вистинска љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Apr 2023 08:49:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вистинска љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов се најде во незгодна ситуација, па итно побара помош, а прва во пресрет му излезе Лила Филиповска (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-se-najde-vo-nezgodna-situatsija-pa-itno-pobara-pomosh-a-prva-vo-presret-mu-izleze-lila-filipovska-foto/ Wed, 05 Apr 2023 08:41:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296619

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов има миленичка на која и подарува најмногу љубов, но овој пат таа „го нападна“ па беше принуден да побара помош. На нејзиниот газда за кој таа  „велеше“ дека „поглупав хомо-сапиенс со толку голем коефициент на интелигенција нема сретнато“, повторно му се здаде в лице. Имено, Игор и овој пат се најде во незгодна ситуација кога неговата миленичка која ја возвишува до небото, Eмилија Џамбазова Дојранлиева, безмилосно ги заби ноктите во местото меѓу веѓата и горниот крај на увото и го зграпчи за левата слепоочница. „Добар ден, збрцани ми се ноктите во слепоочница, како да ги извадам“ - плачеше од болка и бараше помош од цел свет нејзиниот газда кој на објавата со големи букви напиша „Хелп“ на англиски за да може да го разберат дури до Америка, оние на кои вакавата негова состојба им е „однекаде позната“.
За спас од најпопуларната мачка Емилија Џамбазова Бавчанска Дојранлиева која еднаш имаше и сопствен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, прва за помош се јави Лила Филиповска која од лично искувство со нејзиниот мачор Рагнар даде релевантен одговор: „Вистинска љубов“ - му напиша таа и ја разоткри мистеријата, појаснувајќи дека македонскиот шоумен всушност не е нападнат, туку сакан. не е во прашање семејно насилство, туку вистинска љубов. Но, како што по некое непишано сценарио му се случува на Џамбазов, така и овој пат вистинската љубов боли... До коска! Како и онаа од реалноста, па кој знае - ќе разбере... Кој не, никогаш не ни љубел!   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Игор Џамбазов]]>

„Драга 2023-та, те молам без лажни луѓе“: Антониа Гиговска си даде ветување дека годинава внимателно ќе го одбира нејзиното опкружување (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/draga-2023-ta-te-molam-bez-lazni-lugje-antonia-gigovska-si-dade-vetuvanje-deka-godinava-vnimatelno-kje-go-odbira-nejzinoto-opkruzuvanje-foto/ Mon, 09 Jan 2023 08:41:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283095

Младата македонската поп пејачка Антониа Гиговска во годината што замина беше полна со енергија и постојано нешто правеше и на приватен и работен план. Таа доста беше застапена во медиумите и на социјалните мрежи, па јавноста лесно  дознаваше за нејзината кариера која се движи во нагорна линија, но и за сето она што и се случуваше во нејзиниот бурен приватен живот. Но, очигледно, не било се' така розово и не била баш максимално задоволна, па затоа во новата година пејачката си посака и ја замоли да има покрај неа само вистински пријатели. Антониа одлучи дека со стартот на Новата ќе промени некои работи во нејзиниот живот и внимателно ќе го одбира нејзиното опкружување. „Драга 2023 без лажни луѓе“  - гласи објавата на Гиговска која се согласи со овој статус и го сподели на нејзиниот Инстаграм профил. Таа  си посака вистински пријатели кои нема да бидат љубоморни на нејзиниот успех, туку заедно ќе се радуваат како да е нивни личен, или можеби некои кои ќе ја поттикнат да работи на остварување на нејзините цели и ќе и помогнат во остварување на нејзините соништа. Антониа во старата година стави точка на нејзината љубовна приказна со вокалот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, но во желбата што си ја посака не објасни дали можеби кога мислеше на лажните луѓе, во нив го вклучува и нејзиното поранешното момче? Дали со оваа објава си го посака за себе вистинскиот или само да внимава во нејзина близина да не ја кочат „фејк“ луѓе кои ќе и глумат пријатели? Талентираната пејачка сега целосно е насочена кон музиката која е нејзината главна преокупација, но луѓето кои се покрај неа се важен дел за да ја оствари целта и успехот да биде загарантиран. Фото: Принтскрин Инстаграм/antoniagigovskaa
]]>

Колку пати се заљубуваме пред да ја најдеме вистинската љубов? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-pati-se-zaljubuvame-pred-da-ja-najdeme-vistinskata-ljubov/ Tue, 25 Oct 2022 13:30:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272803

Во животот имаме три големи љубови, а секоја од нив има одредена улога, тврдат психолозите. Во првата љубов гледате сѐ низ „розови очила“. Втората љубов е драма од која излегуваме со скршено срце. Многу луѓе сакаат да им се случи(ла) романичната љубовна приказна – да ја запознаат љубовта на својот живот во средношколските денови и да го поминат целиот живот со таа личност. Тоа секако звучи романтично, но не е дефиниција една и вистинска љубов. Првите две љубови во животот ни се случуваат за да видиме всушност, што не е љубов. Подобро кажано, да ни помогнат да се ослободиме од илузиите. Идеализирана љубов Кога прв пат се заљубуваме, тоа обично е рефлексија на нашата идеална слика за љубовта и партнерството. Од „вистинската љубов“ очекуваме страст и сингронизираност, романтика и заштитеност, авантури и доверба. Имаме конкретни барања и очекувања од себе си и од партнерот и ќе направиме сѐ за да ги исполниме. Меѓутоа, потајно чувствуваме несогласувања меѓу нашите соништа за совршената љубов и она што навистина е можно во реалноста. Поради тоа никогаш не можеме да се опуштиме и многу ни е важно мислењето на другите. Ако некој од опкружувањето каже нешто лошо за партнерот, се сомневаме во врската. Ако врската „пукне“, се збогуваме со две работи: нашата прва голема љубов и од еден идеал. И покрај тоа, повеќето луѓе имаа убави сеќавања од првата голема љубов, дека барем некогаш живееле во својот сон. Драматична љубов Кон втората голема љубов се поставуваме поинаку – знаеме дека во една врска ништо не е совршено, но сме одлучни да ја направиме што е можно посовршена. Честопати втората љубов е полна со страст, но и болка и драма. Во овие врски најчесто не ни е гајле што мислат другите за нашата врска, ги игнорираме советите и го следиме само нашиот внатрешен глас. Сѐ до денот кога сфаќаме дека тој глас не е секогаш во право. Она што е уште потешко од губењето на оваа љубов е што многу често губиме и верба во љубовта. Иако ни е скршено срцето и се чувствуваме исцрпено, токму после оваа љубов сме подготвени за љубов број три. Зрела љубов За третата љубов е типично што доаѓа кога најмалку ја очекуваме и тоа со некој со кој не сме се замислувале. По првата и втората љубов сме научиле дека не постои принцот на бел коњ/жената од соништата, а не ни сакаме некого да го претвориме во тоа. Едноставно, не бараме (бркаме!) никого повеќе. Многу често по драмата од втората голема љубов не веруваме толку во љубовта. Но, токму тоа нѐ прави отворени за онаа вистинската љубов и вистинската личност. За личноста која ни покажува дека не мора да биде совршена за да биде вистинската. Тоа е личност која ни мисли и ни прави добро, со која се чувствуваме добро и сме среќни. Таква љубов ги преживува сите напади, неволји и тешки времиња и не чувствуваме страв да се предадеме целосно. Извор: Кајгана.мк]]>

Александра Бурсаќ со години е сама – поранешното момче ја изневери со старлета па сè уште не го „фатила“ вистинскиот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-bursakj-so-godini-e-sama-poraneshnoto-momche-ja-izneveri-so-starleta-pa-se-ushte-ne-go-fatila-vistinskiot-foto/ Fri, 15 Jul 2022 09:40:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258789

Александра Бурсаќ искрено признава дека нема среќа во љубовта, но и дека и недостигаат интимни врски. Пејачката Александра Бурсаќ одамна е „сингл“ и  сè уште не се омажила, а исто така смета дека треба да биде поостра кон луѓето, но не и да гради кариера на скандали. Вели дека е љубезна и фина и дека ја чинело што не достигнала одредено ниво што го заслужува, па затоа не напредувала како некои нејзини колешки. "Ако треба да станам голема ѕвезда преку скандали, тогаш подобро не. Не сум таква и не можам да се  форсирам. Засега ми е добро. Мислам дека можам да направам големи хитови, а не скандали. “ изјави пејачката која сите се прашуваат кога ќе стапне на лудиот камен. „Сите ме прашуваат, тоа веќе е постојано прашање... Вистинска љубов не ми се случила и со години сум сама“, отворено признала таа, а исто така кажала дека и недостигаат и интимни врски. "Како не ми  фали! На емирот дури му реков дека нешто ми излезе на лицето, а тој ми кажува кој лек да го пијам. А јас велам: "Емир, знам што ми треба". Да не сфатат луѓето погрешно, но тоа и треба на секоја жена и на секој маж. Не само тоа, љубов, сè“, вели Александра, која нема недостиг од додворувачи. Не велам дека не ме бркаат мажи, но немаме ништо меѓусебно“, заклучила пејачката која неодамна уживала на Малдивите. Фото:Принтскрин/Инстаграм/bursacaleksandra_official]]>

Како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-nedostatokot-na-ljubov-sprema-sebesi-ve-sprechuva-da-ja-pronajdete-vistinskata-ljubov/ Thu, 25 Nov 2021 13:30:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228857

Кога не се сакате доволно себеси не можете да очекувате некој друг да ве сака, па оттука лесно може да дојде до раскинување на врската и уништување на секоја можност за љубов. Ако не можете да најдете љубов и се прашувате што не е во ред со вас – одговорот можеби лежи во тоа дека не се сакате доволно себеси. Во продолжение дознајте дали тоа важи и за вас преку следните ставови и однесувања.

1. Скептични сте кон луѓето кои јасно покажуваат интерес кон вас

Мислите дека тие веројатно сакаат само секс или нешто кријат што ќе излезе на површина по некое време. Тоа покажува дека се сомневате дека некој може да има искрени чувства кон вас.

2. Сè сфаќате лично

Ако некој ве осуди, се чувствувате виновни. Ако некој ве игнорира, исто така мислите дека е ваша вина. Ако на некој не му се допаѓате, повторно сметате дека за тоа сте виновни вие. Според вас, за туѓото негативно однесување кон вас сте виновни само вие и никој друг.

3. Претерано анализирате и барате каде сте згрешиле

Иако состанокот поминал добро, сепак детално ќе го анализирате секој момент сè додека не го најдете она што не било добро. Тоа нема да ги смени работите и ќе ве натера само да се чувствувате лошо.

4. Немате високо мислење за себеси

Сметате дека не сте убави и привлечни (сметате и дека не сте ни грди), но сигурни сте дека не се доволно добри за некој што ви се допаѓа, па затоа заклучувате дека нема смисла да се обидете.

5. Се чувствувате поразени

Чувствувате пораз кога ќе откриете дека поранешните партнери на личноста која ви се допаѓа изгледаат многу подобро од вас и оставаат подобар впечаток. Тоа ве прави потиштени и повлечени во себе, без можноста да се истакнете.

6. Се чувствувате ограничени

Чувствувате дека не можете да се изразите себеси. Не можете ни да замислите да привлечете некого ако му дозволите да види колку сте несигурни, па затоа се преправате дека сте среќни. Всушност, се преправате дека сте некој друг, а тоа е единственото нешто што ве спречува да го искажете вистинското „јас“.

7. Постојано размислувате за разочарувањата од претходните врски

Не можете да се помирите со лошите искуства од минатото, па затоа се плашите дека одново ќе ви се случат истите работи.

8. Секогаш сте загрижени за впечатокот што го оставате

Наместо да се фокусирате на комуникацијата со некој што ви е привлечен, вие се грижите дали сè е во ред со вас (фризурата, облеката итн.) и на тој начин ја пропуштате можноста да се опуштите и да уживате во флертувањето.

9. Праќањето пораки ви задава маки

Ако не ви одговори веднаш, претпоставувате дека нешто сте згрешиле, не се осмелувате први да контактирате некого затоа што верувате дека тоа би му било непријатно… Крајниот резултат е губење контакт со луѓе и повлекување во себе.

10. Ве привлекуваат погрешни типови

Потсвесно се саботирате себеси со тоа што се обидувате да им пристапите само на оние кои се недостапни, ладни и далечни бидејќи сметате дека не заслужувате ништо подобро.

11. Не умеете да прифатите комплимент

Ако некој ви каже нешто убаво или ве пофали, вие се срамите.

12. Не умеете да ги истакнете своите доблести

Во разговорот со другите речиси и никогаш не зборувате за вашиот личен успех и работите што сте ги постигнале во животот. Наместо тоа, избирате неутрални теми при што не дозволувате другата личност да види колку сте успешни.

13. Не верувате дека некогаш ќе ја пронајдете вистинската љубов

Ако продолжите да верувате дека засекогаш ќе бидете сами, најверојатно и тоа ќе се случи. Треба да најдете начин да ја зголемите самодовербата, да ги цените вашите вредности и да ја негувате мислата дека го заслужувате најдоброто. извор: кафепауза.мк]]>

Работи кои не се важни кога станува збор за вистинска љубов https://arhiva.vistina.com.mk/raboti-koi-ne-se-vazni-koga-stanuva-zbor-za-vistinska-ljubov/ Wed, 10 Nov 2021 14:30:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226781

Постојат работи кои се важни како вашата врска би се развила во еден здрав однос, а тоа воглавно се почитување, разбирање и искреност. Меѓутоа, постојат работи кои никако не се важни кога љубовта е во прашање, а за кои работи станува збор прочитајте во продолжение. 1. Годините не се важни за љубов. Како вели песната „Вистинската љубов години не брои“. Според тоа ако имате партнер кој е доста постар или помлад од вас опуштете се и уживајте. 2. Поранешните партнери и вашето минато кога е љубовта во прашање не се важни, затоа што сега сте среќни и треба овие моменти да ги искористите на најдобар можен начин. Кој ве прашува за минатото – Што било, поминало. 3. Многу работи можат да се купат со пари, но љубовта никако. Никој нема да ви гарантира дека ќе бидете среќни во врската ако вашиот партнер има многу пари. Понекогаш посиромашните луѓе се најсреќни. 4. За љубовта не е важно како сте се запознале, односно кој на кого прв му се приближил. Најважно е дека сте заедно и да уживате во заедничките моменти. 5. Немојте да се оптоварувате со туѓото мислење. Секој прво нека се погледне себе си, па тогаш нека ги озборува другите. 6. За љубовта не е важно дали вашиот партнер знае да ја испегла облеката или да направи ручек. Некако ќе се снајдете, а со текот на времето и ќе научите. Тоа се неважни работи во животот. 7. Ако излегувате на различни места тоа никако не би требало да се спречува во љубовта. Бидете сигурни дека после некое време ќе најдете место на кое ќе можете заедно да излегувате, а до тогаш секој со своето друштво на своето омилено место. извор: нетпрес]]>

Вистинска љубов или само заљубеност: Како можете да ја препознаете разликата? https://arhiva.vistina.com.mk/vistinska-ljubov-ili-samo-zaljubenost-kako-mozete-da-ja-prepoznaete-razlikata/ Wed, 29 Sep 2021 12:15:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221115

Да сакаш некого значи да ги прифатиш сите нивни маани Љубовта во последно време малку ја изгуби својата тежина. Го користиме тој збор лесно, можеби затоа што многумина ги мешаат заљубеностс и љубовта. Еве како да откриете дали се чувствувате за вубени или за заљубени. Обично кога ќе се в вубите мислите дека сте ја пронашле сродната душа, некој со кого можете да го поминете остатокот од животот. Вие навистина верувате дека ова е вистинската и единствена љубов, но честопати тоа е само љубовна врска што поминува брзо. Заљубувањето може да се дефинира како емоционална состојба која вклучува слепило, страст и опсесија со друга личност. Спротивно на тоа, љубовта бара посветеност, а кога сакате некого вложувате време и напор да ја негувате вашата врска. Не очекувате ништо за возврат од саканата личност. Да сакаме некого значи да се инвестираме за доброто на личноста што ја сакаме. Еве како може да се разликува љубов од заљубеност: Заљубувањето се заснова на илузија, а љубовта се заснова на реалност. Да сакаш некого значи да ги прифатиш сите негови маани. Заљубувањето често започнува од идеализирање на некоја личност и доведува до создавање на потполно лажна слика за него. Во состојба на занес, често не сте во можност да забележите нечии недостатоци и создавате илузија дека таа личност е решение за сите проблеми. Вљубеноста е емотивен „ролеркостер“, додека вистинската љубов е стабилна. Ако некогаш сте имале тајна симпатија, веројатно се сеќавате дека ѝ го анализиравте секој потег, поглед, коментар. Од друга страна, вистинската љубов нема да ве направи несигурни и нема да чувствувате потреба постојано да се докажувате. Љубовта вклучува длабока и внимателна посветеност, додека заљубеноста носи непромислена жртва. Кога сакате некого, подготвени сте да ја ставите неговата среќа над вашата – без причина. Од друга страна, заљубувањето обично е придружено со непотребна жртва. На пример, желбата да се запишете во истото училиште во кое оди некој во кој сте за вубен, честопати по цена на сопствената иднина – тоа во никој случај не е здраво и разумно. Заљубеноста обично е придружена со љубомора, додека љубовта е проткаена со доверба. Кога сте заљубени во некого, неподносливо е да гледате како таа личност се забавува, или флертува со некој друг. Убедени сте дека оваа личност ви припаѓа само вам и се чувствувате лошо кога не ви посветува доволно внимание. Вљубеноста се заснова на сегашноста, додека вистинската љубов расте со текот на времето. Заљубувањето обично се појавува ненадејно пред да имате можност да ја запознаете дотичната личност. Па, дали е љубов или заљубеност? Длабоко во себе, веројатно знаете дали навистина сакате некого или дали сте заљубени. Ако ова е нешто друго, би било добра идеја да промените некои детали во вашиот секојдневен живот за да го изгубите ова чувство. На пример, поминување повеќе време со пријателите или наоѓање хоби што ќе го привлече вашето внимание. Да се ​​биде заљубен е чувство кое сите го паметиме од младоста. Кога би можеле да се посоветуваме уште од тинејџерските денови, веројатно би рекле дека не треба да го трошиме времето на симпатии кои не ни ги враќаат истите емоции. извор: попара.мк]]>

Освен вистинската, постојат уште 4 видови љубов: За која од нив вреди да се борите? https://arhiva.vistina.com.mk/osven-vistinskata-postojat-ushte-4-vidovi-ljubov-za-koja-od-niv-vredi-da-se-borite/ Tue, 10 Dec 2019 14:11:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123167

Љубовта е бојно поле, но дали вреди да се борите за секоја љубов? Можеби не е секоја љубов вистинската, но тоа не значи дека не е чиста и вредна. Кога ќе одлучите да изградите иднина со некого и да воспоставите хармонија меѓу сите спротивности, тоа значи дека ви се случува вистинска љубов и дека сте ја сретнале вистинската личност. На таквиот однос треба многу да работите и да вложувате, но за таа љубов вреди да се борите. Погледнете какви други видови љубов постојат и дали вреди да се борите за нив.

Тешка љубов

Ова е строга љубов којашто ќе ве држи на земја и ќе бара да бидете одговорни. Партнерот ќе ве контролира и ќе одлучува какви треба да бидете. Понекогаш спротивната страна чувствува страв, но не заминува затоа што мисли дека тоа е љубов каква што ѝ е потребна и каква што заслужува. Во овој вид врска постои можност и двајцата партнери да станат најдобрата верзија од себе, но дали љубовта е тоа што можете да бидете или тоа што сте?

Љубов по секоја цена

Оваа љубов е оштетена, а тоа може да биде предизвикано од далечината, од околностите или од судбината. На таквиот однос треба многу да се работи. Сепак, постојат некои работи што не можете да ги поправите без разлика на тоа колку се обидувате да останете заедно. Дури и ако сметате дека тоа е вистинската љубов и ви се чини дека може да трае вечно, некои работи е подобро да ги пуштите.

Забранета љубов

Љубов што не може никогаш да се случи затоа што не ја дозволуваат универзумот и луѓето околу вас. Ова е љубов за којашто сте подготвени да го поместите универзумот и љубов за којашто копнеете, но таа нема да се оствари затоа што едноставно не ви е судено да бидете заедно.

Невозвратена љубов

Невозвратената љубов е стереотип за љубов во која едната личност ја сака другата, но не го кажува тоа затоа што знае дека другата личност ја почитува, но не ја сака на ист начин. Тоа е љубов што е неискажана и воздржана, љубов што боли и што значи. Личноста што сака, ја сака другата личност безусловно, но не е судено секој да засака секого.

Вистинска љубов

Вистинската љубов е толку реална што понекогаш ве плаши. Тоа не е љубов за која ќе изгорите, туку онаа што се случува ненадејно. Тоа е љубов во која има разбирање, доверба и трпение и нема очекувања, љубов што е подготвена да ви се случи и вие да ѝ се случите неа. Вистинската љубов не ви го отежнува животот, туку ве разбудува за да ви покаже дека не сте сонувале залудно. Љубовта не е страдање, горење и молчење и токму затоа заслужувате само вистинска љубов и само за неа вреди да се борите. извор: Кафепауза]]>

Вистинската љубов доаѓа само еднаш во животот, не ја пропуштајте https://arhiva.vistina.com.mk/vistinskata-ljubov-doagja-samo-ednash-vo-zivotot-ne-ja-propushtajte/ Tue, 19 Feb 2019 13:40:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73639

Само еднаш во животот, и никогаш повеќе. Среќаваме личност која ни го освојува срцето од првиот момент, со која сите нешта се лесни и едноставни и со која среќата никогаш не нѐ напушта. Некои луѓе не ја ни препознаваат ваквата љубов, за други пак доаѓа но не знаат да ја чуваат. Трети, тие се оние најсреќните и најретките – тие живеат со неа до крајот на животот. За нив, секој ден срцето чука посилно поради таквата љубов, само поради една личност. Со таа личност споделуваме работи кои не сме ги споделиле со никого. Ги споделуваме соништата и надежите за иднината. Кога нешто убаво ќе ни се случи, тие се првите на кои сакаме да им се јавиме. Тие се луѓе кои никогаш не би нѐ повредиле, барем не намерно. Наместо тоа, тие се оние кои ни даваат сила да продолжиме, кои ни даваат поддршка и нѐ охрабруваат да веруваме во себе. Тие луѓе се нашето најголемо богатство кое често не ни знаеме да го цениме. Со нив, не постои ниту љубомора, ниту пак притисок, ниту нервоза. Се е мирно и лесно како река која тече кон некоја своја цел. Ако ја најдете оваа љубов, ако ја препознаете – никогаш не ја пуштајте да си отиде. Таа е најголемата љубов која ќе ја имате. извор: курир.мк]]>

20 правила за вистинска љубов: Секогаш избирајте љубов! https://arhiva.vistina.com.mk/20-pravila-za-vistinska-ljubov-sekogash-izbirajte-ljubov/ Fri, 23 Nov 2018 14:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59485

Психологот Џералд Роџерс напишал отворено писмо откако поминал низ тежок развод. Останал без жената со која 16 години бил во брак, а тоа можеби и не би се случило доколку некој му ги кажал овие работи кои денес тој ги споделува со нас. 1. Никогаш не престанувај да ѝ се додворуваш. Никогаш не престанувај да излегуваш со неа на состаноци. Никогаш немој да ја сфаќаш здраво за готово. Кога си ја прашал дали ќе омажи за тебе, ти си ѝ ветил дека секогаш ќе го чуваш нејзиното срце. Тоа е највредното богатство кое некогаш ќе го имаш. Таа те одбрала тебе. Никогаш немој да го заборавиш тоа. 2. Заштити го своето срце. Баш како што си ѝ ветил дека ќе го штитиш нејзиното, мораш и своето подеднакво да го штитиш. Целосно сакај се самиот себеси и светот околу тебе, но зачувај и еден дел од срцето во кој никој нема да може да влезе освен твојата сопруга. Тој простор мора секогаш да ѝ припаѓа на неа. 3. Постојано заљубувај се во неа. Вие не сте истите луѓе кои сте биле пред да се венчате, ниту пак ќе бидете истите луѓе за 5 години од сега. Промените постојано се случуваат и затоа морате постојано да се избирате еден со друг. Таа не мора да остане со тебе и ако ти не водиш сметка за нејзиното срце, таа можеби ќе го подари на некој друг или едноставно ќе те избрка од своето. Секогаш бори се да ја освоиш нејзината љубов, исто како и кога си ѝ се додворувал. 4. Секогаш гледај го најдоброто во неа. Фокусирај се само на она што го сакаш. Она на коешто се концентрираш со тек на време ќе се прошири. Ако се фокусираш само на она што те нервира, ќе видиш само уште повеќе причини за нервирање. Ако се фокусираш на она што го сакаш, ќе ги гледаш само тие работи. Фокусирај се толку многу што нема да можеш да видиш ништо освен љубов и ќе сфатиш дека си најсреќниот човек на планетата. 5. Не е твоја работа да ја менуваш или да ја „поправаш“. Твоја работа е да ја сакаш баш онаква каква што е, без очекувања дека ќе се промени. Ако се промени, тогаш сакај го она во коешто се претворила. 6. Преземи одговорност за своите чувства. Ти си одговорен за пронаоѓање на сопствената среќа, а кога си среќен тоа ќе се префрли и во твојата врска и љубов. 7. Не ја обвинувај неа за своите сопствени фрустрации. Тоа се твои чувства и твоја одговорност. Кога ќе почувствуваш негативни чувства, добро размисли за тоа што е причината поради која си бесен и фрустриран. 8. Ако е тажна или изнервирана, не е твое да ѝ го поправиш расположението, туку да ја прегрнеш и да ѝ дадеш до знаење дека си покрај неа, дека ја разбираш, дека ти е важна и дека секогаш ќе бидеш столб на кој може да се потпре. Женскиот дух е полн со чувства и промени, а нејзините чувства одвреме-навреме ќе излегуваат на површина како бура, а ако ти останеш прибран и силен, таа ќе ти ја отвори својата душа. А кога тоа ќе се случи – НЕМОЈ ДА БЕГАШ. 9. Не се сфаќај себеси толку сериозно. Смеј се! И измамувај насмевка и на нејзиното лице! 10. Секој ден нека се чувствува сакано. Научи го нејзиниот љубовен јазик и што е она што прави таа да се чувствува посебно, ценето и убаво. 11. Биди присутен. Не ѝ го давај само своето време, туку и вниманието, љубовта и душата. 12. Обрни внимание на нејзината сексуална енергија. Воодушеви ја со својата мажествена енергија и допри до најдлабоките делови од нејзината душа. 13. Не биди идиот. А немој ни да се плашиш поради тоа што понекогаш ќе бидеш идиот. Ќе правиш грешки, а и таа ќе прави грешки – тоа е нормално. Само труди се да не правиш преголеми грешки и учи од оние грешки кои веќе си ги направил. Не треба да бидеш совршен, само треба да се потрудиш да не бидеш глупав. 14. Мора да ѝ оставиш простор. Понекогаш ќе ѝ биде потребно време и за себе, особено ако имате деца, за да не се изгуби себеси во целиот тој процес. 15. Биди ранлив. Не мора секогаш да бидеш прибран. Мораш понекогаш да ги споделуваш своите стравови и чувства и да признаеш кога ќе згрешиш. 16. Биди отворен. Ако сакаш да имаш доверба во врската, мораш со неа да споделуваш сѐ. Особено оние работи кои не сакаш да ги споделиш. Потребно е храброст за човек да сака во целост и целосно да го отвори своето срце. Но, ако те сака, мора да те сака во целост, баш онаков каков што си. Тоа е единствен начин да имаш вистинска љубов. 17. Растете заедно. Ако не работите на врската, врската ќе се скрши. Пронајдете заеднички цели, соништа и визии и растете заедно обидувајќи се да ги достигнете. 18. Не се грижи толку за пари. Не е лесно, но со заеднички напори може да изградите добар живот. Пронајдете ги вашите најсилни страни и двајцата движете се во иста насока. 19. Простувај. Простувај и фокусирај се на иднината, а не на она што било. Ако цело време се враќаш на грешките од минатото, тоа само ќе ве влече назад и ќе прави да стоите во место и нема да можете да напредувате. Простувањето е слобода. 20. Секогаш избирај љубов! СЕКОГАШ ИЗБИРАЈ ЉУБОВ! На крајот на краиштата, ова е единствениот совет кој навистина ти треба. Ако ова е принцип до кој секојдневно се држиш, вашата љубов ќе премине преку сите препреки.]]>