виртуелно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Oct 2021 12:31:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png виртуелно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 12. издание на „Десонанз“ ќе се одржи виртуелно https://arhiva.vistina.com.mk/12-izdanie-na-desonanz-kje-se-odrzi-virtuelno/ Thu, 28 Oct 2021 12:31:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225087

Во октомври се навршуваат 13 години од постоењето на Десонанз Фестивал – еден од најпроминентните културни настани во Македонија. Заради пандемиските услови, фестивалот не се одржа минатата 2020 година. Овогодинешното 12-то по ред издание на Десонанз ќе се одржи виртуелно, согласно безбедносните мерки. Онлајн програмата ќе биде распоредена во два фестивалски денови, а фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика, соопшти организаторот. Преку јутјуб каналот на Десонанз Фестивал, на 29.10 и 30.10 премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на: Марко Рикалоски, Филип Митров и  Tears In Rain. Десонанз Фестивал е организиран благодарение на финансиската поддршка на Delegation of the European Union Skopje и Europe House Skopje. Институционален партнер на фестивалот е Кинотеката.]]>

Совети за сите оние кои го претпочитаат виртуелното додворување! https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-za-site-onie-koi-go-pretpochitaat-virtuelnoto-dodvoruvanje/ Sat, 17 Nov 2018 12:41:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58377

Времињата навистина се менуваат, колку и да не го сакаме тоа. Иако повеќето со одбивност гледаат на виртуелните и онлајн романси и додворувања, сепак тие стануваат се почест начин за остварување контакт и за флертување. Како што и во реалниот живот не може да се занемари првиот впечаток при запознавањето, така и во виртуелниот свет исходот многу зависи од тоа како ќе ја започнете комуникацијата. Една онлајн компанија за запознавање спровела анкета помеѓу илјадници корисници кои ги пронашле своите брачни сопружници на овој начин. Кога ќе влезете во профилот на девојката која ви се допаѓа, обрнете внимание на малите детали како филмовите што ги гледа и музиката што ја слуша. На овој начин ќе имате неколку различни теми со кои можете да започнете разговор. Кога ќе започнете разговор, секогаш почнувајте со тоа што ќе споменете нешто лично, како некоја серија или песна или пак пратете и линк поврзан со некоја од нејзините страсти и хобија. Овој пристап проаѓа затоа што покажува дека сте посветиле време на истражување на нејзиниот профил и дека сте ја избрале баш неа за да и го посветите своето внимание, а тоа секогаш е добро и за егото и убаво е човек да се почувствува малку поласкано. Од друга страна, анкетите покажале дека доколку сакате успех, треба да избегнувате да започнувате муабет со „Еј, што има?“. Исто така одбегнувајте комплименти кои се поврзани со изгледот, затоа што се непожелни и не делуваат искрено. Таквиот пристап се покажал успешен само кај 9% од испитаниците.]]>