витамни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Feb 2022 13:14:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png витамни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најдобрите 6 витамини кои можат да го намалат стресот https://arhiva.vistina.com.mk/najdobrite-6-vitamini-koi-mozat-da-go-namalat-stresot/ Thu, 03 Feb 2022 14:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237546

За да спречиме можни проблеми предизвикани од стрес, може да ги промениме навиките и рутините во текот на денот, да внесуваме повеќе витамини кои можат да помогнат во борбата против стресот и анксиозноста. Стресот може да доведе до низа здравствени проблеми, предизвикува напнатост на мускулите, болка, стомачни тегоби и проблеми со спиењето. Исто така, влијае на крвниот притисок, на појава на болести на срцето и дијабетес. Кои витамини можат да го намалат стресот? Витамин Б5 Овој витамин има голема улога во производството на хормони на надбубрежните жлезди и е познат како антистрес витамин. Во состојба е да го намали излачувањето на кортизол, а тоа му помага на телото да закрепне. Витамин Б6 Познат како пиридоксин, овој витамин помага во синтеза на хормоните на стрес. Кога телото е под стрес, има помалку Б6 за вршење други функции. Овој витамин е одличен за формирање на серотонин и допамин. Витамин Ц Познат е по својствата за имунитет поради високата содржина на антиоксиданти, но игра и голема улога кај стресот. Кога нешто тело ќе се најде под стрес, витаминот Ц природно се намалува. Омега3 Рибиното масло е најдобро за надминување на воспаленија во телото. Омега-3 масните киселини се основа на здрав нервен систем и здравје на мозокот. Истражување покажа дека внесувањето на омега-3 е поврзано со подобрување на расположението. Цинк Цинкот е одличен додаток поврзан со подобрување на имунитетот, отпорноста на инфекции, подобрена енергија и намалување на уморот. Цинкот природно се наоѓа во храна богата со протеини како говедско месо, пилешко и морски плодови. Витамин Б - 12 Витаминот Б-12 се смета за еден од најдобрите суплементи за подобрување на расположението и управување со стресот. Влијае на ослободување на ендорфини кои прават подобро да се чувствувате. Природни извори на овој витамин се јајца, сирење, говедско месо и школки. извор: Курир.мк]]>