вистини за бракот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 08 Feb 2022 12:47:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вистини за бракот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Непријатни вистини за бракот кои погрешно ги сметате за проблем https://arhiva.vistina.com.mk/neprijatni-vistini-za-brakot-koi-pogreshno-gi-smetate-za-problem/ Tue, 08 Feb 2022 12:47:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238174

Има работи во бракот кои можеби ни изгледаат како проблем, но не се. Во секоја сериозна врска или брак, важно е партнерите да го прифатат фактот дека не постои совршен живот во кој нема да настанат барем најмали турбуленции. Важно е двете страни да го прифатат фактот дека живеат и го градат својот живот со човек кој има свои маани и недостатоци и дека не може секој момент да биде совршен. Покрај многуте убави моменти, неизбежни се и помалку убавите. Кавги, недоразбирања, повредени чувства... Сето ова ќе се случи во одреден момент, а наместо да се обидувате да ги избегнете, подобра опција е да го прифатите фактот дека дел од врската или бракот се и непријатните работи, кои можеби не секогаш се проблем. Подолу издвоивме пет непријатни вистини за бракот кои често се сметаат за проблем, иако можеби не се: 1. Понекогаш ви се чини дека го „одработувате“сексот како обврска Страста треба да се негува, но бурните животни навики и натрупаните распореди често водат до сѐ помалку простор за спонтаност, па сексот станува договорен, предвидлив и помалку романтичен. Сепак, можеби тоа не е проблемот што ќе ја прекине вашата врска. Важно е само да станете свесни за тој факт и да работите на тоа да ги направите работите поинтересни. Отворено комуницирајте и давајте приоритет на вашиот сексуален живот пред други работи за да ја одржите врската здрава. 2. Понекогаш ќе бидете блиску до тоа да го мразите партнерот Само луѓето што најмногу ги сакате можат толку многу да ви влезат под кожа што понекогаш ги мразите. Имајте на ум дека спротивното на љубовта не е всушност омразата, туку рамнодушноста. Во браковите и врските нормални се кавгите во кои ќе ви се чини дека ја мразите другата страна и треба да знаете дека конфликтите се природни, се случуваат, а начинот на кој ќе се справите со конфликтот ќе одреди дали вашата врска ќе расте или ќе падне. 3. Ќе ви се промени социјалниот живот Иако многу парови на почетокот на сериозна врска или брак велат дека новиот чекор нема да влијае на нивниот социјален живот, тоа едноставно не е возможно. Треба да разберете дека е важно вие и вашиот партнер да имате време само за себе во кое ќе го изградите односот. Иако е важно да го вклучите другиот во вашата дневна рутина, тоа не е секогаш здраво за бракот. 4. Ќе наидете и на нерешливи проблеми Не секој проблем во бракот е решлив и важно е тоа да се знае и препознае. Доколку сфатите дека постојано се враќате на расправија, можно е тоа да е еден од нерешливите проблеми. Важно е да ја препознаете разликата помеѓу решливите и нерешливите, бидејќи ќе треба да ги решавате нерешливите проблеми на друг начин. На пример, ако еден од вас е многу дружељубив, а другиот не, тоа нема да се промени. Ако некој е расеан, гневот поради работите што ги заборава нема да помогне. Добрата работа е што кога ќе престанете да се обидувате да го решите нерешливото и ќе почнете да работите на начини за менаџирање со тие работи, тие ќе престанат да прават проблеми. 5. Брачниот другар не е ти Можеби ви звучи смешно, но ова е важно сознание кое партнерите треба да го разберат, особено откако ќе згасне возбудата од почетокот на бракот. Бидејќи без разлика колку сте биле заслепени во романтичната фаза од врската и мислевте дека сте толку слични, во одреден момент ќе мора да се разбудите во суровата реалност каде што не сте се омажиле за себе. Во брак сте со личност која има свои мисли, чувства и мислења различни од вашите. Можеби не сите, но сигурно ќе се појават некои разлики. И тоа е во ред. Способноста да го почитуваме светот на нашиот партнер и обратно е клучна за успешна врска. Важно е да научите да ги сакате и да ги цените разликите бидејќи тие всушност ја прават вашата друга половина единствена. извор: кајгана]]>