виолинистка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Nov 2022 09:51:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png виолинистка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Утринско кафе со поглед низ домот на Андријана Јаневска (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/utrinsko-kafe-so-pogled-niz-domot-na-andrijana-janevska-foto/ Tue, 01 Nov 2022 09:49:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273648

Велат дека секој најубаво се чувствува кога е дома, а кога просторот е уреден по мерак, тогаш тоа е вистинско уживање за секого. Андријана Јаневска со сопругот и двете синчиња живее во скопско Бардовци каде имаат куќа со двор кој е прекрасен парк со многу зеленило, цвеќиња и уникатна декорација од екстериерот. Како надвор, така и внатре, ќуќата на Андријата и сопругот Гино има посебен шмек, пред се поради пространоста и тоа што секој член од семејството може да ужива во комфорот. Пиењето кафе е ритуал речиси за секого, за едни најубаво е да го пијат во друштво, додека други сами. Андријана утрово ги поздрави своите следбеници со поглед кон нејзиниот дом пиејќи го првото кафе. Од глетката може да се види дека во домот на Андријана доминира едноставноста на рустиката. Па така, топлиот амбиент кој го дава дрвото и природната сончева светлина, резултираат со позитивна енергија која носи спокој. Без многу детали, еднставно и со шмек... На здравје кафе! фото:инсатргам/принтскрин/андријанајаневска]]>

Виртуозната руска виолинистка Алина Баева во четврток со свој настап во „Македонската филхармонија“ https://arhiva.vistina.com.mk/virtuoznata-ruska-violinistka-alina-baeva-vo-chetvrtok-so-svoj-nastap-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 26 Oct 2020 14:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173043

„Македонската филхармонија“ в четврток во 20 часот ќе одржи концерт на кој како солистка ќе настапи една од најдобрите виолинистки на светската музичка сцена – Алена Баева од Русија. Со оркестарот ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концерт за виолина и оркестар во де-мол, оп. 23 од Роберт Шуман и Симфонијата број 4 од Л.В.Бетовен. Концертот за виолина и оркестар во де-мол, оп.23 е единствениот што го напишал германскиот романтичар Роберт Шуман (1810 – 1856). Концертот останал неоткриен речиси 80 години откако бил создаден. Делото има три става и во него поеќе се чувствува класичниот манир на неговата подоцнежна музика сублимирана во „Рајнска симфонија“ отколку поетскиот и страстен стил во неговите рани дела. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Во моментот е уметнички директор на Московското филхармониско здружениево чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добропознатите културни центри во Новосибирск и во Санкт Петербург. Во изминатите години, бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Алена Баева брзо се етаблира како една од водечките виолинисти на својата генерација, со веќе завидна кариера зад себе и настапи со најдобрите светски оркестри и диригенти.]]>