витни хјустон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Apr 2020 13:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png витни хјустон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се снима биографски филм за Витни Хјустон https://arhiva.vistina.com.mk/se-snima-biografski-film-za-vitni-hjuston/ Fri, 24 Apr 2020 12:21:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146470

Насловот на биописот на Витни Хјустон ќе биде „Јас сакам да танцувам со некого“ (I Wanna Dance With Somebody). Режисер на овој потфат е Стела Меги. Зелено светло да се снима овој филм ја дадоа оние кои се одговорни за името на славната пејачка, која почина во 2012 година на 48-годишна возраст. Сценариото е напишано од Ентони Мекартен, познат по неговите успеси со „Двајца папи“, „Најтемниот час“, „Боемска рапсодија“ и „Теорија на сè“. Витни Хјустон стана светски позната по својот прв албум во 1985 година, кој ги содржеше хитовите како “Greatest Love of All”, “Saving All My Love for You”,“I Wanna Dance With Somebody”, “Didn’t We Almost Have It All,” “I’m Your Baby Tonight”,“Million Dollar Bill”. Таа глумеше со Кевин Костнер во филмскиот мегахит од 1992 година „Телохранител“, кој заработи 411 милиони долари од светската дистрибуција. Саундтракот од тој филм, со хитот „Јас секогаш ќе те сакам“"I Will Always Love You"), се има има продадено во повеќе од 45 милиони примероци. Самата Витни е најнаградуваниот музичар на сите времиња, со над 200 милиони албуми продадени на глобално ниво. https://www.youtube.com/watch?v=3JWTaaS7LdU]]>

Ник Гордон кој беше обивинет за убиството на ќерката на Витни Хјустон е пронајден мртов https://arhiva.vistina.com.mk/nik-gordon-koj-beshe-obivinet-za-ubistvoto-na-kjerkata-na-vitni-hjuston-e-pronajden-mrtov/ Fri, 03 Jan 2020 11:06:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127274

Ник Гордон кој беше обвинет за убиството на неговата девојка, ќерката на пејачката Витни Вјустон, Боби Кристина Брауен е пронајден мртов, пишуваат странските медиуми. Имено, адвокатот на Ник не сакаше да ги открие околностите за смртта на неговиот клиент туки само накратко прокоментира: „И покрај сите искушенија со кои се соочуваше Ник во последните години, можам да кажам дека многу се трудеше да остане со крената глава, и покрај се сакаше да живее во среќа и здравје со своето семејство“ изјави адвокатот. „Дејли мејли“ пишува дека Гордон починал по неколку срцеви удари кои ги добил на Нова година како последица од предозирање. За потсетување, Боби Кристина Браун почина во јуни 2015 година.]]>

Кевин Костнер откри голема тајна од легендарниот филм „Телохранител“ со Витни Хјустон https://arhiva.vistina.com.mk/kevin-kostner-otkri-golema-tajna-od-legendarniot-film-telohranitel-so-vitni-hjuston/ Tue, 25 Jun 2019 12:22:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=94472

Актерот Кевин Костнер проговори за големата тајна од снимањето на филмот „Телохранител“ од 1992 година во која беше главна ѕвезда. Имено, на плакатот за филмот Костнер не ја држи во раце пејачката Витни хјустон, туку нејзината двојничка. „На фотографијата не беше Витни. Таа замина дома, а девојката која ја носам е нејзината двојничка. Секако не и се гледа лицето, бидејќи е потпрена на моето рамо, што беше и соодветно. Беше исплашена, бидејќи се работеше за сцена во која маса луѓе го прекинуваат концертот, вели актерот за EW.
Станува збор за фотографија која ја снимил пријател на Костнер,, Бен Глас, а актерот бил толку воодушевен од неа што предложил таа да биде на плакатот. Меѓутоа, на шефовите не им се допаднала идејата, бидејќи во тоа време Витни била мега популарна и вистинска мамка за публиката. Поради тоа предложиле друга фотографија, но на крајот сепак е избрана оваа.]]>

Седум години по смртта, љубовницата на Витни Хјустон повеќе не сака да молчи https://arhiva.vistina.com.mk/sedum-godini-po-smrtta-ljubovnicata-na-vitni-hjuston-povekje-ne-saka-da-molchi/ Thu, 25 Apr 2019 11:22:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85015

Со години се шпекулираше дека сега покојната Витни Хјустон имала афера со својата долгогодишна пеијателка, една од ретките личности на кои им верувала – Робин Крафорд. Откако љубовта на нејзиниот живот почина пред седум години, Робин се одлучи да ја прекине тишината. Оваа година таа ги најавува своите мемоари со наслов: „A song for you: My life with Whitney Houston“, а во кои ќе раскаже досега непознати детали за јавноста.
Иако за нивната врска не се зборуваше премногу, документарниот филм за Витни, објавен минатата година, за првпат јасно се проговори за нејзината бисексуалност, а тоа дополнително го потврди и нејзиниот поранешен сопруг Боби Браун, како и останати членови од семејството. Робин Крафорд работела со Витни Хјустон цели 15 години, а секоја тргнала по свој пат во 2000 година. Во тоа време Хјустон стана зависничка од наркотици.
Постојат некои медиумски написи во кои се тврди дека нивната врска во еден момент била разоткриена и дека пејачката добивала уцени.]]>