вишни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Feb 2024 12:12:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вишни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мек и сочен колач со вишни и гриз: Лесно се подготвува, а ќе го обожува целото семејство https://arhiva.vistina.com.mk/mek-i-sochen-kolach-so-vishni-i-griz-lesno-se-podgotvuva-a-ke-go-obozhuva-tseloto-semejstvo/ Tue, 13 Feb 2024 14:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304952

Овој колач од вишни брзо и лесно се подготвува, а потребни ви се едноставни состојки кои најчесто ги имате во кујната. Главните состојки покрај вишни се јогурт и гриз, што гарантира дека колачот ќе биде мек и сочен. Рецептот е идеален за периодот кога имаме свежи вишни на пазарот, но можете да го направите во било кое доба од годината со замрзнати вишни. Потребни состојки: - 5 јајца - 120 гр. шеќер - 200 мл. јогурт - 100 мл. масло за јадење - 200 гр. брашно - 150 гр. гриз - половина ќесичка прашок за печиво - 500 гр. измиени и исчистени вишни - шеќер во прав за посипување (по желба) Начин на подготовка: Белките изматете ги во цврст снег. Во жолчките додајте го шеќерот и матете додека не се соединат. Потоа, во жолчките додајте го маслото и јогуртот и кратко изматете со миксер. Во смесата додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и гризот и соединете. Потоа, додека мешате со шпатула додавајте го шлагот од белките. Намастете еден сад за печење и распоредете ја подготвената смеса во него, а одозгора ставете ги измиените и исчистени вишни. Колачот печете го во рерна загреана на 180 степени, 40 минути. По желба, пред сечењето посипете шеќер во прав одозгора. извор:точка.ком.мк]]>

Бисквит со вишни: Ќе го направите за минутка, а ќе го изедете уште побрзо https://arhiva.vistina.com.mk/biskvit-so-vishni-ke-go-napravite-za-minutka-a-ke-go-izedete-ushte-pobrzo/ Wed, 29 Nov 2023 13:12:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329167

Потребно е: 3 јајца 300 гр цреши 200 гр мелено семе од афион 2 чаши брашно 1,5 чаши шеќер 1 шолја јогурт 1/2 чаша масло 1 прашок за пециво Подготовка: Извадете ги семките од вишните и добро исцедете ги, а потоа посипете ги со малку брашно и измешајте. Изматете ги белките додека не се стегнат, додадете шеќер и матете додека не се растопи. Додадете ги жолчките една по една, постојано матејќи. Истурете масло и јогурт и измешајте. Додадете го измешаното брашно, афионот и прашокот за пециво. Се меша со лажица, се истура во намрсен плех и се пече во рерна загреана на 200 степени додека не биде полупечено. Потоа одозгора распоредете ги вишните и вратете ги во рерна додека колачот не добие златно-кафеава боја. Користете чепкалка за да проверите дали е печен внатре. Извор: Попара]]>

Пита со вишни и плазма е совршен спој на крцкави кори и сочен фил https://arhiva.vistina.com.mk/pita-so-vishni-i-plazma-e-sovrshen-spoj-na-krtskavi-kori-i-sochen-fil/ Mon, 24 Jul 2023 12:50:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311377

Состојки: 500 гр кора за пита 400 гр исчистени вишни 200 гр шеќер 150 гр мелени плазма бисквити 100 ml минерална вода 50 мл масло Подготовка: Измешајте масло и вода. Земете 3 кори. Намачкајте ја првата кора со две лажици од смесата со масло и вода, а на втората ставете една лажица. Одозгора се става третата кора, се посипува со плазма, се ставаат вишни, шеќер, па се наросува уште малку плазма. Свиткајте и ставете во тавче подмачкано со масло. Ќе добиете 4 ролни. Одозгора премачкајте ги со мешавина од масло и вода. Се печат околу половина час во рерна загреана на 200 степени. По желба изладената пита посипете ја со шеќер во прав. извор:курир.мк]]>

Рецепт за посна пита со афион и вишни – засладете се со едноставен десерт за кој не ви е потребно многу време https://arhiva.vistina.com.mk/retsept-za-posna-pita-so-afion-i-vishni-zasladete-se-so-ednostaven-desert-za-koj-ne-vi-e-potrebno-mnogu-vreme/ Wed, 29 Mar 2023 12:15:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295684

Пита со афион и вишни е многу убав десерт, а овојпат станува збор за рецепт којшто е идеален за во текот на велигденскиот пост и за оние кои постат. Има и оние кои сакаат да пробаат нешто поразлично и со помалку состојки. Овој рецепт едноставно се подготвува, за кратко време се подготвува (околу еден час) и состојки кои не се многу скапи. Состојки: – 500 грама мелен афион; – 500 грама кори за пита; – 300 грама вишни; – 300 грама шеќер; – Ванилин шеќер; – Вода; – Малку брашно. Подготовка: Во тенџере ставете го афионот, ванилиниот шеќер и додадете вода колку што треба за да се добие смеса како за палачинки. Ставете го тенџерето на оган за да проврие смесата. Не е потребно долго да се вари, само треба да почне да врие. Дното од тепсијата посипете го со брашно (или ставете хартија за печење), редете ги корите, секоја кора намачкајте ја со врелиот фил, а вишните ставајте ги на секоја втора или трета кора. Последната кора посипете ја малку со вода. Печете во рерна на 180 степени Целзиусови додека не порумени. Исечете ја питата на коцки, па послужете. На здравје! Извор: Курир]]>