вицеви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Dec 2023 09:25:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вицеви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Додека беше активна и мегапопуларна пејачка за Ноне кружеа еден куп вицеви, а сега таа стана единица мерка за градоначалнички потсмев (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-beshe-aktivna-i-megapopularna-pejachka-za-none-kruzhea-eden-kup-vitsevi-a-sega-taa-stana-edinitsa-merka-za-gradonachalnichki-potsmev-foto/ Wed, 20 Dec 2023 09:20:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331719

Некаде од средината на првите години на новиот милениум, од 2004-та, па се до нејзиното прекинување активно да се занимава со музиката и естрадата и заминувањето да работи на прекуокеанските крузери, Нона Неделковска или само Ноне, како што ја познаваа беше мегапопуларна пејачка и тоа не само во Македонија. „Џепната венера“ како што го доби својот прекар испеа дузина хитови, сними неколку албуми, и учествуваше на сите можни фестивали во и надвор од Македонија, каде на некои дутри и победи како оној радискиот во Зеница или фестивалот во Нови Пазар. Претходно дотурка до самото финале на тогаш најпопуларниот регионален музички натпревар Идол на кој учествуваа пејачки таленти од Србија, Црна Гора и Македонија и за влакно не победи, но подоцна направи единствено таа голема кариера за разлика од сите други учесници. Заради своите телесни пропорции, исклучително малата височина, но и ангелскиот лик и бејби-фесјс физикус и бујно надарента предница, малата велешка убавица токму и го доби прекарот „џепна венера“, која зрачи со својата убавина и плени со својот специфичен сексапил. Арно ама, како минуваа годините и децениите, Ноне од најпопуларната пејачка стана најшетаната велешанка откако го пропатува светот и ги посети сите негови континенти преку седум мориња и океани, работејќи на прекуокеанските крузери. Секоја популарност носи и свои ризици, па еден од нив беше плеадата што тенденциозни, што добронамерни вицеви на нејзина сметка кои се измислуваа, а почнаа да се шират и по социјалните мрежи кои тогаш беа во самиот зачеток. Тогаш актуелни беа мирцот, блоговите, Мај спејс, Скајпот, СМС пораките... и на нив меѓудругото размената на вицеви за Ноне. Како потсетување еве самои некои од нив: Ноне кога спие се покрива со салфетка. Каква кола вози Ноне? На навивање. Каква точкаби изведувала Ноне во циркус? Ќе оди врз пинг-понг топче. Кај се шета Ноне навечер? Под кревет! Што прави Ноне на тениско игралиште? Игра одбојка. Само Ноне може да влезе во куќата на Jerry. Професорот: Ноне ти реков станеш да одговараш! Ноне: Станата сум професоре! Ноне на плажа лежи под чадорче за коктели. Која е најмалата единица за големина? 1-но Ноне! Што е следен чекор после нанотехнологија? Нонетехнологија! Како ја пее Ноне песната за елката? – Елко, елко спушти се уште две – три педи, за да може Ноне, дарови да реди! Деновиве пред Нова Година актуелно скопското сивило, задоцнетото, оскудно и сиромашно китењето на македонската престолнина во чиј фокус е никогаш полошиот изглед на она што божем треба да претставуваат украсите и особено  новогодишната елка на плоштадот на Скопје. Наместо градска гордост и украс на престолнината, елката стана предмет за потсмев не само на скопјани и цела Македонија, туку и на целиот регион, па и светот. Насловите по регионалните медиуми трагикомични, фотографиите по социјалните мрежи за мајтап, а кога сме веќе кај елката, Ноне стана одново актуелна. Како што своевремено кружеа еден куп вицеви за неа, сега Ноне стана единица мерка за градоначалнички потсмев! И срам на „градската мајка“ кој треба сите ние да го тргаме! Имено, на социјалните мрежи почнаа да кружат монтирани фотографии со скопската елка и некогашната македонска пејачка една до друга. Како асоцијација на прашањето: „Колкава е скопската елка?“  Епа, еве... волкава! Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм/nona.nedelkovska]]>