Вита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Apr 2022 12:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Вита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска не е „очајна домаќинка“ иако со грицки, чоколатца и ТВ серија, пејачката лечи несоница и депресија? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-ne-e-ochajna-domakjinka-iako-so-gricki-chokolatca-i-tv-serija-pejachkata-lechi-nesonica-i-depresija-foto/ Thu, 28 Apr 2022 12:02:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247992

Марија Луиса Тодоровска  веќе нема кој не ја запозна. Не баш по песните, оти свои и нема, повеќе по пеењето туѓи и атмосферата и расположението што знае да ги направи на своите настапи. Зашто таму каде што марија пее, забавата е загарантирана... Колку за уши, два пати повечќе за очи, зашто атрактивната битолчанка има и што да покаже, знае како да се однесува, а и има што да се види кога е сцената со микрофонот в рака! Патем, „македонската Северина“ секојдневно пожува дека е единствена и по уште многу други необични нешта, кои ги споделува на својите профили прекусоцијалните мрежи со своите следбеници и обожаватели. Од телесниотраскош и неодолив сексапил најчесто отсликан преку нејзината голотија на секоја наредна фотосесија, па се до необичните случки и настани што само на Марија и се случуваат. Од „непристојни барања, понуди и предлози“ на социјалните мрежи од разно-разни „пациенти“, па се' до нејзините вештини и желби, што ги искажува и покажува силиконската убавица! Она што најчесто се пашуваат многумина е што тоа јаде, како се храни марија Луиса што е толку слаба, вита и тенка како манекенка? Мора да дри некакви специјални диети или јаде здрава храна, за да биде толку „шланк“? За да нема недоумици пејачката реши да им покаже дека не е баш така како што се мисли,  иако во кулоарите, на социјалните мрежи па и во медиумите знаат се'што да измислат. Дека не е само пејачка за добра журка, туку и домаќинка во кујна најпрвин покажа со подготовка на пржени лепчиња!  Дури и побара да ја пријават во најгледаното македонско кулинарско шоу, за да приреди сопствено шоу пред шпоретот. По „пржените лепчиња“  Марија покажа дека не „очајна домаќинка“ и кога дојде време за вечера... Макарони и серија за да се задоволи гладта, ама не и да се излечи несоница и депресија! Затоа пак, чоколатца, смоки, чипс и грицки како лек за споменатата дијагноза! Само што „нездравата храна“ има една маана... Од грицки и чоколатца за брзо време стануваш  „каца“! Или 300 кила што би рекла самата Марија,  на која за среќа несоницата и депресијата бргу и минува. Е сега, на прашањето на љубопитните, како на толку шеќери, масти и јагленохидрати, на Марија и се исплати ем нездраво да се храни, ем да биде исто витка како и лани, има само еден одговор: Повеќе троши отколку што внесува! Или доволно се внесува, за доволно да се потроши! На настапите секако... Колку да појасниме, за да не помисли некој дека констатацијата на нешто друго се однесува!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Luisa (@luisa.todorovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska
 ]]>

„Вита“ – мултимедијална изложба на Филип Петковски во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/vita-multimedijalna-izlozba-na-filip-petkovski-vo-mkc/ Mon, 26 Oct 2020 14:24:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173047

Вечерва, понеделник, 26 октомври 2020 год. со почеток од 20 часот во Галеријата 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Вита“ од Филип Петковски. „Вита“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која го критикува објективизирањето на женското тело и ја истражува женственоста и комплексноста на човечката емоција. Проектот вклучува краток филм во режија на Филип Петковски, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век. Настанот ќе биде реализиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Учествуваат: Наталија Теодосиева, Ана Мојсовска, Слаѓана Вујошевиќ, Анастасија Данчевска, Мими Поп-Алексова, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Долорес Поповиќ. Костимите се дел од приватните колекции на Филип Петковски, Антонио Стојчески и Ване Наков. Имено, овие црно-бели фотографии се едни од најраните извори кои ја прикажуваат модата во тоа време, укажуваат на една поинаква естетика диктирана од социјалните норми на патријархалното општествено уредување и ни даваат една поинаква визија за концептот женственост. Фотографиите ги прикажуваат субјектите во различни секојдневни ситуации или социјални збиднувања. Костимите на сликите се носии за невести или девојки од различни краеви на Македонија кои сопствениците рачно ги изработувале, а тој процес некогаш траел и до две години. Нивните одлики како техниката на везење, мотивите и боите прикажани во облековните елементи, материјалот од кои се изработени, како и начинот на украсување на главата и телото јасно укажуваат на нивната етничка припадност, социјален статус или економска состојба. Фасциниран од естетиката на секојдневието во тоа време, често пати се прашував за комплексноста на животите на претставените ликови во строгите патријархални средини во кои живееле. Филип Петковски е докторанд на Катедрата за светска уметност, култура, и танц на Универзитетот во Калфорнија Лос Анџелес каде што работи и како асистент и предава предмети поврзани со танц и изведбени уметности. Филип се јавува и во улога на кореограф и танцов инструктор, режисер на театарски претстави во Македонија, САД, и Норвешка и автор на неколку академски трудови кои обработуваат теми поврзани со танц, политики на идентитет и културно наследство. Жарко Чулиќ е фотограф кој во последниве неколку години се фокусира на модна фотографија. Жарко работи со уметници и модни магазини, учествува на повеќе групни изложби, а изработува и модни едиторијали со познати стилисти, дизајнери и модни куќи од Македонија и регионот.]]>