари од даноци кон сивиот пазар ќе биде страотен. Ако се знае дека ваквиот пристап во регулација на игрите среќа е неефикасен, не се практикува во ниедна европска земја а резултатите во соседството се лоши, кој е тогаш мотивот на Владата? Владата во меѓувреме се уште тактизира и не го поставува најавениот закон на ЕНЕР каде ја најави само дистанцата од 500 метри, по што упатените направија анализи и јасно укажаа на штетите од ваквиот закон.]]>