виолетова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Dec 2020 13:09:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png виолетова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Идеи за празнично уредување на домот во прекрасни нијанси на „кралската“ боја https://arhiva.vistina.com.mk/idei-za-praznichno-ureduvanje-na-domot-vo-prekrasni-nijansi-na-kralskata-boja/ Thu, 10 Dec 2020 14:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180230

Обожавателите на виолетовата боја сега имаат уште една причина повеќе зошто да ја сакаат токму оваа боја. Кога станува збор за модата, токму виолетовата го зазеде престолот, како што ѝ доликува на бојата која со добра причина ја нарекуваат кралска. Од античко време неа ја носеле кралици и кралеви. Така и Кир Велики, персискиот крал од иранската династија Ахемениди и основач на Персиската империја, носел виолетова туника како дел од неговата официјална кралска униформа. Во феникискиот град Тир, кој денес е едно од најголемите пристаништа во Либан, се произведувала посебна виолетова боја за ткаенина која чинела колку суво злато, поради комплицираниот процес на производство. Затоа само богатите можеле да си ја дозволат, а тоа воглавно важело за припадниците на кралските семејства. Љубителите на овие нијанси не треба премногу да ги убедувате во тоа дека виолетовата боја е совршена и за празничното уредување на домот. Можеби не е вообичаен избор, со оглед на тоа дека во сезоната на празници класично доминираат црвената, златната и зелената боја, но таа и тоа како може да биде прекрасен додаток на божиќниот декор. Вилетовата боја е многу доминантна и ако сакате да ја искомбинирате со некои неутрални нијанси, најдобар избор е сребрената со која одлично се вклопува. Се разбира, правила всушност нема, бидејќи кога станува збор за украси за празници, не важи поговорката која вели 'колку помалку-толку подобро', па слободно може да ги мешате боите како што сакате. Прекрасна домашна декорација ќе биде и украсен венец со додавање на вилолетови монистри или панделка, а истото важи и за украсните аранжмани со виолетови свеќи. Ако не можете да најдете такви свеќи, едноставно изберете обични и искористете виолетови држачи за свеќи. извор:точка.ком.мк]]>

Зошто ниту едно национално знаме нема виолетова боја? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-nitu-edno-nacionalno-zname-nema-violetova-boja/ Wed, 19 Aug 2020 12:40:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164027

Виолетовата боја била премногу скапа до 1800-тите. Како резултат на тоа, често била поврзувана со моќ, власт и богатство. Дури и кралицата Елизабета I им забранила на сите да ја носат оваа боја, освен на блиските членови од семејството. Оваа боја била исклучително ценета, бидејќи била многу ретка. Оригиналната виолетова боја била добиена од мали морски полжави кои можат да се најдат само во областа на денешниот Либан. Не само што било тешко да се добие бојата, но биле потребни околу 10,000 морски полжави за да се направи еден грам виолетова боја. Затоа само богатите и кралските семејства можеле да си дозволат работи во виолетова боја. Освен ова, виолетовата боја претставувала духовност, па луѓето ги сметале за богови сите антички владетели што ја носеле. Според некои пресметки, 350 г виолетова боја чинеле купови злато. Оваа боја станала достапна околу 1856 година кога 18-годишниот хемичар Вилијам Хенри Перкин случајно направил синтетичка виолетова боја, додека се обидувал да направил лек против маларија. Од тој момент, започнало масовното производство на виолетова боја, па поради таа причина денес може да се пронајде само на некои знамиња создадени во 19-от век. Сепак, само две национални знамиња ја имаат виолетовата боја на нив. Станува збор за знамињата на Доминиканската Република и Никарагва. Како и да е, можеби ќе ја забележите и на некои знамиња чиишто држави го промениле знамето во последните години. извор:кафепауза.мк]]>