витамини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Jan 2024 09:47:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png витамини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бизарен тренд или влошено здравје: Северина и Љупка Митрова завршија на инфузија од болест или аздис? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bizaren-trend-ili-vlosheno-zdravje-severina-i-lupka-mitrova-zavrshija-na-infuzija-od-bolest-ili-azdis-foto/ Fri, 12 Jan 2024 09:46:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334706

Непишано првило е дека голем дел од трендовите доаѓаат од Америка и светски познатите личности. Брзо се шират, а виновници за истото во најголема мера се социјалните мрежи и нивното влијание. Ако некогаш бизарно и чудно беше кога Ким Кардашијан за разубавување си ставаше маска на лицето од сопствената крв, така сега наместо орална витаминозна суплементација, тренд станува тоа да биде интравенозно. Па така, голем дел од познатите како: Бред Пит, Том Круз, Џон Леџенд, Криси Тејган, Адел, Ријана, Кендал Џенер, се одлучуваат витаминска терапија да примаат преку инфузија. Ако некои во краен случај прифааќаат да бидат избоцкани во вена поради здравје, во случајот иако целта е иста, начинот и не мора да биде преку игла. Но, за познатите ова сега е во тренд, па доколку ги видите на социјалните мрежи со инфузија во рака, не помислувајте веднаш дека се работи за болест и влошено здравје, туку само витаминско освежување директно во вена. Ова го знае и го проба на себе и балканската музичка ѕвезда Северина. Таа напиша дека годината ја почнува со витамински третман под лекарски надзор и дека е запозната за тоа дека славните ја применуваат, а таа оди по светски терк. Дали се работи за влошено здравје или слепо следење на ваквиот бизарен тренд, не е сигурно, но и атрактивната струмичанка, модната блогерка Љупка Митрова заврши на игла. Тоа дека прима витамини појасни во опистот од објавата, но дали поради тренд или влошено здравје во сезона на настински и вируси, не дополни, па остави знак прашалник кај своите следбеници. Вака или така освежувањето во вена е директо и ефектно- но во секој случај подобро поради тренд отколку недај Боже поради болест. фото:Instagram printscreen/ severina/ ljupka_mitrova/ chrissyteigen]]>

Витамини и минереали за повеќе насмевки и забава во зима https://arhiva.vistina.com.mk/vitamini-i-minereali-za-poveke-nasmevki-i-zabava-vo-zima/ Tue, 19 Dec 2023 12:02:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331644

Здравата исхрана и редовната физичка активност треба да бидат дел од сечие секојдневие, тие помагаат да се одржи способноста на телото да одговори на секоја закана соодветно. Но дали е тоа доволно? Недостатокот на витамини и минерали  може да доведе до намалување на перформансите на одбранбениот систем, а како да бидеме сигурни дека телото ги добива сите потребни хранливи состојки за оптимална функција на имунитетот? Не постои универзално решение кое ќе даде резултат кај секој. Некому му се потребни комплексни комбинации од витамини и минерали, а некому му е доволно во дневната рутина да додаде комплекс од витамини B. Во која група спаѓате вие?

Детето пребира храна, преземете контрола

Секој понекогаш пребира некоја храна, но кај децата и тинејџерите тоа е ритуал кој може да зависи од вкусот на јадењето или едноставно од бојата на состојките во чинијата. Многу од нив имаат листа на намирници за кои не сакаат да направат компромис и воопшто не ги внесуваат во исхраната. Повеќето витамински производи имаат примамлив вкус и мирис, па генерално сите ги прифаќаат. Витаминските сирупи им помагаат на родителите да имаат подобра контрола врз нутритивната вредност на храната која децата ја јадат. Здрави деца значи и насмеано семејство. Oligovit витаминскиот сируп за деца на Галеника е комбинација од повеќе витамини и тоа: витамин А, витамин D3, витамин Е, витамин  B1, витамин B2, витамин B6, витамин C, ниацин и пантоненска киселина. Генерално, комбинацијата на витамини и на минерали, кога е наменета за возрасни можат да го спасат денот и да не ве напушти чувството на благосостојба. Микронутриентите во витамините и минералите се одговорни за реакцијата на нашиот имунолошки одговор. Односно, ги спречуваат патогените да се размножуваат. Всушност можат да влијаат на намалување и олеснување на симптомите преку поддршката која ја дава на имунолошкиот систем. Ако ви е потребен добар мултивитамин, Олиговит е достапен и за возрасни, а во портфолиото на овој бренд има голем избор на комбинации од витамини и минерали наменети за жени, трудници, мажи и лица кои интензивно вежбаат. За возрасни Олиговит е комбинација од 10 витамини  А, D3, Е, B1, B2, B6, B12, C, ниацин, пантоненска киселина и 10 најпотребни минерали – калциум, железо, јод, цинк, флуорид, молибден, бакар, манган, магнезиум и хром. Галеника е еден од најголемите фармацевтски производители во регионот кој со децении се вложува за подигање на нивото на грижата за здравјето, како и на превентивата. Компанијата ја согледува важноста од подигање на свесноста кај луѓето за влијанието на здравата исхрана и редовното движење врз здравјето, но ја препознава и потребата од висококвалитетни производи со микронутриенти кои може да помогнат во зголемување на севкупното ниво на енергија на поединецот.

Не можете без кафе, а сепак ви недостига енергија

Комбинацијата на витамини B може значајно да влијае на енергетската состојба на секој човек, особено ако има навики кои ја намалуваат можноста телото да ги апсорбира витамините B. Не мора да станува збор за лоши навики, едноставно и утринското кафе или чаша алкохол може да влијае на нивото на витамин  B или на витамин C во телото. Овие витамини се растворливи во вода, а кафето е диуретик кој го забрзува исфрлањето на течности од организмот а со тоа и на витамините кои се неопходни за метаболички процеси во телото. Една од комбинациите на витамини B, која е препознатлива на пазарот затоа што се произведува од 1955 година, е производот на Галеника кој во македонските аптеки може да се набави без рецепт. Спојот на повеќе витамини B, кои се неопходни за телото и може да се внесат и во форма на таблетки, обезбедува поддршка на нервниот систем, но и на имунитетот, како и на општата енергетска состојба на поединецот. Недостаток на B комплекс може да доведе и до анемија, мускулна слабост, интестинални проблеми, оштетување на нервите, нарушување на видот и други состојби. Секој од витамините B има различна улога во телото. B1 или тиамин му помага на телото да создаде енергија, а влијае и врз работата на нервниот систем, срцето и другите мускули. B3 или ниацин е добар за нервниот систем, циркулацијата на крвта и го намалува нивото на лош холестерол. B5 или пантотенска киселина е значаен за одржување на здрава кожа. B6 или пиридоксин помага при разградувањето на протеините и го одржува здравјето на нервниот систем. B12 или кобаламин влијае на апетитот и помага во превенцијата од анемија.

Не кратете на сонот, ниту на прошетките

Имунитетот е мошне комплексна појава за која секојдневно се дознаваат нови работи. Но, она што е добро познато и докажано е дека за јак имунитет потребни се сон и физичка активност. Не мора да одите во фитнес центри или да трчате. Секојдневната прошетка или  рекреативно искачување ќе донесат подеднакво бенефити за телото како и здравата исхрана. За крај, може да се каже дека добриот избор на суплемент со правилна и здрава исхрана заедно ќе работат да се зајакне имунитетот и подобри нивото на енергија и благосостојба на поединецот. Физичката активност, пак, има бенефити, но е и нераскинливо поврзана со потребата од минерали и витамини да обезбедат енергија за телото. Затоа погрижете се да обезбедите минерали и витамини со кои ќе го затворите кругот и украсите со насмевки од целото семејство.]]>

Исчистете го телото од токсини! Направете оброк од зеленчук кој е полн со витамини и минерали (рецетп+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ischistete-go-teloto-od-toksini-napravete-obrok-od-zelenchuk-koj-e-poln-so-vitamini-i-minerali-retsetp-video/ Wed, 29 Nov 2023 13:09:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329157

Пристигнаа постудени денови, а за што подобро да се подготвите за зимата треба да подготвите здрав оброк полн со витамини и минерали. СОСТОЈКИ:
  • 1 главица кромид или праз
  • 2 моркови
  • 1 мал корен од целер
  • 1 мал компир
  • 150 гр тиква
  • 100 гр печурки
  • 100 гр ориз
  • сув зачин лист од магдонос
  • масло
  Подготовка: Извор: Попара/Јутјуб]]>

екогаш важен, но особено во зимскиот период: Овој витамин чини чуда за здравјето https://arhiva.vistina.com.mk/ekogash-vazhen-no-osobeno-vo-zimskiot-period-ovoj-vitamin-chini-chuda-za-zdravjeto/ Wed, 15 Nov 2023 13:13:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327115

Балансираната исхрана, квалитетниот сон и редовното вежбање се неопходни за здрав живот. Во постудениот дел од годината се трудиме дополнително да го зајакнеме имунитетот за да се спротивставиме на сезонските болести. Притоа, зголемениот внес на витамините Ц и Д, како и минералите цинк и железо, се наметнува како апсолутен императив кој помага во постигнувањето на оваа цел. Пиридоксинот, попознат како витамин Б6, е исто така важен за зајакнување на имунитетот. „Витаминот Б6 е фасцинантна молекула вклучена во преку 150 биохемиски реакции“, пишува на страницата на американската Националната медицинска библиотека. Витаминот Б6 е неопходен за здравјето и правилното функционирање на човечкото тело. Неопходен е за репродукција на клетките, а игра важна улога во метаболизмот на аминокиселините, создавањето на протеини и црвени крвни зрнца. Тој е клучен за нормалното функционирање на нервниот и мускулниот систем како и за функционирањето на целиот имунолошки систем. Која храна содржи витамин Б6? Витаминот Б6 може да се најде намирниците од животинско и растително потекло. Извори на витамин Б6 се месо од живина, говедски црн дроб, туна, лосос, жолчка од јајце, наут, компир, зелен лиснат зеленчук и банани. Пиридоксинот, познат и како витамин Б6, е составен дел од Б комплексот. Групата Б комплекс вклучува и тиамин или витамин Б1, рибофлавин или витамин Б2, ниацин или витамин Б3, пантотенска киселина или витамин Б5, биотин или витамин Б7, фолна киселина или витамин Б9 и цијанокобаламин или витамин Б12. Единствениот витамин од Б комплексот што не може да се најде во храната од растително потекло е витаминот Б12. Токму затоа на веганите им се советува редовно да земаат суплементи на овој витамин. Секој од 8-те витамини на Б комплексот има уникатна структура, но и меѓусебно се надополнуваат, па затоа е пожелно да се земаат како балансирана целина - преку храна и/или со додатоци во исхраната. Како да знаете дека имате недостаток на витамин Б6? Луѓето кои јадат урамнотежена исхрана ретко бележат недостаток на витамин Б6. Но, сепак може да се појави во некои случаи: - кај жени кои земаат контрацептивни пилули - кај луѓе кои страдаат од бубрежни заболувања - кај луѓе кои страдаат од нарушувања на имунолошкиот систем - кај луѓе кои претерано уживаат во алкохолот Недостатокот на витамин Б6 може да се препознае преку следниве симптоми: - замор - слабост - анемија - грчеви и болки во желудникот - депресија Доколку забележите некој од овие симптоми, најдобро би било да се јавите кај вашиот лекар и да направите тестови на крвта за да знаете што точно недостасува во вашето тело и што треба да преземете за да го решите тој проблем. извор:точка.ком.мк]]>

Како да препознаете недостаток на одреден витамин во телото? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-prepoznaete-nedostatok-na-odreden-vitamin-vo-teloto/ Fri, 01 Sep 2023 10:22:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316341

На телото му се потребни 13 видови витамини за нормално функционирање, а секој од нив игра важна улога во зајакнувањето на нашиот имунитет. Често се поставува прашањето како да се идентификува недостаток на одреден витамин и да се надоместат витамините што недостасуваат. Витамините може да се поделат на растворливи во вода и во масти. Витамините од групата Б и витаминот Ц лесно се раствораат во вода и се излачуваат од нашето тело преку урината. Многу е важно редовно да ги земаме бидејќи нашето тело нема способност да ги складира. Витамините растворливи во масти (А, Д, Е, К) се акумулираат во телото и се чуваат од неколку дена до неколку месеци. Одредени фактори доведуваат до недостаток на витамини кои му се потребни на телото за нормално функционирање. На губење на витамините влијаат неправилната исхрана, диетите, недоволната физичка активност, пушењето, алкохолот, одредени лекови, но и бременоста и доењето. Со правилна исхрана и додатоци во исхраната можеме да го зголемиме внесот на одредени витамини во организмот. Витамин А Недостатокот на витамин А може да се препознае преку дегенеративни промени во очите, псоријаза, акни, репродуктивни нарушувања, улцеративен колитис, цироза на црниот дроб, губење на апетит, ослабен имунолошки систем, вагинални и респираторни инфекции и дигестивни нарушувања.
Витамин Б
Замор, недостаток на концентрација, анемија и нарушување на имунолошкиот систем се показатели за недостаток на витамин Б комплекс. Нешто посложени индикатори се деменција, параноја, депресија и промени во однесувањето, осип и пукнатини на кожата околу усните и склоност кон инфекции.
Витамин Ц
Доколку на нашето тело му недостасува витамин Ц, можеме да го препознаеме по замор, промени на кожата, крвави непца, анемија, намалена отпорност на инфекции, бавно зараснување на рани и скршеници, алергии, артериосклероза, артритис, ќелавост, висок холестерол, болки во коските, хипогликемија и стрес.
Витамин Д
Сончевиот витамин, како што често го нарекуваат, витаминот Д во зимскиот период е речиси невозможно телото да го произведе. Болка во коските, слабост и болки во мускулите и грчеви, прекумерно потење, висок крвен притисок, слаба концентрација и главоболка го карактеризираат недостатокот на овој витамин.
Витамин Е
Хронични заболувања на црниот дроб, недостаток на координација на движењата, парализа на мускулите одговорни за движењата на очите, моторно нарушување на говорот, блага анемија, катаракта, хиперпигментација и забавен раст кај децата се карактеристични за недостаток на витамин Е.
Витамин К
Типични знаци на недостаток на витамин К се намалување на густината на коските, обилно менструално крварење, крварење од носот и непцата, поткожно крварење, крв во дигестивниот тракт и урината и лесно настанување на модринки.
]]>

Телото ви дава знаци кога има потреба од витамини https://arhiva.vistina.com.mk/teloto-vi-dava-znaci-koga-ima-potreba-od-vitamini/ Fri, 23 Dec 2022 13:18:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281443

Во продолжение неколку знаци на витамински дефицит и нивната нутритивна терапија. Пукнатини на усните агли Дефицит: железо, цинк, Б витамини (Б3, Б2, Б12). Почесто се јавува кај вегетаријанци или вегани, бидејќи тие го избегнуваат главниот извор на Б12 – месото. Невегетаријанската опција е повеќе пилешко, туна, лосос, јајца, школки, а за вегетаријанците повеќе сушени домати, темно листести растенија, легуминози, таан, кикирики. Апсопцијата на железото се зголемува во присуство на Ц витамин повеќекратно, па храната со железо комбинирајте ја со храна богата со Ц витамин: зелена пиперка,зелка, проќељ, карфиол, брокули. Црвенa боја на лицето и на други регии, како и паѓање на косата Дефицит: Биотин (Б7). Додека телото лесно си прави депо од сите липосолубилни витамини како К, А, Д и Е, тоа потешко се случува со хидросолубилните како што е целата Б група. Во бодибилдерските кругови треба да се запази следното: живите јајца содржат еден протеин наречен авидин кој ја иннхибира апсопцијата на Б7. Токму кај бодибилдерскиот проблем со авидинот лесно е решението, посегнете по варени јајца, бидејќи термичката обработка го уништува авидинот, а за повеќе биотин јадете авокадо, печурки, лосос, карфиол, соја, банани и малини. Црвени и бели налик на акни промени типично на образите, рацете, бутовите и задникот Дефицит: Есенцијални аминокиселини и витамини А и Д Намалете ги транс мастите од процесираната храна и сатурираните масти и зголемете го внесот на здрави масти. Повеќе риба, ореви, бадеми, лененово семе, чија, коноп. За повеќе А витамин прошарајте ја вашата чинија со моркови, благ компир, црвени пиперки богати со бетакаротени (прекурсори на А витамин). А за витамин Д повеќе млеко и млечни производи и фатете некаде на плажа. Пецкање, боцкање и вкочанетост во дланките и стапалата Дефицит: Б витамини, фолати (Б9), Б6, Б12. Овој симптом е директно поврзан со завршетоците на нервните влакна во кожата, а често ваквите сензации може да бидат пропратени и со депресија, анемија, анксиозност. Репки, гравче и други легуминози, јајца, октопод, пилешко, школки, ракчиња се богати со Б витамини и погрижете се често да ги имате на вашата трпеза. Мускулни грчеви во вид на пободувачка болка во прстите на нозете, потколената и задниот дел од нозете Дефицит: магнезиум, калциум, калиум. Ако се случува почесто тогаш мора да помислите на дефицит на некој од овие минерали. И запамтете колку повеќе вежбате толку повеќе електролити губите како резултат на потењето. Јадете повеќе банани, домати, бадеми, лешници, тиква, цреши, јаболка, цитрон,брокули и темно листести растенија како ќељ и спанаќ. извор:курир.мк]]>

Колку мандарини дневно треба да јадете? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-mandarini-dnevno-treba-da-jadete/ Fri, 14 Oct 2022 13:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271433

Кога ќе започнат ладните есенски денови, веднаш си го замислуваме мирисот на првите мандарини. Мандарини се во служба на нашето здравје, но и против вишокот килограми – започнува нивната сезона во која тие ќе се продаваат по достапни цени. И она што е најважни дека тие содржат навистина малку калории, што ги прави и доста посакувани за консумација во текот на целиот ден или речиси неограничено. Во еден килограм мандарини има вкупно 354 калории, а огромна количина на витамин Ц и други хранливи материи. Ова вкусно и сочно портокалово овошје е всушност толку моќно што може секој од нас да го расположи. А како и не би го направило тоа кога е толку многу здраво! Мандарините се и толку многу вкусни што речиси и да не постои некој на овој свет кој што не ги сака. Меѓутоа, дали знаете дека тие за нашиот организам претставуваат нешто многу повеќе од само вкусен десерт? Мандарините го намалуваат ризикот за добивање на рак Мандарините можат да ја намалат можноста за добивање на рак на црниот дроб. Всушност, научниците на Универзитетот Кјото откриле дека луѓето кои имаат хроничен вирусен хепатит можат да го намалат ризикот за добивање на рак на црниот дроб ако пијат сок од свежи мандарини. Во едногодишната студија во која учествувале лица кои имале вирусен хепатит, 30 од испитаниците на дневно ниво консумирале напиток кој содржел сок од мандарини. На крајот од ова истражување, ниту еден од овие испитаници не покажал знаци на рак на црниот дроб. За разлика од нив, помеѓу 45 учесници кои не го пиеле овој пијалок, 8.9 отсто од нив развиле рак на црниот дроб. Мандарините се одличен извор на Витамин Ц Мандарините можат да ви дадат и до 80 отсто од потребниот дневен внос за витамин Ц. А витаминот Ц е и повеќекратно корисен, на пример во борбата со слободните радикали. Тоа се молекули со непарен број на електрони кои го бараат својот пар со што “крадат” електрони од стабилните слободни радикали. Ова предизвикува таканаречена верижна реакција, односно премин од стабилни радикали во нестабилни, што на крајот може да доведе и до телесни оштетувања како што се оштетувања на протеините и оштетување на ДНК-та. Антиоксидансите помагаат да се спречи оваа верижна реакција и да се запрат ваквите оштетувања, а тоа, меѓу останатото го зајакнува и имунитетот. Мандарините влијаат на холестеролот Антиоксидансите во мандарините можат да го намалат нивото на лошиот холестерол. Тоа го постигнуваат борејќи се против слободните радикали кои го оксидираат холестеролот, а така тој лесно се наталожува на ѕидовите на артериите. Наталожениот холестерол прави всушност крвта да започне да тече забавено во артериите, што може да го зголеми ризикот за добивање на зголемен крвен притисок, мозочен удар, болести на срцето и заболувања на црниот дроб. Мандарините ќе ви помогнат во борбата со килограмите Мандарините се голем извор на диететски влакна, дури 3 грама влакна на 100 грама производ. Редовното внесување на влакна помага да чувствуваме ситост, а според истражувањата, на децата и на возрасните им е потребно да внесат околу 20 грама влакна дневно. Меѓутоа, можеби би требало да внесувате и малку повеќе, завосно од количеството на калории кои ги консумирате. На пример, мажите и тинејџерите можеби би требало да внесат околу 30 до 35 грама влакна дневно. Консумирањето на мандарини ќе ја задоволи оваа дневна потреба, и тоа на апсолутно вкусен начин. Извор:Курир.мк]]>

Портокалите корисни за имунитетот, најполезни се ако ги јадете на овој начин https://arhiva.vistina.com.mk/portokalite-korisni-za-imunitetot-najpolezni-se-ako-gi-jadete-na-ovoj-nachin/ Wed, 21 Apr 2021 12:40:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199949

Портокалите се корисни за имунитетот, помагаат во враќањето на силата по вирусни заболувања и ја подобруваат состојбата на крвните садови. Руската нутриционистка Олга Перевалова за радиото Спутник говори за тоа – како да јадете портокали, а тие да не ги загубат своите вредни својства? – Дневната доза на витамин Ц е 60 милиграми. Свеж портокал може да има две дневни дози витамин и тоа е доволно за умерено здрава личност. Витаминот Ц може да се зголеми и до 500 или 1.000 милиграми. Портокалите содржат и многу витамини од групата Б, кои не само што го зајакнуваат имунитетот, туку и поволно влијаат на работата на крвните садови. А кората содржи каротеноиди – растителен облик на витаминот А, кој се нарекува и „витамин за убавина“, оти влијае на квалитетот на кожата и го подобрува видот, особено ноќниот вид, вели д-р Перевалова. Олга Перевалова порачува дека цитрусните плодови задржуваат најмногу витамини ако се јадат цели, а не исечени или исцедени како сок. – Ако го цедите сокот од овошјето, ќе ви требаат 4-5 средни портокали за една чаша. Овој сок ќе содржи и огромна количина фруктоза, а тоа е шеќер што го оптоварува панкреасот. Сечењето ја намалува количината витамин Ц по допирот со металниот нож и така, губиме дел од неа. Оптимално е да земеме свежа овошка, да ја измиеме и да ја јадеме цела, заедно со кората!, вели д-р Перевалова. извор:курир.мк]]>

Неверојатни здравствени придобивки: Еве што се случува во организмот ако секој ден консумирате црвен кромид https://arhiva.vistina.com.mk/neverojatni-zdravstveni-pridobivki-eve-shto-se-sluchuva-vo-organizmot-ako-sekoj-den-konsumirate-crven-kromid/ Fri, 19 Feb 2021 13:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190563

Црвениот кромид има многубројни здравствени предности, а најдобро е да се консумира сиров за максимално да се искористат сите негови витамини и минерали. Овој зеленчук е пожелно редовно да се јаде бидејќи листата на здравствени придобивки кои ги има по организмот е навистина долга. Сировиот кромид содржи сулфурни соединенија и витамини кои се важни за целокупното здравје. Исто така, тој е добар извор на влакна, витамин Ц, витамин Б6, фолна киселина, калиум и манган. Еве како влијае црвениот кромид на нашето здравје: Ја помага правилната работа на дигестивниот систем Како што веќе наведовме, кромидот е богат со влакна кои се одлични за цревата. Во случај на констипација, овој зеленчук е многу корисен. Го контролира дијабетесот Ако го консумирате сиров, црвениот кромид може да го зголеми производството на инсулин. Поволно делува на срцето Редовната консумација на сиров кромид го штити срцето од коронарни болести. Тој го контролира високиот крвен притисок и ги отвора блокираните артерии. Го контролира нивото на холестерол Истражувањата покажуваат дека кромидот има позитивно влијание кај лицата со покачен холестерол. Доколку се јаде редовно, тој може да го регулира нивото на маснотии во крвта. Го намалува ризикот од бројни болести Со оглед дека изобилува со витамини и минерали, црвениот кромид го јакне целиот организам, а со самото тоа го намалува ризикот од појава на многу болести. Особено е корисен за анемични лица Сулфурните масла и органските сулфиди кои нè доведуваат до солзи кога го сечеме кромидот се всушност одлични по здравјето. Токму овие соединенија помагаат во лекување на анемија. извор:точка.ком.мк]]>

5-те витамини кои секоја жена треба да ги пие: Од одржување на младешки изглед до здраво срце https://arhiva.vistina.com.mk/5-te-vitamini-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-pie-od-odrzuvanje-na-mladeshki-izgled-do-zdravo-srce/ Fri, 18 Dec 2020 13:45:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181687

Витамини се неопходни за една личност да одржува нормален живот. Тие ги регулираат сите процеси во телото, одговорни се за правилно функционирање на срцето и мускулно-скелетниот систем, одржување на младешката кожа, убавината на косата и ноктите. Сите потребни витамини може да се добијат од храната со составување на балансирана исхрана или може себеси да си олесните и да ги земате во форма на додатоци во исхраната (само по консултација со лекар). Во продолжение ви откриваме кои 5 витамини им се потребни на жените за убавина и здравје: Витамин Б6 Едно од клучните својства на овој витамин е тоа што го катализира производството на женскиот хормон естроген (еден од најважните хормони за убавина и младост). Околу 30-тата година од животот, неговото природно производство во организмот значително се забавува, поради што кожата го губи тенот, еластичноста и природниот сјај и се појавуваат првите брчки. Во прилог на неговата способност да го стимулира природното производство на естроген, витамин Б6 ја нормализира функцијата “градење” на телото: ја стимулира регенерацијата на клетките и ги штити од оштетување. Витамин Ц Аскорбинска киселина, позната на сите нас уште од детството, не само што помага во зајакнување на имунолошкиот систем, туку исто така игра важна улога во одржувањето на убавината на кожата и косата. Витаминот Ц е природен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување на слободните радикали и го забавува процесот на стареење. Покрај тоа, го стимулира производството на главниот протеин на младоста – колагенот. Витамин Е Овој витамин растворлив во масти е неправедно занемарен, иако како природен антиоксиданс има бројни придобивки за кожата, вклучувајќи заштита од оштетување на слободните радикали, можност за борба против пигментацијата од ултравиолетовите зраци, а исто така го подобрува и тонот и тенот на кожата. Бидејќи витаминот Е е во состојба да ја задржи хидратацијата во горните слоеви на кожата (не смее да се меша со задржување на течности во телото, што доведува до формирање на едем), тоа ќе биде вистинско спас за оние кои имаат сува кожа. Витамин Д Главната функција на Д витамините (која до неодамна се сметаше за единствена) е одржување на здрави коски и сврзно ткиво. Ја промовира апсорпцијата на калциум од храната, им помага на активните супстанции да навлезат во коскеното ткиво, што го прави посилно. Кон крајот на 90-тите, кога западната медицина се заинтересира за проучување на менталните здравствени проблеми, стана јасно дека адекватното ниво на витамин Д во крвта обезбедува ефикасна превенција од депресија. Истражувањата директно го поврзуваат производството на хормонот на среќата серотонин со присуството на витамини во организмот. Витамин ПП Негата на кожата и борбата против брчките се секако важни, но не заборавајте за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Срцевите заболувања сè уште се причина број 1 за смртност, па затоа вреди да се размисли за нивна превенција, дури и ако сега сте целосно здрави и млади. Витаминот ПП го регулира нивото на холестерол, спречува формирање на васкуларни плаки, го подобрува протокот на крв и го зајакнува срцевиот мускул. извор:курир.мк]]>