виолончело – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jul 2021 12:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png виолончело – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трите македонски симфо-грации од „Тринити стрингс“ прашуваат – „Да или не?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trite-makedonski-simfo-gracii-od-triniti-strings-prashuvaat-da-ili-ne-video/ Wed, 07 Jul 2021 12:47:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210136

Македонското гудачко трио „Тринити стрингс“ деновиве ја објави својата нова, трета по ред песна со наслов: „Да или не“? Црни свечени тоалети во амбент како да се антички божици, Ирена Стојановска и Александра Мирсинова (виолина) и Марта Куч (виолончело и вокал) темата ја визуелизирале на една од најубавите локации во Македонија, античкиот локалитет „Хераклеа“ кај Битола. Автори на музиката и стиховите се Марта Куч и Ирена Стојановска, додека аранжманот се погрижил да го направи Иван Јованов - Ивајо. Налик на она што го свират девојките од „Бонд“ или Ванеса Меј, трите македонски убавици во нивната нова тема го синтетизирале модерниот звук со класичните инструменти, создавајќи своевиден микс на етно, техно поп и класика, но на специфичен начин, во амбиентален стил кој им дава сопствен печат, препознатливост и уникатна оригиналност. Кога на сето тоа ќе му се придодаде еротскиот набој кој го создава нивната сексапилна појава, сликата за творештвото на трите македонски симфо грации  аудио-визуелно го комплетира впечатокот, кој е доволно импресивен. Како видео продуцент и режисер на видеото кое одлично соодвествува со амбиентот на музиката сипреплетувајќи го аудиото и визуелното во една компактна целина, се јавува  Горан Симјановски. Проследете во продолжение како звучи и изгледа кога „Тринити стрингс“ прашуваат: „Да или не“? ]]>

Тијана по 15 години засвири на виолончело и прати силна порака: „Дигиталните (не)луѓе нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди“! (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-po-15-godini-zasviri-na-violonchelo-i-prati-silna-poraka-digitalnite-ne-lugje-neka-pronajdat-barem-edna-rabota-na-koja-kje-bidat-gordi-video/ Tue, 21 May 2019 07:02:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88883

Евровизиската еуфорија и коментарите околу истата, како и пласманот на Македонија и Тамара Тодевска, се уште не спласнува. Силните чувства на гордост, измешани емоции со солзи и радост, особено се присутни кај најблиските на пејачката Тамара Тодевска.
Нејзината сестра и музичар, Тијана Дапечвиќ, како на социјалните мрежи, така и во српските медиуми имаше многу да сподели со јавноста околу настапот и пласманот на сестра си и Македонија на Евровизија. Но, веројатно се почувствува недокажана, па на својот Инстаграм профил објави снимка на која по 15 години засвири на виолончело, а сигурно не случајно ја свиреше „Proud“. Сепак, главната поента не беше да се покаже како свири, туку имаше порака која им ја упати на сите кои имаа негативни коментари и прашања кон неа поврзани со Евровизија и Тамара.
 
Тијана , зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија???“, „Не пишувај така , подобро остани во Србија?“, „ Зошто не се вратиш во таа Македонија која веќе толку ја сакаш?“, „Дијаспората не издаде…“
Е сега јас вас нешто да ве прашам : Дали вие ја слушнавте таа песна? М? Дали навистина ја слушнавте или само онака ја претрчавте? Или не ни умеете повеќе да слушате , ни себе, ни некој друг. А сега да одговорам на вашите прашања: „Proud“ е она кога твојата сестра на 6 години гледа Евровизија и вели ” И јас ќе пеам тука”, иако појма нема ни кој е самата таа во моментот , а не пак што е Евровизија. „Proud“ е кога сме со месеци сите како на игли додека се одбира песна, фустан, настап и додека се исчистат сите добри намери од лоши идеи, за да на крајот се добие настап од кој времето застанува. „Proud“ е кога таа ќе дојде на сцена,а јас имам впечаток дека се дошло. И како да никој пред неа не бил тука. „Proud“ е кога камерата ќе прикаже полн кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако неколку секунди пред тоа не можев да дишам од трема. „Proud“ е кога после настапот почнуваат да стигнуваат овации од сите страни, позиви, пораки, солзи, смеење, навивање. „Proud“ е кога знаеш дека секогаш имаш на кој да се потпреш. „Proud“ е кога по 15 години го земам виолончелото и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, бидејќи сакам уште еднаш (на свој начин) да покажам дека сум горда на себе, Тамара, целиот свој народ (а тој е на многу места ширум розевите линии на атласот) и на сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа. А овие дигитални (не)луѓе ,нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди и се одеднаш ќе има поубава смисла.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

]]>