вип арена борис трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 May 2018 10:30:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вип арена борис трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува годинашниот Саем на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-godinashniot-saem-na-knigata/ Thu, 03 May 2018 10:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24807

Промоции, дружења со автори, семинари и други настани ќе бидат дел од годинашното јубилејно 30-то издание на Саемот на книгата што почнува денес и ќе трае до 9 мај.
Саемот ќе се одржува во ВИП арена Борис Трајковски, го организира Скопски саем, а е под покровителство на Министерството за култура. Најавено е учество на околу 70 издавачки куќи од Македонија и од регионот: Србија, Црна Гора, Косово, Албанија. Покрај изложбено-продажниот дел, предвиден е посебен простор за т.н. Промотивен центар каде ќе се одвиваат настаните. Дел од програмата на Промотивниот центар е и доделувањето на наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) што е закажано за сабота, 5 мај во 18.00 часот, како и доделувањето на награди организирано од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ) што ќе биде во вторник, на 8 мај во 19.00 часот. Сите што ќе го посетат Саемот на книгата ќе можат да ги проследат промоциите кои ги организираат издавачките куќи на своите штандови, да ги видат сите нови наслови, но и да набават книги со големи саемски попусти до 70 отсто. За подобар пристап до Саемот, на барање на Скопски саем, ЈСП  воведе две нови автобуски линии од различни краеви на Скопје со број 100/1 и 200/1 кои ќе водат до ВИП Арена „Борис Трајковски”, а влезот за сите групни, организирани посети на ученици ќе биде бесплатен. Работното време на Саемот е од 10:00 до 20:00. Цената на редовната влезница изнесува 30 денари.
]]>

Време е за Балашевиќ во Скопје! https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-e-za-balashevikj-vo-skopje/ Tue, 03 Apr 2018 10:32:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19103

Големо задоволство ни е да ви најавиме дека по пауза од три години, човекот на кого навистина не му е потребна никаква реклама и човекот на кого навистина не му се потребни никакви артибути и суперлативи во најавата- Ѓорѓе Балашевиќ, доаѓа да одржи концерт за којшто сите знаеме дека ќе биде уникатен.

На 19ти мај, во 20 часот, ВИП Арената „Борис Трајковски“ како и секогаш ќе биде преполна со фановите на Џоле којшто тој ги нарекува „бистроооки“, не само од Македонија, туку и од цела поранешна Југославија, бидејќи има многу луѓе коишто го гледаат на сите негови концерти.

Во рамки на последната турнеја во која беа навистина во рекордно време распродадени сите арени во регионот: загребската, белградската, „Зетра“ во Сарајево, „Спенс“ во Нови сад и други, Авалон Продукција се потруди да го донесе Балашевиќ во Скопје, во веројатно најубавиот месец во годината, месец мај, со желба убавите денови во 2018 година да бидат помногубројни од просечните.

Балашевиќ во изминатиот период ја објави својата нова книга продолжение на „Календар мог детинства“, како и фантастичната нова песна „Дно дна“, која предизвика огромно внимание низ целиот регион.

Ѓорѓе Балашевиќ многу ретко, речиси дозирано одржува концерти и навистина ни е голема чест и задоволство што ќе го имаме и во јубилејната година на Авалон Продукција и во Скопје.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 15-ти февруари во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по следниве цени и категории:

700 денари ПАРТЕР (стоење)

900 денари ТРИБИНИ (блок 1 и 15)

1000 денари ТРИБИНИ (блок , 5, 6, 7, 9, 10 и 11)

1200 денари GOLDEN SEATS (блок 2, 4, 8, 12 и 14

Марија Шерифовиќ за првпат на концерт во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovikj-za-prvpat-na-koncert-vo-skopje/ Wed, 03 Jan 2018 12:18:48 +0000 http://vistina.mk/?p=8654

Единствената српска победничка на најголемиот музички настан – „Евровизија“, Марија Шерифовиќ одлучи да ги израдува сите свои обожаватели од Македонија и на 17 март 2018 година во ВИП арената „Борис Трајковски“ да одржи концерт за паметење! Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови како што се: „Молитва“, „Бол до лудила“, „Паметна и луда“, „Горка храброст“ и многу, многу други. Билетите за овој концерт, кој се оддржува за првпат кај нас, пуштени се во продажба  и истите може да се набават на сите продажни места на „Купи карти за сè“, „Пола Југотон“, „Југотон“, цвеќарница „Розе“ – Веро2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.]]>