виолета томовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Apr 2023 12:28:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png виолета томовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ај Кју“ ја преработија во поп манир антологиската фолк балада на Виолета Томовска – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/296407-2/ Mon, 03 Apr 2023 12:25:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296407

Македонскиот бенд „Ај Кју“ кој по нивната евровизиска авантура живее и работи на релација Скопје - Лондон се реши на смел чекор да ја препеат антологиската песна „Молитва“ испеана од македонската  фолк пејачка, легендарната Виолета Томовска. Музиката и текстот се авторско дело на братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, додека аранжманот за оваа верзија го потпишува Роберт Билбилов, во чие студио Бојан и Марија и ја снимија песната. „Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на „Молитва“, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“ - рекоа Марија и Бојан од „Ај Кју“. Како звучи нивната преработка и поп верзија на антологиската „Молитва“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Државна награда за пејачките Весна Ѓиновска – Илкова и Виолета Томовска https://arhiva.vistina.com.mk/drzavna-nagrada-za-pejachkite-vesna-gjinovska-ilkova-i-violeta-tomovska/ Wed, 27 Nov 2019 13:00:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121023

Примадоната на Македонската опера и балет (МОБ) Весна Ѓиновска-Илкова и доајенката на македонската народна песна Виолета Томовска заедно со писателот Димитар Башевски, се добитници на високата државна награда “Св. Климент Охридски” во областа на културата и уметноста. Освен во областа на културата и уметноста наградата се доделува и во областа на воспитанието и образованието. За доделувањето на државната награда “Св.Климент Охридски” за 2019, како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија одлучил одборот на чело со академик Влада Урошевиќ. Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 8-ми декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието. Со добивањето на наградите пејачките се стекнуваат со право на национална пензија. Томовска според возраста ќе може веднаш да аплицира.]]>

Виолета Томовска доби награда за животно дело од родната Битола https://arhiva.vistina.com.mk/violeta-tomovska-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-rodnata-bitola/ Mon, 05 Nov 2018 07:06:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56320

Легендата на македонската народна песна, Виолета Томовска е годинашната добитничка на наградата за животно дело „4 ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Битола. Управниот одбор за доделување на оваа награда едногласно одлучи ова признание да го добие токму нивната славна сограѓанка, која годинава одбележува 58 години кариера. 73-годишната дива деновиве го доби истото признание и на јубилејното 25. издание на фолк-фестивалот „Филиграни“, кој се одржа минатата недела во Домот на АРМ.
Порано годинава, таа откри дека сè уште неуморно снима нови песни, а голема желба ѝ е да одржи уште еден голем концерт во Скопје или во родната Битола. „Би сакала уште еднаш на сцената да застанам со сите мои колеги, текстописци, композитори и да им се заблагодарам за сите прекрасни мигови и песни што ми ги подариле од срце, а јас ѝ ги подарив на мојата публика“ - изјави Томовска.  ]]>

Виолета Томовска: „Од мојата пензија не можам да организирам концерт“ https://arhiva.vistina.com.mk/violeta-tomovska-od-mojata-penzija-ne-mozam-da-organiziram-koncert/ Thu, 02 Aug 2018 08:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41277

Во рамките на манифестацијата „Илинденски денови“ која вчеравечер се одржа во градот на конзулите, Битола, во својот роден град настапи и фолк пејачката Виолета Томовска заедно со битолската група „Фонтана“. Како и совојата колешка Блага Петреска која пред неколку месеци изјави дека не е во ред што државата не организира ништо за имиња кои години зад себе имаат оставено многу за македонската музика, така сега и Виолета Томовска вели дека од својата пензија не може да си организира концерт. За порталот 7 дена.мк таа вели:
Имам снимено нови песни, но не сум ги промовирала. Чекам да се организира нешто поголемо, па тогаш. Ако се организира. Но, сепак, треба да се направи нешто и за нас пејачите што сме на зајдисонце. Јас не можам сама со мојата пензија да организирам концерт“, вели Томовска, која годинава слави 58 години кариера, додавајќи дека се надева дека за две години ќе успее да направи поголем концерт.
Но, да сме здрави и живи до тогаш. Важно е што ме држи грлото што ветувам дека ќе биде прекрасно. Ќе пеам многу песни, од староградски до новосоздадени“, заклучува таа.
]]>