високо потпетици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Dec 2023 18:52:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png високо потпетици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска не е баш (качена на) толку „јака штикла“: Пејачката се пофали дека ќе им отвори работа на адвокатите и лекарите, арно ама испадна дека работа ќе имаат само чевларите! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-ne-e-bash-kachena-na-tolku-jaka-shtikla-pejachkata-se-pofali-deka-ke-im-otvori-rabota-na-advokatite-i-lekarite-arno-ama-ispadna-deka-rabota-ke-imaat-samo-chevlarite-foto/ Fri, 08 Dec 2023 08:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303528

Марија Луиса Тодоровска „не е жива“ ако не и се случи некоја догодовштина. Динамиката на настапите и е секојдневна, па пејачката едвај постигнува да стигне секаде, а патем уште и на секој настап поразлично да изгледа. Естрадната професија тоа си го бара, па затоа Марија голем дел од заработката троши на гардероба, облека, обувки, накит и разни  акцесоари... И тоа не било која или било какви, туку строго брендирани парчиња, зашто сакпиот изглед отсекогаш ти ја кревал цената. Особено ако си таму горе, на сцената! А кога така дотерана и „скоцкана“ ќе се појави на бината, па уште кога ќе запее и заниша со колковите, замеша со карлицата и почне да врти со задницата втурнувајќи му  го бујното истурено деколте,  некому онака в лице... Е тогаш бакшишот сам излегува од џебот, па додека пее Марија колку повеќе заведува и провоцира, валутата се повеќе се мултиплицира... во нејзините раце или каде веќе. Свесна за тоа,   Марија Луиса и тоа како се подготвува за своите настапи. „Упицанета“ од глава до петици, во латекс комбинација и брендирани високи потпетици, сексапилната битолчанка со скопска адреса на престој и привремена работа, тргна во својата секојдневна акција - поход на бакшиш! Самоуверена до максимум, убедена дека оваа вечер ќе пружи таква забава што ќе им отвори работа на многумина... Најмногу на лекарите и адвокатите. Арно ама... Додека онака распеана и разиграна, вешто „им го молзеше бакшишот“ на расположените гости, среде „кеш жетва“ и самата стана „жртва“! Имено, само еден „погрешен чекор“ и скапите брендирани сандали се направија „партали“... Високата потпетица во која е интегрирано името и логото на самиот светски бренд, во еден момент се скрши, откачи, одлепи... сеедно! Ама на Марија Луиса воопшто не и беше сеедно, зашто мораше остатокот од вечерта да го „пее на прсти“, што е тешко изводливо или барем никако не е лесно! Се' на се', излезе дека  Марија Луиса Тодоровска не е баш (качена на) толку „јака штикла“. Пејачката се пофали дека ќе им отвори работа на адвокатите и лекарите, арно ама испадна дека работа ќе имаат само чевларите! Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska]]>

Ќерката на Ана Николиќ на високи потпетици уште на тригодишна возраст: „Крвта не е вода, ама… не дај Боже да е“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-ana-nikolikj-na-visoki-potpetici-ushte-na-trigodishna-vozrast-krvta-ne-e-voda-ama-ne-daj-boze-da-e-foto/ Fri, 09 Oct 2020 08:33:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170812

Ана Николиќ објави фотографија од нејзината ќерка Тара на Инстаграм, а многумина веднаш започнаа да ги коментираат постапките на пејачката. Имено, малечката обула високи потпетици од својата мајка, а многумина ја прекорија Ана дека се' уште не е време за тоа. Сепак, гордата мајка, целата среќна се пофали со фотографијата: „Крвта не е вода!“ - напишала Николиќ покрај фотографијата на која нејзината ќерка се држи за масата, по што следеа коментарите дека е прерано Тара да се качува на  „штикли“. Сепак, имаше и такви што оваа постапка иронично ја оправдаа, со зборовите: „Подобро да е метната на мајка и, отколку на татко и“ - асоцирајќи на Раста, кој неодамна беше уапсен заради поседување големо количество наркотици, а во моментот на неговото приведување малечката била кај него во домот.]]>