вистинска приказна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Jan 2023 10:06:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вистинска приказна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Силви бенд“ со нов албум „Како во сон“ и преработка на старата македонска песна – „Ја излези стара мајко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-so-nov-album-kako-vo-son-i-prerabotka-na-starata-makedonska-pesna-ja-izlezi-stara-majko-video/ Wed, 11 Jan 2023 07:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283609

Брачната музичка двојка Силви и Влатко Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ во последната недела од годината што измина, го издадоа најновиот  нивни албум, осми по ред насловен: „Како во сон“. Од него како сингл се издвои пилот темата „Ја излези стара мајко“, што е всушност своевидна преработка во поп, амбинтален и џез стил на старата традиционална добро позната македонска изворна песна. Истата се нашла на албумот зошто е инспириран од вистинскиот настан кој пред многу години се случил токму во семејна куќа на Влатко Плевнеш во Охрид. „Во семејната куќа на  Плевнеш во стариот Охрид, а во која сега доаѓаме само преку лето, настанала таа толку убава песна - 'Ја излези стара мајко'. Тоа ни го откри еден охриѓанец кој го знае богатото минато на градот и песната. Човекот со многу емоции и со голема радост ни раскажа дека една млада мома - охриѓанка, која во тоа време живеела во оваа куќа, се вљубила во младото момче, а тоа бил Осман бег. Таа често ја повикувала својата мајка да излезе на пенџерето за да го види нејзиното момчето Осман бег, кое тука поминувало на коњ покрај куќата“ - ја раскажува Силви приказната за настанокот на песната кои тие со задоволство ја преработија како дел од новиот албум, чија промоција се одвиваше на 22 декември во кафулето Филхармонија во Скопје, каде воедно беше промовиран и видеозаписот за споменатата нумера. Спотот се снимал на неколку локации во Охрид, а го реализираше охридската „ИН продукција“, а во него како Осман бег  се појавува охриѓанецот Благоја Ристески. Како звучи современата верзија на „Ја излези стара мајко“ во изведба на „Силви бенд“  визуелизирана со видозапис, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>